Со намален опфат со МРП вакцина се зголемува ризикот од појава на епидемија од мали сипаници - Канал 5

Со намален опфат со МРП вакцина се зголемува ризикот од појава на епидемија од мали сипаници

Над 80,5 отсто од заболените лица во епидемијата беа невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. 

Со намален опфат со МРП вакцина се зголемува ризикот од појава на епидемија од мали сипаници

Во услови на намален глобален опфат со МРП вакцина за прва доза, од 83 отсто и втора доза, од 74 проценти, што е далеку под опфат од 95 отсто, неопходен за постигнување на колективен имунитет, се зголемува ризикот од појава и проширување на епидемија од мали сипаници. Ова, меѓу другото, беше кажано на денешниот брифинг за новинари со здравствени работници.

Како што потсетуваат од Одделението за имунизација и вакцино - превентабилни заболувања при Институт за јавно здравје на земјава, последната епидемија на мали сипаници беше во 2019 година со вкупно 1.901 заболено лице.

- Над 80,5 отсто од заболените лица во епидемијата беа невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Епидемијата заврши како резултат на интензивната вакцинална кампања со МРП вакцинација, со која беа опфатени над 44.000 деца до 14 годишна возраст, како најефикасна противепидемиска мерка. Таа година, опфатот со МРП вакцина надмина 93 проценти и за прва, и за втора доза. Но, веќе следната година со почеток на Ковид-19 пандемијата, вакциналниот опфат се намалува на 63,0 отсто за прва доза и 68.5 проценти за втора доза. Следните две години се бележи скромно зголемување на кое достигна 70.7 отсто за прва доза и 89.2 проценти за втора доза, во 2022 година. Нискиот опфат последните две години доведува до зголемување на бројот на невакцинирано, осетливо население на мали сипаници, информираат од ова Одделение.

Свое обраќање има и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.

На брифингот се презентираат податоци за состојбата, опфатот и придобивките од МРП вакцинацијата во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецуела: Повеќе од 4.100 мртви од двата разорни земјотреси

Бројот на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела минатиот месец се искачи на 4.118, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.

Венецуела: Повеќе од 4.100 мртви од двата разорни земјотреси

Во земјотресите се повредени 16.740 лица, а 17.907 останаа без покрив над главата, што е непроменето од претходниот извештај, се вели во извештајот, објави Ројтерс.

Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени се случија на 24 јуни во интервал од 39 секунди, погодувајќи го главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира најтешко.

Откако се случија двата разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со послаба магнитуда, вклучувајќи еден со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)

Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи ветрови со сила на ураган, обилни врнежи од дожд и прекини во воздушниот сообраќај.

Тајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)

Кина издаде црвена тревога, највисоко ниво на тревога, додека се приближува тајфунот.

Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови, при што пет лица беа полесно повредени, соопштија локалните власти.

Според Јапонската метеоролошка агенција, тајфунот достигна брзина на ветерот до 144 километри на час над островот Мијако во Окинава, објави Кјодо.

„Џапан ерлајнс“ и „Ол Нипон ервејс“ ги откажаа летовите до и од Окинава, како и до регионот Амами во југозападната префектура Кагошима.

Кина издаде црвена тревога

Кина издаде највисоко ниво на тревога за дожд додека тајфунот Бави денес се приближува кон североисточниот дел од кинескиот регион Тајван, прекинувајќи ја работата и наставата во повеќето области.

Кинеската Национална опсерваторија издаде црвена тревога за дождовни бури, највисоко ниво во систем со четири нивоа, предупредувајќи дека обилни, па дури и екстремни врнежи од дожд би можеле да погодат неколку региони во земјата, објави Ксинхуа.

Се очекува тајфунот Бави да стигне до брегот на источна Кина во раните утрински часови во недела.

Обилни врнежи од дожд се прогнозираат за Жеџијанг, северен Фуџијан, североисточен Џангси, јужен Анхуи, како и делови од Пекинг и Хебеј во следните 24 часа.

Според прогнозите, акумулираните врнежи од дожд би можеле да достигнат од 250 до 500 милиметри во делови од источен и јужен Жеџијанг и северен Фуџијан, додека се очекува некои области во регионот Тајван во централна и северна Кина да добијат помеѓу 250 и 800 милиметри дожд.

Тајфунот Бави, деветтиот тајфун оваа година, рано утрово стигна до копното во регионот Тајван во североисточна Кина, предизвикувајќи откажувања на летови во Тајпеј и Тајчунг и прекини во работата и училиштата низ целиот остров.

Метеоролошкиот орган на регионот соопшти дека центарот на тајфунот е околу 360 километри југоисточно од Тајпеј и се движи кон северозапад со брзина од 27 километри на час.

Регионот пријавил обилни врнежи од дожд и ветрови, како и изолирани случаи на штети, вклучувајќи прекини на електричната енергија и лизгање на земјиштето.

Властите ги предупредија граѓаните да го избегнуваат брегот поради високите бранови, а се очекува врнежите од дожд на островот постепено да се намалуваат во недела.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Денес во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“, а потоа и на реконструираната улица „Кленоец“ во Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер