Со нов закон до подобра заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики - Канал 5

Со нов закон до подобра заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики

 На седницата на Владата е усвоена и информација да има и посебен закон за нефер трговски практики што претходно треба да се усогласи со Законот за трговија со што земјава прва во регионов ќе носи вакво законско решение.

Со нов закон до подобра заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики

Високо ниво на заштита на правата на потрошувачите и истовремено гарантирање на полесни услови за деловно работење, како и обрнување посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини, како и правата и обврските, предвидува новиот закон за заштита на потрошувачите што денеска го усвои Владата на предлог на Министерството за економија.

Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши, главната цел на политиката за заштита на потрошувачите е да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и да обезбеди сите граѓани да уживаат високи стандарди на заштита на потрошувачите, како и заштита на интересите на економските послабите учесници, односно ранливите категории на граѓани во деловните трансакции на пазарот. На седницата на Владата е усвоена и информација да има и посебен закон за нефер трговски практики што претходно треба да се усогласи со Законот за трговија со што земјава прва во регионов ќе носи вакво законско решение чија цел е потрошувачите да имаат повеќе можност да ги остваруваат нивните права, како и да не се дозволи да има нечесни практики во целиот синџир на трговијата.

– Како резултат на анализата на пазарот произлезе потребата за креирање на модерна законска рамка преку новиот закон за заштита на потрошувачите. Со овој закон од една страна се обезбедува високо ниво на заштита на правата на потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека законот е во согласност со европската регулатива.

Со законот, прецизира,се регулираат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, како и правата и обврските на надлежните органи.

– Со новото законско решение се овозможува подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативната на здруженијата за заштита на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови како можноста за колективно решавање на потрошувачките спорови во нашата држава, рече Бектеши.

Посебно внимание, како што кажа , се обрнува на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите за чие детектирање ќе биде задолжен Државниот пазарен инспекторат прeку редовните и вонредните контроли, но и при укажување од потрошувачите.

-Одредена трговска практика е нечесна доколку материјално го нарушува економскиот интерес и однесувањето на просечниот потрошувач во однос на производот посебно на оние кои се особено ранливи на засеганиот производ поради нивната ментална или физичка немоќ, возраст на начин предвидлив од трговецот, кога трговецот дава неточни информации за пазарните услови или за достапноста на стоката со намера да се наведе потрошувачот да ја набави стоката под услови што се понеповолни од вообичаените пазарни услови, појасни Бектеши.

Одредена трговска практика се смета за измамничка, пак, како што кажа, доколку содржи лажни информации и поради тоа е невистинита, го доведува во заблуда просечниот потрошувач дури и кога информациите фактички се точни, а во кој било од случаите предизвикува или е веројатно дека ќе предизвика просечниот потрошувач да донесе пазарна одлука што инаку не би ја донел.

-Одредена трговска практика се смета дека е агресивна доколку по пат на вознемирување, принуда, вклучувајќи и употреба на физичка сила или прекумерно влијание значително ги нарушува слободата на избор на просечниот потрошувач или неговото постапување во врска со стоката и на овој начин просечниот потрошувач го наведува или е веројатно дека ќе го наведе да донесе пазарна одлука што инаку не би ја донел, рече Бектеши.

Нагласи дека потрошувачите чии права се повредени со користење на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надоместок на штета која ја претрпеле, имаат право и на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, додека за трговците следат глоби, санкции и забрана за вршење на дејноста.

-Во зависност од големината на компанијата прекршоците и глобите се движат од 500 до 10.000 евра. Во делот на физичките лица или трговците поединци се помали глобите, но другите одредби важат за сите. Во делот на прекршочните санкции предвидена е и привремена забрана за вршење на дејност и тоа во траење од 3 месеци до 2 години од страна на надлежен суд за среден трговец и голем трговец и од 15 до 30 дена за микро и мал трговец од странана Комисијата за одлучување по прекршоци. На одговорните лица, пак, и кај правните лица е предвидена забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од 3 месеци до 1 година од страна на надлежен суд, а кај трговец поединец во траење од 15 до 30 дена од страна на Комисијата за одлучување по прекршок, истакна Бектеши./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. 

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога.

Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)

Друштвото на филмски работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, кој остави неизбришлив траг во македонската кинематографија.

ИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)

Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера.

Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од темелниците на познатата „Скопска анимирана школа“ во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“ и со децении го ткаеше својот талент во визуелната меморија на генерации. Соработувајќи со најголемите авторски и режисерски имиња, таа вдахна живот во повеќе од 20 анимирани остварувања, носејќи автентичност, прецизност и уметничка длабочина во секој кадар. Во својот децениски творечки опус, таа остави неизбришлив творечки печат соработувајќи како аниматор, фазер и цртач на повеќе култни анимирани остварувања, со што суштински го трасираше патот и го подигна уметничкиот стандард на македонската анимација.

За својот извонреден професионален ангажман, исклучителниот придонес и лојалноста кон филмската уметност, ДФРМ ја одликуваше Митровска со престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година, а нејзиниот животен опус беше крунисан и со признанието „Златен објектив“ (2023) доделено од Кинотеката на Македонија.

Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија

Премиерот  Мицкоски, во рамки на посетата на Соединетите Американски држави  се сретна со претставници на американската воена индустрија, како и со официјални претставници на американската администрација задолжени за оваа област.

Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија

„Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети“,напиша тој на Фејсбук. Претходно, Мицкоски оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау, на која присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, во чиј ресор спаѓаат и балканските држави. Премиерот објави видео од средбата со државниот секретар Марко Рубио, што според него претставува важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер