Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
ЗдравјеСо новородено бебе вежба во сала (видео)Оваа жена го привлече вниманието на јавноста, а еве што ѝ порачуваат другите мајкиИако повеќето се свесни за бенефитите што ги носи вежбањето, повеќето попрво ќе одлучат слободното време да го поминат на социјалните мрежи излежувајќи се дома, отколку да испешачат некој километар или да вежбаат и така да го подобрат своето психофизичко здравје. Бидејќи обврските со текот на годините и динамиката на живеење кај повеќето луѓе се зголемија, повеќето млади мајки денес, без разлика дали се во работен однос или не, тешко наоѓаат време да се посветат на своето здравје и изглед. Меѓутоа, за Шарнет Бетај грижата за сопственото здравје и грижата за децата се нејзин избор, па таа без проблем се справува со овие предизвици. Таа целосно се потпира на себеси и на своите капацитети, водејќи го со себе и новороденото бебе на тренинзи. Оваа инструкторка по јога која се грижи за својот изглед и здравје, по раѓањето на бебето, во ниту еден момент не ги променила своите навики. Многу луѓе што вежбаат можат да ја најдат оваа мајка во теретана како вежба на лента за трчање додека своето новороденче го чува во импровизирана кенгурска торба направена од марама. @charnetteb Im making a choice to give it my all because she deserves me at my best #postpartumweightloss #babywearing #babyatgym #blackmama #blackyogateacher #newmomworkout #12330workout @sollybaby ♬ original sound - Jesse J. Pedigo Посветеноста и добрата волја на оваа млада жена и мајка воодушеви и мотивираше многумина да ги постигнат своите цели без да наоѓаат изговори, иако имаше и такви кои коментираа дека бебето не е безбедно на тоа место. -Оваа мајка нема да дозволи ништо лошо да му се случи на нејзиното бебе... опуштете се. Бебето е безбедно и ужива да биде со мајката. - Би сакала да го правам ова со мојот син, но се чувствувам лудо... нема оправдување следниот пат. - Вашата теретана е супер штом го дозволува ова. -Ова функционира со новородено бебе, но не и со бебе над 6 месеци – беа некои од коментарите. Иако не се знае колку време мајката ќе го води своето бебе на вежбање, сигурно е дека во првите месеци од неговото раѓање таа целосно се грижи за него, не запоставувајќи ги старите навики и обврски и не барајќи помош од страна. Во други објави, Шарнет покажала како напредува нејзината бременост и како и во тој период била посветена на јогата и вежбањето. Покрај тоа, таа несебично сподели некои од нејзините трикови. Имено, во една од своите објави на барање од своите следбеници, таа покажа како со растеглива марама може да направите кенгурската торба во кое ќе го носите вашето бебе. Многу дами беа воодушевени од оваа техника и несебично споделените совети, велејќи дека сигурно ќе им бидат од голема корист.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
ЕвропаВидео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил самУнгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување. „Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар. Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно. Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – КрњевоГрадоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот. [✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатстваСо реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“. Новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, културните и јавните содржини на територијата на Општина Илинден. Посетителите имаат можност виртуелно да прошетаат низ населените места и да се запознаат со образовните установи, спортските терени, парковите, верските и културните објекти, како и со други значајни локации во општината. Визуелниот водич содржи околу 250 интерактивни 360° панорами, снимени од воздух, како и виртуелни прошетки низ повеќе објекти, овозможувајќи им на корисниците уникатно искуство и можност да ја запознаат Општина Илинден од каде било во светот. Во следниот период е предвидено дополнително проширување на содржините со вклучување на нови локации и објекти од сите населени места во општината. Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост и подобра презентација на општината пред пошироката јавност. Виртуелниот водич е достапен на следниот линк: www.macedoniafromabove.mk/ilinden/.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook