Со настанот The Verse City / Diversity („Диверсити“) вечерва ќе заврши шестото издание на СПФ - Канал 5

Со настанот The Verse City / Diversity („Диверсити“) вечерва ќе заврши шестото издание на СПФ

Со поетското читање  THE VERSE CITY / DIVERSITY („Диверсити“) вечерва ќе заврши годинашниот Скопски поетски фестивал. 

Со настанот The Verse City / Diversity („Диверсити“) вечерва ќе заврши шестото издание на СПФ

Настанот ќе се одржи во културниот центар „Буква“, со почеток од 21:00 часот, а ќе настапат: Кристина Шпиранец (Хрватска), Гонџа Озмен (Турција), Хајри Хамадан (Палестина), Јоргос Писанис (Грција), Хелена Земљич (Словенија), Дијана Петкова, Светла Јакшиќ, Емељ Туна, Стефан Костовски, Ана Пејчинова, Дејан Трајкоски, Александра Јуруковска, Тони Попов, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Ангеловска и Ана Тодоровска (Македонија).

Претходно, на истата локација од 19:00 часот ќе се одржи промоцијата на „Ништо ново под сукњата на современоста“, избор песни од Барбара Делаќ (Црна Гора) и Марија Вујошевиќ (Црна Гора), во препев од црногорски на Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски, издание на „Култура Бета“, Скопје; а од 20:00 часот ќе биде промовирана и стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич (Словенија) во препев од словенечки на Драгана Евтимова, издание на „ПНВ Публикации“.

На фестивалот досега се претставија 60-ина поети од 9 земји.

Шестото издание на СПФ го овозможија Министерството за култура и туризам, Традуки и Град Скопје, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, „Буквa“, Хрватското друштво на писатели, односно фестивалот „Стихот во регионот“, Светскиот поетски фестивал Патра, Грција, „ПНВ Публикации“, „Култура Бета“ и хотел „Цара 1928“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Според два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп.

Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

Значителен пад

Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии.

Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно.

До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите.

Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга.

Постојани напади

Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена.

Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер