Со новите закони за основно и средно образование Владата ќе одлучува за спроведувањето на наставата

Пратениците ги донесоа новите закони за основно и средно образование, со кои се предвидува Владата да одлучува во однос на спроведувањето на наставата со оглед на ситуацијата создадена од пандемијата од Ковид-19.

Пратениците ги донесоа новите закони за основно и средно образование, со кои се предвидува Владата да одлучува во однос на спроведувањето на наставата со оглед на ситуацијата создадена од пандемијата од Ковид-19.

Измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование предвидуваат во услови на вонредни околности, учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што треба да одлучи Владата. Како вонредни околности, во законите, се наведуваат прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди. Одлуката на Владата може да се однесува на целата територија на Републиката или на нејзин дел.

– Се додава и нов став 5, кој уредува дека во услови на вонредни околности бројот на наставните денови во учебната година може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови, за што одлучува Владата. Ставот 6 станува став 9 и се регулира дека воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен во случај на настапување на вонредни околности (прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), зашто одлучува Владата која го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, но не помалку од 100 наставни денови, според скратени наставни програми, кои на предлог на Бирото, ги утврдува министерот, се наведува, меѓу другото, во образложението на измените на Законот за основно образование.

Исто така, се предвидува во услови на вонредни околности училиштата да организираат воннаставни активности за учениците поврзани со нивниот личен, социо-емоционален и психолошки развој. За учеството во овие воннаставни активности во вонредни околности се предвидува наставникот да води само евиденција за присуство на учениците, и не се издава додаток на сведителство.

Во основното училиште во услови на вонредни околности, кога наставата е организирана преку далечинско учење, може да се организира настава со физичко присуство на учениците. доколку се исполнети критериумите и условите согласно здравствените протоколи за соодветниот вид на училиште донесени од Владата согласно закон, епидемиолошката состојба на подрачјето на општината на која се наоѓа училиштето, бројот на учениците во паралелката и просторните и хигиенско санитарните услови во училиштето, на начин согласно членот 50 од овој закон.

Во средните училишта ќе може да се организира настава со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.

Во вакви околности, како што се предвидува, за времетраењето на часот и за максималната бројка на ученици во паралелките во основното и во средното образование, исто така, ќе одлучува Владата.

Имено, Комисијата за заразни болести не донела одлука дали во основните училишта ќе профункционира целодневен престој за децата кои физички ќе посетуваат настава. Таа очекува од Министерството за обрзование податоци за тоа колкав е бројот на децата, кои освен настава со физичко присуство, родителите ќе ги пријават за целодневен престој, па потоа ќе донесе одлука. /МИА

– Ова прашање не е сè уште решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користеле дневниот престој по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Министерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука, односно да препорачаме, вели за МИА д-р. Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември" вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор. Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер