Со максимален ефект до главната рунда од квалификациите за СП за македонската футсал репрезентација - Канал 5

Со максимален ефект до главната рунда од квалификациите за СП за македонската футсал репрезентација

 Футсал македонската репрезентација обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство, откако со максимален ефект го заврши претквалификацискиот турнир во Литванија.

Со максимален ефект до главната рунда од квалификациите за СП за македонската футсал репрезентација

Нашите футсал репрезентативци остварија три победи во три натпревари, потврдувајќи ја фаворитската улога и квалитетот на турнирот. Во последното коло, македонскиот национален тим ја совлада селекцијата на Литванија со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот погодок беше Бојан Јанев, кој погоди во 14. Минута.

Претходно, македонската репрезентација забележа убедлива победа над Турција со 6:3, како и триумф од 4:2 против Бугарија, со што го заокружи настапот со девет освоени бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Со средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката.

На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. 

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер