Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
2Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
БалканСо оставката на премиерот целата влада на Србија е во оставка и технички мандат Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе неотповиклива оставка, изјави дека останува на функцијата се додека не се избере нов премиер, а дотогаш целата влада ќе биде во оставка и ќе работи во технички мандат.- Ќе ја работам својата работата додека не се избере нов претседател на владата. Во овој момент целата влада е во технички мандат, со оставката на премиерот „паѓа“ целиот кабинет, паѓа фигуративно, практично целата Влада е во оставка, рече тој. - Ќе ја вршиме работата професионално и одговорно додека не се избере нова влада или додека не се донесе некоја нова или поинаква политичка одлука, рече Вучевиќ на прес-конференција. Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе оставка на функцијата, изјави дека трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешницата на Железничката станица фрли огромна сенка врз сите достигнувања на владата и оти Србија од тој момент останала заглавена во таа несреќа. - Она што фрли голема сенка врз минатата година, но секако и врз мандатот на оваа влада, беше трагичниот настан во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, голема трагедија, рече Вучевиќ, потсетувајќи дека тогаш загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. И од тој момент Србија како да е заглавена во таа несреќа, додаде Вучевиќ. - За жал, уште еднаш видовме политички злоупотреби на оваа трагедија и обиди некој да ја капитализира катастрофата, некој политички да капитализира од загубата на човечки животи, рече Вучевиќ. Српскиот премиер денеска соопшти дека одлуката за оставка ја донел по синоќешните настани во Нови Сад кога беа нападнати студенти. Тој информира рече дека утрово имал долг и содржаен разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека Вучиќ ја прифатил неговата одлука и аргументите. Вучевиќ соопшти и дека и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка. - Мислам дека со тоа ја покажуваме одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни, рече Вучевиќ на вонредната прес-конференција во Владата на Србија. Тој истакна дека политичарите треба да прифатат одговорност и да покажат дека се подготвени да помогнат во намалувањето на тензиите во општеството. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓаниЗабраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Тагови: визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook