Мицкоски – Бројер: Унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на партнерството во рамки на НАТО
1Мицкоски – Бројер: Унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на партнерството во рамки на НАТО
КултураСо меѓународно поетско читање продолжува програмата на Струшки вечери на поезијатаСо меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот во петок (26 јуни) продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата.На прес-конференција ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026), „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026), и „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026). На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2025 до 01.05.2026 година. Манифестацијата ќе продолжи со поетско читање „Плејади“ и поетски портрети, како и меѓународно поетско читање „Кругови 2“ и „Ноќ без интерпункција“ со читање на поети застапени во антологијата приредена од Иван Џепароски - „Камен и земја“ и читање на поетите во конкуренција за наградата ЕНХАЛОН. НУМ Струшки вечери на поезијатаТагови: Струшки вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Разговор што го промени текот на полуфиналето!!На социјалните мрежи се појави видео од разговор меѓу капитенот на Аргентина Лионел Меси и асот на Англија Џуд Белингем, кој се одвиваше за време на полуфиналниот натпревар во Атланта.Читачите од усните го дешифрираа разговорот помеѓу Лео Меси и Џуд Белингам за време на натпреварот: Меси: „Не беше мој фаул... Тоа е првата одлука што отиде во наша корист.“ Белингам: „Не, не... Не беше фаул.“ Меси: „Тоа е првата одлука што отиде во наша корист.“ Белингам: „Не, не.“ Меси: „Што гледаш?“ Меси: „Добро, добро!“ Многу фанови веруваат дека реакцијата на капитенот на Аргентина по нивната расправија била клучна за пресвртот. I’ve seen thousands of Messi videos over the years, but nothing tops this 😂 pic.twitter.com/jM0KcD9MxU — Jacob C. Edmunds (@JacobCEdmunds) July 16, 2026 Осум минути по разговорот меѓу Меси и Белингем, Аргентина направи голем пресврт и со голови при крајот на натпреварот стигна до победа од 2:1 и пласман во финалето на Светското првенство. Иако е невозможно да се тврди дека токму овој разговор го решил натпреварот, сцената стана еден од најкоментираните моменти во полуфиналето и дополнително ја поттикна приказната за менталната сила на светските шампиони.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски – Бројер: Унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на партнерството во рамки на НАТОНа средбата со Бројер како што објави Мицкоски се разговарало за понатамошно унапредување на билатералната одбранбена соработка, зајакнувањето на партнерството во рамки на нато, како и за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа.Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со началникот на генералштабот на вооружените сили на СР Германија, Генерал Карстен Бројер, кој е во дводневна официјална посета на Македонија и македонската армија. На средбата со Бројер како што објави Мицкоски се разговарало за понатамошно унапредување на билатералната одбранбена соработка, зајакнувањето на партнерството во рамки на нато, како и за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа. Заеднички била потврдена определбата за продлабочување на соработката преку размена на искуства, заеднички активности и натамошен развој на капацитетите на вооружените сили, со цел јакнење на регионалната и евроатлантската безбедност – наведува Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБанов: Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери?Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери?Паркинзи на Општина Центар, под раководство на кадри од СДС, во 2024 отпишале вкупно 2 милиони и 221 илјада денари, долгови од физички лица, како и 912 илјади денари долгови од компании. Па наместо овие, вкупно преку 3 милиони денари, односно над 50.000 евра, пари на Центарци, да завршат во општинската каса, тие којзнае во чии џебови биле натуткани. Во ревизорскиот извештај за 2024, стои и информацијата дека за овие пари, требало да се наплати и данок на личен доход кон буџетот на државата од вкупно 247 илјади денари, пари на граѓаните. СДС, познати во јавноста по чантички и куферчиња со кеш, се под сомнение дека со години до коска ја соголуваат општина Центар и центарци или како што државниот завод за ревизија го нарекува, „ефект на нереално и необјективно презентирање на финансиските извештаи“. Се ова, со одлука на управниот одбор на ПОЦ, кој има име и презиме, односно: Александар Писинов, Дарко Конески, Никола Савовски, Оливер Тоновски, Маја Зрмановска и секако, најповиканите, директорот на паркинзи, Душко Коцевски и градоначалникот Горан Герасимовски. Ете овие луѓе, почитувани сограѓани, центарци, се расфрлаат со нашите пари, како да се нивни лични. Ги повикуваме итно да ги објават имињата на компаниите и луѓето од кои ги отпишале три-милионските долгови! Дали се тоа членови на СДС? Дали парите наместо кај центарци, завршиле на сметките на компании блиски до Зоран Заев и Венко Филипе?! Почитувани, Оваа огромна сума на пари ќе го решеше недостатокот на место во градинките во Центар, ќе се изградеа нови училишта, обновеа улици и тротоари, паркови, спортски сали, современи игралишта и еден куп други инфраструктурни проекти. Наместо тоа, СДС ја влече Општина Центар заедно со себе во сигурна пропаст. ПОЦ наместо да ги наплаќа парите кои им ги должат, а Центар со години тапка во место! Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08