ЗабаваСо кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“Со познатите песни, кои се македонски и балкански евергрини претпладнево се крена фестивалското знаме, започна фестивалот „Макфест“.Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, Пајак и Лара (кои според публиката е насјлушаната песна „Бела“ во текот на годината), официјално го кренаа знамето на Макфест, кај хотелот „Оаза“ во Штип. Вечерва и утревечер во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се испеат вкупно 26 забавни песни, од кои публиката вечерва ќе слушне 13, а пет од нив ќе влезат во втората фестивалска вечер. Александар Арсовски, организатор на „Макфест“ од Општина Штип вели дека вечерва во ревијалниот дел ќе настапат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска. -На втората фестивалска вечер ќе имааме вкупно 18 композиции. Петте песни од првата фестивалска вечер ќе бидат избрани по пат на гласање од страна на публика во салата и од струлното жири кое ќе брои седум членови, вели Арсовски. Уметничкиот директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, Роберт Саздов вели дека годинава има одлични песни, а на сцената имаат и млади изведувачи, но и искусни кои веќе настапувале на фестивалот, а нивните песни се и хитови. -Имаме музика од сите жанрови, ќе биде одлично. Тоа ви го ветувам, ќе бидете сите пријатно изненадени. Навистина, јас и Јован Јованов ја направивме селекцијата, ги контактиравме пејачите и оваа година очекувам дека ќе го надминеме минатогодишното издание. Има една изрека „Следи го својот сон, а не конкуренцијата“. Така што, ние имаме одредена визија, вели Саздов. Песната „Бела“ во изведба на Пајак и Лара е најслушана во текот на годината, од кои само на еден канал имаат 27 милиони прегледи. Пајак и Лара на денешната прес-конференција истакнаа дека се горди што имаат хит и тоа на балканско ниво. -Навистина ни е огромна честа што ќе ја примиме наградата за најслушана песна. „Бела“ е песна којашто навистина стана хит во Македонија и пошироко на Балканот. Благодарни сме што цела Македонија ни беше поддршка, дека македонскиот јазик се слуша и надвор. Тоа е многу добро што со една песна ја проширивме нашата музика, велат Лара и Пајак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека годинава Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ чини околу шест милиони денари. Средствата се од буџетот на Општина Штип, но помагаат и општествено одговорни компании. -Втора година по ред и покрај тоа што не добиваме поддршка, како локална самоуправа од Министерството за култура, не дозволуваме овој фестивал да згасне, туку напротив, се трудиме да создадеме нови вредности, вели Јорданов. Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ почнува вечерва во 20:15 часот, директен пренос ќе има на МТВ, а водители оваа година се шармантните и забавни Маријана Стојановска и Димитар Атанасовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикиниЕкс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини. Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам. 39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела. Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook