Со низа манифестации Србија го слави Денот на државноста - Канал 5

Со низа манифестации Србија го слави Денот на државноста

Денеска е Ден на српската државност во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога започнало Првото српско востание, а на истиот датум во 1835 година бил донесен првиот српски Устав.

Со низа манифестации Србија го слави Денот на државноста

Празникот ќе се одбележи со низа настани, а централната државна церемонија ќе се одржи во Орашац, а ќе ја води премиерот Ѓуро Мацут.

Во зградата на старото собрание во Крагуевац ќе се одржи Сретенска академија, бидејќи Денот на државноста на Србија паѓа на верски празник - Сретение.

Денот на државноста на Србија се слави на 15 и 16 февруари.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им го честиташе на сите граѓани - Денот на државноста.

„На Сретение, со гордост се сеќаваме на историските моменти во кои Србија ги постави темелите на својата слобода, уставност и државност. Овој голем празник нè потсетува на силата на единството и одговорноста што ја имаме да ја зачуваме стабилноста и да изградиме безбедна иднина за нашата земја. Им го честитам Националниот ден на сите граѓани на Република Србија. Нека Сретение ни биде поттик да продолжиме да работиме за силна, успешна и горда Србија“, се вели во честитката на претседателот објавена на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Според хроничарите, на 15 февруари 1804 година, востаниците предводени од Ѓорѓе Петровиќ-Караѓорѓе, на собир во Орашац, одлучиле да го започнат Првото српско востание.

Во следните неколку години, востаничката војска ги победила османлиските сили и ја ослободила речиси целата територија на Белградскиот пашалук, со што започнало создавањето на српската држава.

Во Крагуевац, исто така на 15 февруари, но 31 година подоцна, во 1835 година, бил донесен Сретенскиот устав, што според хроничарите бил еден од најдемократските устави од тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога..

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба.

-Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. Доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев..

Опозиската СДСМ преку соопштени ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар му се заканува на Париз: Наредена евакуација, 400 пожарникари на терен

Пожарникарите се борат со пожар од невидени размери што беснее во шумата Фонтенбло, југоисточно од Париз, што ги стави службите за итни случаи во состојба на готовност.

Огромен пожар му се заканува на Париз: Наредена евакуација, 400 пожарникари на терен

Во неделата, пожарот предизвика делумно затворање на автопатот А6, главниот пат во Франција што ги поврзува северниот и јужниот дел од земјата, и го наруши сообраќајот на клучните железнички линии. Парискиот регион останува под највисоко ниво на предупредување за топлотен бран.

„Овој исклучителен предел е зафатен од пламен; никогаш не сме виделе вакво нешто“, изјави тој за локалната телевизиска станица „ICI Paris Île-de-France“. Претставници на противпожарните служби изјавија дека може да поминат од неколку дена до неколку недели пред пожарот целосно да се стави под контрола, истакнувајќи дека тој е исклучително агресивен.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека се евакуирани околу 900 домаќинства, но дека досега не изгореле куќи и нема повредени лица. Тој додаде дека е во тек истрага за да се утврди причината за пожарот.

„Пожарот избувна на околу десет различни локации доцна вчера попладне, што може да укажува на тоа дека е предизвикан намерно. Нема да кажам ништо повеќе за тоа бидејќи истрагата е во тек“, рече Нуњез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани

Владеачкото мнозинство во парламентот го изгласа новиот владин кабинет. 

Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Мицкоски синоќа на крајот од расправата, непосредно пред гласањето на новиот, реконструиран владин кабинет, упати извинување за, како што рече, случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат.

Пратеничката група на СДСМ претходно ја напушти седницата и на вонредна прес-конференција рече дека премиерот и старо-новиот министер, Иван Стоилковиќ, за време на расправата ги навредиле пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Сепак, револтирани поради тоа што не го добија бараното извинување и од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз Демократската унија за интеграција и Алијансата за албанците ја напуштија седницата.

Веднаш по ова, пратениците гласаа за реконструираниот владин кабинет, а осумтемина нови министри добија поддршка од 69-те присутни пратеници, без гласови против и без воздржани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер