КултураСО на Македонска филхармонија: Да се најде друго просторно сместување за Џез оркестарот Да се најде друго просторно сместување на новоформираната институција Џез оркестар.Поради „нероден Петко“ Министерството за култура и направи „бесилка“ на Филхармонија Министерството за култура повторно излегува со соопштенија со кои продолжува да шири лаги и дезинформации во јавноста. Министерството за култура не работи на решение од минатата недела, туку се заложи дека ќе го реши проблемот уште на првата средба со министерката Бисера Стојчевска Костадиновска, пред месец и половина, откако беше донесена одлуката за новоформираната институција. Во првичната одлука за формирање на новата институција, испратена до медиумите, Министерството за култура информираше дека новата институција времено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија, но дека воедно ќе ја користи и сцената на Националната опера и балет. Го прашуваме Министерството за култура, зошто во елаборатот, покрај објектот на Филхармонија не е наведена и Националната Опера и Балет како одличен простор за работа? Токму тој аспект од елаборатот во кој како единствена опција за работа на Џез оркестарот е ставен објектот на Филхармонија сам по себе кажува каква била намерата на Министерството за култура. Ги потсетуваме, уште еднаш, иако кажавме безброј пати пати досега – бараме да се смени делот во образложението од одлуката во кој објектот на Филхармонија е наведен како „времено“ просторно сместување на Џез оркестарот и да и се најде друго просторно сместување на новата институција. Привремено сместување на втора институција под кровот на објектот на Филхармонија, како што веќе укажавме и ние, но и голем дел од стручната и пошироката јавност ќе направи повеќе штета, отколку корист. Очигледно на Министерството за култура не му значат ништо мислењата на еден Симон Трпчески, или пак на диригенти како Јерухам Шаровски (кој соработувал со славниот Лорин Мазел)... Ниту на многу други истакнати личности од стручната фела од Македонија и од странство кои им дадоа безрезервна подршка на филхармоничарите во нивната битка да си го зачуваат својот работен простор и втор дом. Истите тие експерти од различни сегменти во областа на музиката, Министерството за култура требаше да ги исконтактира кога го правеше елаборатот и донесе одлука за формирање на нова институција без никаква јавна расправа и дебата, туку зад затворени врати. Ова не е првпат Министерството за култура да ги обвинува вработените во најстарата културна институција во земјата дека лажат и од таму продолжуваат на ист начин како и досега да го рушат интегритетот и реномето на институцијата која треба да ја заштитат. Наместо да решаваат проблеми и да креираат здрава културна политика, тие на сметка на новородената институција, ја уништуваат традицијата макотрпно градена од генерации македонски музичари и творци. Поради "нероден Петко" како што ја нарекоа новата институција во последното соопштение до јавноста, Министерството за култура сака да и направи "бесилка" на Македонската филхармонија која следната година слави 80 години од формирањето и е една од најстарите институции во земјата. Со чување и унапредување на македонскиот јазик го чуваме нашиот дом и идентитет, а со грижа и заштитнички однос кон најзначајните институции од културата покажуваме висока свест и почит кон традицијата создавана со децении. Министерството за култура, за жал, со својот несериозен однос кон нашата институција го потврди токму спротивното. И на крај, оркестарот на Филхармонија многу често изведува дела од македонски композитори, тоа го знае јавноста, и нашата верна публика. Тој податок ќе и беше познат и на министерката за култура, доколку присуствуваше барем на некој од нашите концерти. СО Македонска филхармонија при СКРМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф. Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица. Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата. „Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф. Фото: ВИТагови: инцидент Сергеј Трифуновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“. Капацитет и технички спецификации Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено. Зелена енергија и глобална иницијатива Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање. Дэлхийн хамгийн том цогц хиймэл оюун ухааны тооцоолох хүчин чадлын байгууламж болох Улаанцав дахь “Envision Galaxy Campus” албан ёсоор ашиглалтад орсонд баяр хүргэе!⚙️ Тус төв нь 1 сая P хэмжээний тооцоолох хүчин чадалтай бөгөөд цахилгаан эрчим хүчээ шууд ногоон эрчим хүчээр… pic.twitter.com/Uu7V592qCO — Цао Ли 曹利 Cao Li (@ChnAmbMongolia) August 7, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСамо 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“. Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци. Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата. На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите. Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили. Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка. Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч. Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес. Извор: Б92Тагови: Lamborghini Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00