ДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули, инфлација во однос на јуни 0,1 %
2ДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули, инфлација во однос на јуни 0,1 %
МакедонијаСо настап на Наум Петрески и Зуица Лазова свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“Одбележан патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ со пригодна свеченост и настап на музички гости.На централната манифестација која се одржа во комплексот на Домот на култура ,,Илинден” пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој во своето поздравно обраќање им го честита празникот на сите жители од општина Илинден. Градоначалникот истакна дека овој ден не е само потсетник на славната историја и борбата за слобода, туку и симбол на упорноста, одлучноста и заедништвото што не водат напред. Денес како заедница одбележуваме три децении од постоењето на нашата општина, но и визијата за иднината што заеднички ја градиме. -Резултатите од севкупниот развој на нашата општина им припаѓаат на сите граѓани, како чинители на локалната заедница. Од срце ви се заблагодарувам на сите вас кои ја давате несебичната поддршка во нашата заедничка борба за напредок и создавање на подобри услови за живот во Илинден. Воедно сакам да изразам голема благодарност до членовите на Советот на Општината, вработените во општинската администрација и јавните претпријатија, на бизнис секторот, граѓанските здруженија и сите оние кои се дел од нашето општинско ткиво, за несебичната преданост, посветеност и поддршка. Благодарност и до нашите просветни работници:наставници, воспитувачи и педагози кои со својата љубов и посветеност кон образованието создаваат нови генерации на млади и амбициозни луѓе што ќе ја водат иднината на Илинден, изјави градоначалникот Георгиевски. Градоначалникот додаде дека живееме во динамично време, со глобални промени кои бараат приспособливост, мудрост и решителност. Затоа, ншата мисија е Илинден да остане пример за општина која не мирува, туку создава, која не чека, туку делува! На настанот присуствуваа голем број граѓани од општината и пошироко кои уживаа слушајќи ги познатите хитови на великанот на македонската музика Наум Петрески и Зуица Лазова, како и преубавиот настап на АНПИ „Илинден“, КУД „Гоце Маркоски“ и хорот и играорците на Здружението на пензионери „Илинден“. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиењеИако анализите покажуваат подобрување, се уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење. Како што објаснуваат од локалниот кризен штаб, на секои 12 часа се земаат 7 различни мостри од повеќе локации низ градот, кои се испитуваат во три лаборатории. Предизвик останува и високото ниво на хлор по хиперхлорирањето, кое постепено се намалува за да ги достигне дозволените вредности. За водата повторно да биде прогласена за исправна, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов потсетува дека потребни се три последователни анализи со уредни резултати, а конечната одлука вели треба да ја соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. -Состојбата се подобрува, но водата се уште не е погодна за пиење и за готвење. Секојдневно се вршат анализи, се земаат примероци. Врз основа на тие анализи се носат одлуките, а крајната одлука дали водата е погодна за пиење, односно тргање на забраната треба да ја направи АХВ, која впрочем и ја изрече самата забрана,- Стојанче Ангелов – директор на ДЗС. Детали од последните резултати, засега не објавуваат од институциите вклучени во контролите, АХВ, Институтот за јавно здравје и ЈП „Водовод“. Министерот за здравство Сашко Клековски претходно најави дека целосната анализа за состојбата со водата во Гостивар се очекува да биде објавена околу 20 август. Во меѓувреме, продолжуваат и политичките обвинувања на темата. Од СДСМ велат дека институциите задоцниле со реакцијата и бараат одговорност и јавно објавување на резултатите од анализите. - Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа. Тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат,- Кети Штејрова – СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека опозицијата се обидува политички да профитира од случајот. -Наместо морализирање и ширење хистерија, талогот на СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми,- ВМРО-ДПМНЕ. Загадувањето на водата во Гостивар во моментов го истражува Јавното обвинителство. Одреден е притвор за директорката на Комуналец и двајца раководители, обвинителството ги сомничи дека сториле тешки дела против животната средина и природата кога поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале вода во градската мрежа. Освен Обвинителството, предмет по сопствена иницијатива отвори и Народниот правобранител. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЕкономијаДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули, инфлација во однос на јуни 0,1 % Инфлацијата продолжува да стивнинува.. во Јули измерен е просечен раст на трошоците за живот од 2,3 % во однос на истито месец лани– што преставува најниско ниво од почетокот на годинава, кај индексот на цени на мало пак е завбележано зголемување одСпоредбено со претходниот месец, инфлацијата во јули е 0,1%, а според статистичарите растот на трошоците на живот на месечно ниво главно се должи на повисоки цени за транспорт и тоа за 4,4%, зголемени трошоци за рекреација, спорт и култура за 2,6%, домување 0,9%, ресторани и сместување 0,7%, образование 0,3%, алкохолни пијалаци 0,1%... Граѓаните кои ги анкетиравме велат клучот лежи во домашното производство, со сегашните примања и според нив високите цени тешко се преживува. Инаку на пазарите кило домати се продава по цени од 50 па до 90 денари, околу 70 денари се кило пиперки и грозјето, лубеница може да се најде и за 10 денари кило... „За добриот и богат човек цените не прават проблем. А за оние што се со потенок џеб богами цените се скапи... Пензионерите ние по 20, 21 илјада пензија ако нема со нас некој да ни помогне цените се многу големи.“ „Малку скапо. Со овие примања тешко се е...“ „Скапо, не скапо, мора да се ајде. Со мерки не него инвестиција во земјоделието министерството за земјоделие треба да биде број еден.“ Од министерството за економија велат податоците на статиска покажаа дека ценовните движења остануваат стабилни без значителни шокови на пазарот, во моментов нема основ но доколку состојбата се промени и има неоправдани ценовни скокови како Влада сооодветно ќе реагираат. А на социјланите мрежи се огалси и министерката за финанисии, Кочоска вели денешните бројки се уште една потврда за добрите економски политики на Владата... „Забавување на растот на ценит ее забележано и на месечно ниво кај речиси сите категории, со исклучок на транспортот. Покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат и извозот, индустриското производство и вработеноста, што укажува дека економските политики даваат резултати. Тоа се потврдува и со растот на даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули.“ - Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии. Примањата остануваат ниски, граѓаните едвај преживуваат реагираа и денеска од опозициската СДСМ. Според партијата секој пат кога од Владата ќе кажаеле дека цените се намалуваат граѓаните плаќале повеќе. „Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата. Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе.“ -велат од партијата. Минатитот месец, намалување имаше кај минималната синдикална кошничка која ја пресметува ССМ. Според пресметките на синдикатот во јули за 108 денари беше забележано намалување во делот на храната и околу 50 денари поевтинел транспортот. Кошницата на синдикатот која се однесува на потребите на едно 4 члено семејство за претходниот месец изнесуваше нешто над 68 илјади денари. Тагови: инфлација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКој го убеди Родри да ја избере Барселона? Иако речиси беше договорено најкорисниот фудбалер од последното светско првенство, Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент. Иако речиси беше договорено најкорисниот фудбалер од последното светско првенство, Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент и практично го презеде капитенот на Шпанија од својот најголем ривал. Вчера, Родри ја извести управата на каталонскиот клуб дека сака да стане дел од тимот на Ханси Флик, со што би се исклучила каква било можност за трансфер во Реал Мадрид, пишува „Марка“. Флик лично стапил во контакт со играчот од средниот ред, како и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и спортскиот директор Деко, но шпанскиот фудбалер не донел одлука по разговорите со нив. Според шпанските новинари, Флик, Лапорта и Деко му ги претставиле своите планови на Родриго, но освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година пред да ја донесе конечната одлука се консултирал и со неговиот долгогодишен тренер големиот Пеп Гвардиола. Родри го прикажа својот најдобар фудбал под водство на Гвардиола во Сити, а конечната одлука ја донесе токму во разговор со него. Гвардиола, како легенда на Барселона, го советувал својот досегашен капитен да замине во Каталонија, а според последните информации извонредниот Родри го послушал својот пријател и тренер – како што тоа го правел и многупати претходно во кариерата .Тагови: Пеп Гвардиола Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04