Со непотребен прекршок му скрши рака на кошаркар на Булси (ВИДЕО)

Кошаркарот на Чикаго Булс, Алекс Карузо, еден од клучните играчи во нивната ренесансна сезона како најдобар тим на истокот во НБА лигата, ќе отсуствува од шест до осум недели поради операција на раката.

Тој заработи фрактура на коската на зглобот по груб и неспортски прекршок на играчот на Милвоки, Грејсон Ален.

На натпреварот со Бакс и Булс во петокот, Карузо почна да забива, а Ален го запре со едната рака, со која го повлече за рака, а со другата уште повеќе го удри и целосно го исфрли од рамнотежа. При падот го повредил зглобот на десната рака.

Ален доби неспортска второстепена лична грешка и автоматски беше исклучен, додека Карузо продолжи да игра и покрај болките, но по мечот била констатирана сериозна повреда. Ален изгради репутација на подмолен играч со неспортски прекршоци додека се уште бил на Универзитетот Дјук, па со оглед на последниот инцидент, многумина се залагаат и за суспензија.

Карузо имал просек од 8,4 поени во својата прва сезона во Чикаго откако дојде од ЛА Лејкерс, но во голема мера е заслужен за нивниот дефанзивен напредок. Булси моментално се втори на Истокот со скор 28-16 и една победа помалку од водечкиот Бруклин.

СДСМ: Повисоки плати и пензии со заштеди од 200 милиони евра со ребалансот на Буџетот

Со ребалансот на Буџетот, утврден од страна на Владата предводена од СДСМ се кратат непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза.

Средствата ќе бидат наменети за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, за финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и поголеми субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.

Заштитата и унапредувањето на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.

И во време на светска економска криза минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а просечната плата се искачи на 31.080 денари што е реализација на клучното ветување за просечна плата од 500 евра.

За 15 отсто ќе се зголемат платите на вработените во образованието и детската заштита, а следува и раст на пензиите.

Максимално одговорно, посветено и ефикасно, СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард и во време на светска економска криза, обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Седум држави на АПЕК со барање до Русија неодложно да ги прекине воените дејствија во Украина

Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека се длабоко загрижени поради хуманитарната криза во Украина.

Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои во знак на протест поради рускиот напад врз Украина го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), ја повикаа Русија веднаш да ги прекине воените дејствија.

Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека се длабоко загрижени поради хуманитарната криза во Украина.

„Потврдувајќи ја важноста на меѓународниот поредок заснован врз правила, кој поддржува отворен, динамичен, отпорен и мирен азиско-тихоокеански регион, силно апелираме на Русија веднаш да прекине со употребата на сила и целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од Украина", се наведува во соопштението лиферувано од седумте држави.

Претставниците на некои земји го напуштија состанокот кога рускиот министер за економија Максим Решетников зборуваше на отворањето на дводневниот состанок во АПЕК во кој членува 21 држава. Делегациите на пет држави се вратија на состанокот по завршувањето на говорот на Решетников.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека владее тешка криза за граѓаните, службеници на Владата се луксузираат

Додека владее тешка криза за граѓаните, службеници на Владата се луксузираат под прикритие како новинари.

Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија, Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата.

Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.

Да потсетиме дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња.

Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер