Со мотото „Враќање дома“ во Прилеп отворен 57 МТФ „Војдан Чернодрински“ - Канал 5

Со мотото „Враќање дома“ во Прилеп отворен 57 МТФ „Војдан Чернодрински“

МТФ „Војдан Чернодрински ќе трае до 16 јуни

Со мотото „Враќање дома“ во Прилеп отворен 57 МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото „Враќање дома“, со доделување на наградите за животно дело на актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски, синоќа пред платото на прилепскиот дом на културата „Марко Цепенков“ свечено беше отворен 57-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Веднаш потоа во големата сала од домот на културата публиката ја виде првата од 10-те претстави во официјалната конкуренција, претставата на велешкиот театар „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски.

- Мотото „Враќање дома“ има порака. Сакав на ова место, во прилеп, овие осум дена да се случува едно убаво чувство. да се вратиме сите дома, зашто театарот се случува тука, околу нас. А дома е најубаво, изјави уметничкиот директор на Фестивалот Ана Стојаноска која од пред платото на прилепскиот Дом на културата, на отворањето рече дека зборовите не секогаш ја имаат моќта да го покажат тоа што го чувствуваме во даден миг и затоа најчесто ѝ се обраќаме на уметноста.

На отворањето им беа доделени наградите за животно дело на доајените на македонското актерство Петар Темелковски и Петар Мирчевски. - Многу сум му благодарен на Фестивалот и на ова високо признание. Поддршката низ годините што ја има фестивалот го зајакнува. Фестивалот гордо и со големи чекори веќе патува во втората половина од своето столетие, изјави Темелковски.

- Прекрасно е чувството кога ќе се добие награда за животно дело. Посебно од Фестивалот. Сите претстави во кои играв ми се подеднакво драги, зашто мојот успех сум го споделувал со колегите од различни театри, во позитивна смисла сме се судриле со различни енергии и мислам дека тоа носи квалитет. А овде на публиката ѝ се поклонувам, рече актерот Мирчевски.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески порача дека во Прилеп секогаш има место за театарот и затоа со право велиме дека Фестивалот е бренд на градот.

- Со претставите кои што се пресек на актуелниот театарски миг ќе добиеме различни пораки, кои не се сомневам дека маестрално ќе ни ги пренесат годинашните учесници кои го создаваат драмското дело. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е насушна потреба и за Прилеп и за Република Македонија, бидејќи ја отсликува потребата од идентификација на културата и традицијата, рече Јовчески.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска извинувајќи се за неможноста да биде на отворањето на Фестивалот ги испрати своите размисли, прочитани на отворањето.

- Годинава сите се враќаме дома, во градот - театар. И, секогаш е пријатно кога сме свои на своето. Прилеп, македонскиот театарски центар и годинава ни ја покажува моќта на раскажување приказни преку театарската уметност. Фестивалот со гордост го носи името на основоположникот на македонската драма, познатиот драмски автор, актер и режисер Чернодрински, и е вистински симбол на традицијата во развојот на македонската култура и белег на препознатливост за нашите творци. Националната драматургија и националниот театар играат клучна улога во чувањето и промовирањето на македонскиот јазик, на македонското творештво и на културното наследство. Токму затоа, Министерството за култура, во соработка со Фестивалот „Војдан Чернодрински“, со цел збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори, отвори посебен конкурс за избор на три необјавени и непоставени македонски драмски текстови, беше порачано во говорот од министерката за култура Костадиновска Стојчевска, прочитан на отворањето на Фестивалот во Прилеп.

Денеска напладне во Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе се одржат првите „Разговори на тркалезната маса“ за синоќешната претстава на велешкиот театар „Нема струја за електричниот стол“, а вечер од 19:30 часот е втората претстава во конкуренција. Прилепскиот театар на матичната сцена ќе ја изведе претставата „Мистерија Буфо“ во режија на Андреј Цветаноски.

Во рамките на Фестивалот целиот ден има театарски настани. Од 10 часот во киното „Мис Стон“ е детската зона „Чернодрински за деца“, поддржана од фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, а од 17 часот се отвораат фестивалските зони.

МТФ „Војдан Чернодрински ќе трае до 16 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска сончево и топло време, со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

Денеска сончево и топло време, со температура до 37 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност. Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 5. септември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 5. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 5. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронашле змија меѓу лебот во супермаркет, експертите со предупредување: Луѓето не се свесни...

Бројот на напуштени влекачи и други егзотични домашни миленици во Велика Британија е во пораст, според организацијата за спасување животни „Pet Encounter“.

Пронашле змија меѓу лебот во супермаркет, експертите со предупредување: Луѓето не се свесни...

Експертите открија дека змија била пронајдена на полица за леб во супермаркет, а потоа била пренесена во ветеринарна клиника на преглед.

Сопствениците во финансиска криза

Не е познато дали змијата, со прекар „Трошка“, била напуштена или избегала, но „Pet Encounter“ вели дека кризата со трошоците за живот придонела за зголемување на бројот на сопственици кои предаваат змии за кои повеќе не можат да се грижат.

Организацијата спасила 21 змија од почетокот на годината, а 14 биле спасени во целата 2025 година.

Бен Николсон од организацијата истакнува дека грижата за змиите вклучува трошоци за опрема, грејни влошки и светилки, што е дополнителен финансиски товар во време на криза со трошоците за живот.

Недостаток на свест

„Бевме создадени за едукација, но сега размислуваме за промена на нашиот бизнис модел и за да станеме добротворна организација за да можеме да добиеме финансиска поддршка“, рече Николсон.

Тој рече дека недостатокот на свест за егзотичните животни и актуелните трендови, исто така, придонеле за зголемувањето на напуштањето на домашните миленици.

Николсон предупредува дека луѓето често купуваат змии без да бидат свесни за количината на грижа и внимание што му е потребна на таквото животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер