Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните
Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
1Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните
2Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканСо новите владини мерки, од утре во Србија се очекуваат пониски цени за околу 20.000 производи Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле приходи од над 4,5 милијарди динари или околу 38 милиони евра, што значи дека сите трговски синџири ќе мора да ги применуваат, а некои од нив лани имале повеќе од една милијарда евра профит. Министерот за финансии на србија, Синиша Мали, изјави дека од утре, цените на 20.000 производи од 23 категории ќе бидат намалени на полиците на сите малопродажни синџири, како што е предвидено со уредбата на Владата за ограничување на маржите. „Очекуваме намалување на цената од 10-15-20 проценти во просек, во зависност од тоа колку била маржата на одреден производ претходно. Важно е да не станува збор само за неколку производи, туку за целиот асортиман на храна што сите ја купуваме секој ден“, рече Мали во интервју за весникот Курир. Тој изјави дека анализата утврдила дека цените на прехранбените производи, безалкохолните пијалоци и сличните производи во голема мера го диктираат нивото на инфлација и дека тоа мора да се ограничи. Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерката за трговија на Србија, Јагода Лазаревиќ, објавија дека морала да се дополнува Уредбата бидејќи одредени трговски синџири се обиделе да најдат начин да ги заобиколат новите правила. „Прерано почнаа со трикови. Мислат дека се доволно мудри за да ја измамат државата“, рече Вучиќ, коментирајќи ги реакциите на малопродажните синџири на ограничените маржи. Како што објасни Вучиќ, трговците барале од добавувачите да ги зголемат цените за 14 до 20 проценти пред да стапи во сила Уредбата, а разликата подоцна да ја вратат преку попусти. На тој начин, трговците би ја пресметале маржата на новата, вештачки зголемена цена и би ги избегнале потенцијалните загуби што можат да настанат поради Уредбата. Во исто време, на тој начин формално би ги исполниле барањата, но со иста заработка како и претходно. Попустот, патем, е попуст што добавувачите или производителите му го даваат на трговецот, најчесто при купување одредена количина стока. Вучиќ додаде дека трговците на мало им кажуваат на добавувачите дека ќе ја повлечат својата стока од полиците ако не го исполнат овој услов. Иако не прецизираше за кои пазари станува збор, тој ги замоли луѓето од „трите најголеми малопродажни синџири“ доколку се одговорни, „да не се обидуваат да ја поразат државата“ и „да не мислат дека се многу паметни, а ние сме многу глупави“. Вучиќ додаде дека на трговците им е дозволено да имаат маржа од 20 проценти, но сепак, според него, трговците сега сакаат да ги пресметуваат логистичките трошоци по стапка од 10 проценти. Тие логистички трошоци, патем, ги претставуваат сите трошоци направени при набавка на стоки, како што се транспорт или складирање во магацин. Министерката Лазаревиќ рече дека сите во Министерството „биле шокирани“ што на денот на усвојувањето на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одреден вид стока, некои трговски синџири „започнале со сериозен притисок врз своите добавувачи“, инсистирајќи на склучување анекс на договорот, за да направат одредени корекции, и тоа пред да стапи во сила Уредбата. Токму поради тие притисоци, е изменета и Уредбата. Како што објави Министерството за трговија по вонредната седница на Владата на Србија, промените го ограничија попустот за логистика и другите надоместоци. Така, Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одреден вид стока сега содржи одредби со кои се ограничува „логистичкиот рабат“ и „надоместокот за недостиг на стока и отпис на стока“ на три и еден процент, соодветно. Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одреден вид стока предвидува дека ограничувањето на маржите до максимум 20 проценти се однесува на околу 25 видови производи кои треба да имаат пониски цени во продавниците почнувајќи од утре. Станува збор за следниве производи: млеко, млечни производи јајца безалкохолни пијалоци кафе чај свежо овошје и зеленчук преработка на овошје и зеленчук леб и печива мешунки замрзнати производи свежо и преработено месо свежа и преработена риба солени кондиторски производи слатки кондиторски производи и житарки шеќер мед брашно тестенини масла и масти оцет ориз сол и зачини хемија за домаќинство хартија и кујнски производи лична хигиена и козметика храна за бебиња пелени Таа регулатива се однесува на сите малопродажни продавници кои во 2024 година оствариле вкупен деловен приход од повеќе од 4,5 милијарди динари или околу 38 милиони евра, освен за трговците во трговијата на местото на продажба во преносни продажни објекти. Лани, Делез Србија оствари приходи околу 1,4 милијарди евра, Идеа пазари околу 911 милиони евра, Универекспорт околу 355 милиони евра, Лидл околу 940 милиони евра...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи, оставајќи зад себе светски метрополи и технолошки лидери како Сингапур, Дубаи и Абу Даби. Што точно значи ова признание, колку се намалени жртвите на патиштата и како системот „Safe City“ ќе се шири низ целата држава, дознаваме од разговорот на колегата Дејан Трајкоски со министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски. Во видеото погледнете го целиот разговор со министерот Тошковски. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банкатаМинистерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка. „На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката. При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница. Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката. Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНово судско рочиште за случајот со Државна ЛотаријаСо испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра. Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари. Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето. Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната. Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook