Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади
1Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади
2Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
КултураСо омажот „Драмски за Конески" завршува 55. театарски фестивал „Војдан Чернодрински"Со омажот „Драмски за Конески" за животот и делото на великанот на македонската литература и култура во чест на 100-годишнината од неговото раѓање, вечер во Прилеп ќе биде спуштена завесата на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодри Со омажот „Драмски за Конески" за животот и делото на великанот на македонската литература и култура во чест на 100-годишнината од неговото раѓање, вечер во Прилеп ќе биде спуштена завесата на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински". Омажот со првенците на Драмски театар е и во чест на наградените на годинашниов Фестивал, а најдобрите остварувања и најдобрата претстава фестивалското жири во состав на Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку,актер и театрологот од Србија, Александар Милосављевиќ, ќе ги соопшти денеска напладне. На програмата на фестивалот беа 13 претстави, помеѓу кои „Мој термин" на МНТ, „Вечера за глупаци" на театар „Комедија", „Глембаеви" на Прилепскиот театар, „Вообразен болен" на Кумановскиот, „Мојот маж" на Драмски театар, „Мурлин Мурло" на Албански театар, „И коњите ги убиваат, зар не?" на Битолскиот, „Страст и алчност" на Тетовскиот, „Едип коментари" на Штипскиот, „Славната Флоренс" на Турски театар, „Крик за љубов" на Охридскиот „Едвард раце ножици" на Театарот за деца и младинци и претставата на Велешкиот театар „Херои 04:33". Публиката не можеше да ја види само претставата на Кумановскиот театар која беше одложена поради болест на актер. Фестивалот понуди и промоции и трибина за Театарот во Ковид ситуација, проблемите и решенијата. Токму поради ковидот, Фестивалот лани не се одржа, а годинава е со протоколи и во друг термин. Од Фестивалот се надеваат дека в година оваа престижна манифестација ќе се одржи во редовниот термин во јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето младиПоминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта.Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема. Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула! Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар? Повеќе од еден месец граѓаните слушаа различни и контрадикторни изјави од власта. Мицкоски велеше дека водата е исправна за техничка употреба, Ангелов и Клековски потврдија дека има бактерии, а Тошковски правеше хиперхлорирање. Официјален извештај и целосна анализа за водата пред јавноста немаше. За катастрофата во Гостивар мора да има политичка и кривична одоговорност. Исто и за нападот врз младите активисти во Ново Село. Поминаа денови од нападот, а јавноста сè уште нема одговор кој ќе одговара. Поднесените кривични пријави на СДСМ се за сериозни кривични дела. Не може Обвинителството да молчи. 5 тони дрога поминаа преку граница и за тоа никој не одговараше. Филмски заплени на 100 тони марихуана, најави и јавни обинувања и на крај ништо. Бараме итно Обвинителството да постапи по кривичните пријави кои ги поднесе СДСМ. Итна постапка од обвинителот Савевски, доколку се вратил од екскурзијата, да утврди кој и врз основа на кои анализи денеска потпишал дека водата е безбедна. СДСМ нема да дозволи овие случаи да бидат ставени во фиока. За труењето во Гостивар мора да има одговорност. За нападот врз младите мора да има одговорност. За злоупотребата на полициски документи мора да има одговорност. Граѓаните не бараат здравици бараат одговорност! Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедностВладата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата. Од превземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието. Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори. Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%. По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус. Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд. Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој. Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрваПолицијата вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. - На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook