Фатена е „црната вдовица“- ѝ украла 300.000 фунти на немоќна старица, па цела година уживала на Тенерифе
Девојчиња од Ирак поминале низ хорор- џихадисти ги купиле на пазар за робови и ги силувале, сега се осудени
1Фатена е „црната вдовица“- ѝ украла 300.000 фунти на немоќна старица, па цела година уживала на Тенерифе
2Девојчиња од Ирак поминале низ хорор- џихадисти ги купиле на пазар за робови и ги силувале, сега се осудени
3Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
ТехнологијаСо новиот хипервоз ќе се патува од Амстердам до Париз за само 90 минути (ВИДЕО)Патувањето низ Европа би можело да биде многу полесно и многу побрзо во следната деценија.Холандската компанија Хардт Хиперлоп објави дека компанијата наскоро би можела да изгради ниско-енергетски, супер брз воз кој би можел да ги превезува патниците од Париз до Амстердам за околу 90 минути, јави Лонли Планет. Според истражувањето на компанијата, новиот воз би можел да биде реалност веќе во 2028 година. Компанијата се фокусира на пет главни рути кои би можеле да го променат начинот на кој луѓето секојдневно патуваат. "Она што го прави толку уникатен е неговиот висок капацитет, ниската потрошувачка на енергија и големите брзини што навистина значително го намалуваат времето на патување. На пример, патувањето помеѓу Амстердам и Париз ќе трае само 90 минути", рече портпаролот на Хард Хиперлоп. Компанијата се фокусира на националните и меѓународните рути. Новиот воз не само што ќе ги поврзе Париз и Амстердам, туку ќе може да ги поврзе Амстердам со Гронинген и Хаг. На меѓународно ниво, возот е предвидено да го поврзе Амстердам со Дизелдорф и Франкфурт, а освен тоа и Париз. Стефан Марџс, директор на проектот Хард Хиперлоп, рече дека возот може да пристигне од Амстердам до Ајндховен за 15 минути, што изнесува сега околу 90 минути со автомобил. Патувањето од Амстердам до Дизелдорф, кое трае околу два и пол часа со автомобил, би можело да трае помалку од половина час. Компанијата верува дека тоа би можело драстично да го промени начинот на кој луѓето го гледаат својот дом и работниот век - што ќе им олесни на луѓето да одат на работа во Амстердам ако живеат во подостапни градови во близина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинНовинарка му кажува на Харисон Форд (84) дека „сè уште е згоден“ , неговата реакција е хитХарисон Форд на 13. јули го прослави својот 84. роденден, а по тој повод тимот на порталот Е! News повторно ја подели снимката од неговата реакција од претходен разговор со новинарите што насмеа многумина.Славниот актер одговара на прашања на новинари, а посебно внимание привлече една новинарка која без да се воздржи одлучи да му даде комплимент на славниот актер. „Сè уште мислам дека сте многу згоден“, му вели таа пред насобраните, предизвикувајќи смеа во просторијата. Уште позабавна е реакцијата на Харисон Форд. Актерот ја погледнува малку збунето, длабоко воздивнува и неколку моменти останува без зборови. Новинарката не застанува на тоа. „Сè уште изгледате одлично“, продолжува таа, а потоа го прашува како успева во тие години да се одржи во форма. Форд за момент станува сериозен, а потоа одговара во својот препознатлив стил, со хумор. „Имав среќа да бидам благословен со ова тело. Фала што забележавте“, вели актерот, повторно предизвикувајќи смеа пред насобраните лица. „Харисон Форд е легенда“ Снимката набргу стана вирална, а многумина на социјалните мрежи ја пофалија неговата смисла за хумор. „Изразот на лицето после комплиментот кажува сè“ – прокоментирал еден корисник. „Харисон Форд сè уште има неверојатна харизма“, додал друг. Многумина се согласија дека токму таа негова опуштеност и способност да се пошегува на сопствена сметка е причина што публиката го сака и после 50 години кариера. Тајната на неговата форма се крие во активниот живот Иако Фрод се пошегува, сепак зад неговата фигура стојат години дисциплина и активен живот. Актерот претходно откри дека редовно вежба, вози велосипед и игра тенис, а на тренинзите се фокусира на одржување на силата, подвижноста и кондицијата. Во своите 80-ти години, како што изјави во една прилика, целта не е да се изгледа како бодибилдер, туку да се остане силен и подвижен. Со помош на тренинг прилагоден на возраста тој работи на цело тело, а особено му е важно да ја одржи рамнотежата и да го намали ризикот од повреди. Форд говореше и за својата исхрана, која со текот на годините ја променил. Не консумира месо и млечни производи, туку се одлучил на исхрана богата со зеленчук и риба. Ваквиот начин на исхрана, со редовната физичка активност, му помогнал да ја задржи својата форма во текот на своите осумдесетти години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
БизарноКуче скокна на пулт и случајно предизвика пожар- семејната куќа целосно пеплосана (ВИДЕО)Семеен дом во американската држава Мериленд беше речиси целосно уништен откако едно од кучињата случајно вклучи тостер, предизвикувајќи пожар.Пожарникарите беа известени минатиот петок околу 17:30 часот кога загрижените соседи забележаа чад, објави „Унилад“. Загинати миленици Иако пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот за околу дваесет минути, веќе беше направена голема штета, а неколку миленици загинаа. Соседите успеаја да спасат две кучиња - Боа и Ади. Сепак, властите потврдија дека третото куче, Дакота, како и две мачки, загинаа во пожарот. Во времето на инцидентот, ниту еден од членовите на семејството не бил во семејниот дом. Надзорната камера сними сè Истражителите ја утврдија причината за пожарот откако анализираа директни докази. Според нивните наоди, едно од кучињата се качило на кујнскиот пулт и случајно го активирало тостерот. Потоа уредот запалил други предмети, предизвикувајќи ширење на пожарот. Целиот инцидент, како што подоцна се покажа, е снимен на надзорна камера. Кучето кое случајно го вклучило тостерот и го започнало низот драматични настани, поминало неповредено. Службениците проценуваат дека штетата на структурата на куќата е околу 150.000 долари, додека дополнителна штета од 50.000 долари е нанесена на содржината внатре.Тагови: куче пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВрвни мајстори четири месеци го правеле „Пехарот на победниците“ – изработен е од килибар (ФОТО)Најголемиот пехар од килибар во историјата на руското производство е направен во фабриката за килибар во Калининград, соопшти прес-службата на компанијата.„Пехарот на победниците“, создаден по повод 80-годишнината од Калининградската област, е висок повеќе од еден метар и тежи повеќе од 30 килограми. Сите делови се склопени рачно Направен е од редок вид балтички килибар, таканаречен пејзажен килибар, и ќе биде дел од музејската колекција на фабриката. 10 мајстори работеле на создавањето на предметот четири месеци, а сите делови биле склопени рачно. Пехарот е украсен со килибарни скулптури и две рачно насликани икони, од кои едната го прикажува Свети Ѓорѓи Победоносец, симбол на победата на доброто над злото, храброста и заштитата. Соборување на претходниот рекорд Компанијата вели дека делото го надминува претходниот рекорд - килибарната вазна „Изобилство“, изработена во 1954 година за Сесојузната земјоделска изложба во Москва, која била висока 105 сантиметри и тежела 10 килограми. Калининградскиот комбинат за килибар, дел од државната корпорација „Ростех“, е единствената компанија во светот која индустриски се занимава со екстракција и преработка на килибар. Компанијата управува со наоѓалиштето Приморское во регионот Калининград, каде што се наоѓаат околу 90 проценти од светските резерви на овој минерал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook