Со маратонска трка од Велес до Лопушник почнува програмата на 59 Рацинови средби - Канал 5

Со маратонска трка од Велес до Лопушник почнува програмата на 59 Рацинови средби

– Делата на Коста Солев Рацин се бесмртни. Да го чуваме и негуваме неговото наследство, велат претствници на Општина Велес.

Со  маратонска трка од Велес до Лопушник почнува програмата на 59 Рацинови средби

Со положување цвеќе на споменикот посветен на великанот Коста Солев Рацин во велешката Гимназија што го носи неговото име, денеска претставници на Општина Велес ги испратија учесниците – ултра маратонци, а кои во наредните пет дена ќе поминат 175 километри до Лопушник, кичевско, местото на погибјето на Коста Рацин.

Со ова воедно Општина Велес ја започна богатата програма на годинашните Рацинови средби што ќе траат до 15 јуни.

Претставници на Општина Велес на Лопушник ќе ги пречекаат маратонците на 13 јуни, денот кога во 1943 година е загинат големиот македонски поет и револуционер, познат во светот со својата стихозбирка „Бели Мугри", преведена на сите светски и други јазици.

– Делата на Коста Солев Рацин се бесмртни. Да го чуваме и негуваме неговото наследство, велат претствници на Општина Велес.

В недела на 12 јуни во Велес ќе се одржи маратон низ велешките улици на пет и десет километри насловен „Трчаме за Рацин", што го организира АИК „Борец", во соработка со Општина Велес.

На најдобрите на маратонот ќе им бидат доделени и парични награди и признанија. За маратонот се пријавија над 300 учесници од Велес и други градови од земјава како и од соседна Србија. Во рамки на маратонот ќе има и детска трка, а по маратонот и забавна програма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

 Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе.

Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“.

Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“?

„Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци.

Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти.

За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

Македонскиот атлетичар Браја Авиа синоќа на Светското првенство во атлетика за младинци до 20 години постави нов државен рекорд во скок во далечина.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

На шампионатот во Орегон младиот Авиа предводен од тренерот професор Ѓорги Вучков со скок од 7,04 метри што е негов личен рекорд го освои 24 место во конкуренција на 30 скокачи од целиот свет.

Македонската атлетика доби уште едно историско достигнување!

Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер