СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
1СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
КултураСо концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија ќе ја отвори роденденската сезонаСо концерт насловен „Го славиме јубилејот“ во четврток ќе биде отворена роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На концертот како солист ќе настапи сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев. Како што посочи денеска на прес-конференција в.д. директорот на Македонската филхармонија, Александар Котевски, оваа година овој најстар музички колектив одбележува 80 години постоење. - Чест ми е и задоволство да бидам вршител на должноста на оваа концертна сезона, затоа што оваа година славиме 80 години како најстар музички колектив. Нашата концертна сезона е наречена „Одисеја“ и претставува музичко патување исполнето со многу музички предизвивици, авантури и многу концерти, рече Котевски. Тој најави дека оваа концертна сезона ќе настапат многу македонски солисти и диригенти, како и врвни светски гости. - Внимателно беше правена програмата за да бидат застапени сите инструменти. Сигурен сум дека оваа концертна сезона ќе го задржи вниманието и фокусот на нашата драга публика. Подготовките се во тек и сигурен сум дека ќе имаме реализација на одличен концерт. Акцент се става на изведба на премиерни нови македонски композиции. Сигурен сум дека македонската публика ќе ужива во нашите неповторливи концертни реализации на осмислената програма, додаде Котевски. Маестро Јерухам Шаровски на прес-конференцијата потсети на успешната турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. - Имам посебна поврзаност со овој оркестар, со кој работам од 2003 година. Ние имавме успешна турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. Имам одлична соработка со професионалците од оркестарот на Филхармонија, имаме посебна искра и енергија. Испланиравме убава програма за во иднина, со в.д директорот на Фихармонија Александар Котевски, се знаеме долги години. Го знам како професионалец, односно виолончелист во оркестарот на Македонската филхармонија и можам да кажам дека тој е многу посветен и амбициозен, со посебна искра во работата, рече маестро Шаровски. Потсети дека и во минатото соработувал со сопранистката Ана Дурловски, за која рече дека е еден од најголемите од оперски гласови. Сопранистката Ана Дурловски рече дека и е драго што ќе соработува со маестро Јерухам Шаровски и најави една специфична и интимна програма со музиката на Корнголд, која ќе биде прикажана на концертот. - Овој оркестар е во моето срце. Имам прекрасна соработка со колегите веќе години наназад, тука се моите почетоци. Првиот мој настап со оркестар беше всушност со Македонска филхармонија. Драго ми е што соработуваме со маестро Шаровски и се надевам дека нема да биде последна соработка. Ве уверувам дека ќе уживате во концертот. Се работи за специфична и интимна програма со музиката на Корнголд. Можеби најубавиот момент фатен во музиката „На смрттна разделба“ е една од композициите која ќе се изведе и ова е моето омилено парче во оперската литература. Ќе бидат изведени „Шест едноставни песни“ од Корнголд, но заради повисоките штимови во оркестарот, ќе се изведат четири од тие шест. Ќе биде изведена и песната на Мариета од операта „Мртвиот град“, од Корнголд, најави Дурловски. Премиерно, на концертот в четврток ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation). Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти. Новата сезона е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. На сцената, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија во новата роденденска сезона ќе продефилираат уникатни индивидуалци како пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева- Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија. И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очиМнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Во фокусот секако им се криминалните тендери. Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи. Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити. Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании. Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани. Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот. Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО. Криминална власт, криминални закони! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштваАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни. Агенција за храна и ветеринарствоТагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банкаФактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС. Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски. Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка. Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании. Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода. Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура. Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем. СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи. Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц. Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook