Со концерт на Танец, делчевскиот Центар за култура ја започнува богатата културна понуда - Канал 5

Со концерт на Танец, делчевскиот Центар за култура ја започнува богатата културна понуда

Со концерт на Ансамблот на народни песни и игри од Македонија „Танец", Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров" ја започнува богатата културна понуда која е предвидена за 2022 година. 

Со концерт на Танец, делчевскиот Центар за култура ја започнува богатата културна понуда

Концертот кој е закажан за в четврток, како што информираше директорот Методи Толевски ќе се одржи во делчевската киносала.

-Поради својот голем придонес во негувањето и презентирањето на македонскиот фолклор, културната понуда ја започнуваме со „Танец", што го нарекуваат „академија на македонскиот музички фолклор". Во шеесетгодишното презентирање на фолклорното творештво кај нас и во светот има настапено на над 4500 концерти и фестивали, што е повеќе од предизвик за делчевци в четврток да присуствуваат на нивниот концерт, истакна Толевски.

Билетите за концертот како што додаде можат да се набават во канцелариите на установата.

-Цената на билетот е симболична, бидејќи сè уште се на сила мерките на Владата, поради што ќе имаме ограничен број посетители, додаде директорот на културната установа.

Концертот на 10 март во Делчево ќе биде прв на Ансамблот Танец во рамки на овогодишната домашна и меѓународна концертна сезона, насловена „Печат на времето".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која што се разговараше за состојбата со производството на ориз. Филипче на средбата посочи дека е трагична сликата на терен - оризопроизводителите се оставени без никаква поддршка, оризот скапува по амбарите, а Владата со својата незаинтересираност го доведува во прашање опстанокот на една од најзначајните земјоделски гранки во државата.

Земјоделците производители на ориз на средбата алармираа дека големи количини на ориз од ланската година стојат по амбарите, бидејќи нема откуп. Филипче посочи дека земјодеците немаат никаква информација ниту за откупните цени, ниту за субвенциите за новата сезона.

„Има заостанати количини од минатата година. Само половина од произведениот ориз е откупен од минатата година, 50% седи по амбарите, никој не е заинтересиран да го откупи, глувци има по амбарите, што ризик да се прошират болести во овој регион. Дополнително на сите овие проблеми, нема никаква насока ниту најава за откупни цени или субвенции за оризот којшто се произведува оваа сезона“, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека дополнителен удар за оризопроизводителите се најавите дека откупната цена ќе биде ниска и недоволна да ги покрие ниту основните трошоци за производство.

„Најавите се дека откупната цена ќе биде многу ниска. Додека во времето на нашите влади откупната цена беше над 40 денари, сега е по 20 денари за килограм. Неколкукратно трошоците за производство ги надминуваат откупните цени. Дополнително, нема откуп и нема доволна количина која се откупува од оризот“, рече Филипче.

На средбата, Филипче нагласи дека поради негрижата на Владата на ВМРО, земјоделците ја губат довербата во институциите, а состојбата во оризопроизводството е директна последица на негрижата и неспособноста на власт.

„Трагична, трагична незаинтересираност на власта. Огромна разочараност има кај земјоделците. Губат верба во државата поради лошата Влада, гледаат дека во производството на ориз практично немаат никаква иднина и луѓето стравуваат дека целиот овој сектор практично може да се соочи со прашањето дали воопшто ќе функционира во следниот период, во капацитетот во кој што тука бил со децении. Од овие плодни полиња коишто ја хранеле Македонија, кои што биле извор на репроматеријали, ориз и сѐ друго што се произведува тука, кое се извезувало од нашата земја, а тие сега се соочени сега со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекото

Сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман.

Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекото

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај.

Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства.

На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, беше истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува значаен чекор кон стабилизирање на сточарското производство во регионот. Покрај ова, се разговараше и за откупната цена на млекото, исплатата на субвенциите, како и за други прашања што се важни за унапредување на условите за работа на сточарите.

„Решавањето на проблемот со откупот на млекото беше наш приоритет, бидејќи македонските сточари заслужуваат сигурен пласман и извесност за својот труд. Ќе продолжиме да работиме на создавање фер услови за производство, економска стабилност и политики што произлегуваат од директните разговори со луѓето на терен“ истакна Серафимовски.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи активно да се залага на решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, обезбедувајќи конкретни резултати и поддршка за домашното производство, со цел изградба на силен, конкурентен и одржлив аграр и сигурна иднина за македонските граѓани.

Центат за комуникции и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај

На 10.07.2026 на подрачје на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС за БПС при СВР Струмица реализираа превентивни активности во рамки на кампањата ,,Не користи мобилен телефон додека возиш".

Превентивни активности за безбеден сообраќај

На возачите им беше укажано за забраната за користење мобилни телефони согласно законот и ризикот од несакани последици при употреба на истите додека управуваат моторни возила.

Денеска (11.07.2026) полициски службеници од ПО за БПС при ОВР Кавадарци, во Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот - носи кацига“. Целта на активноста беше да се влијае на зголемување на сообраќајната култура кај возачите на мопеди и мотоцикли и да се подигне свеста за одговорно учество во сообраќајот преку почитување на сообраќајните правила и прописи. Посебен акцент беше ставен на обврската за носењето на кацига како за возачите така и за сопатниците, во насока на зголемување на личната безбедност. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Денеска (11.07.2026), на градскиот плоштад во Гостивар се одржа превентивно-едукативен настан посветен на безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот. Настанот беше организиран од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со Полициската станица од општа надлежност Гостивар и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, а по претходна иницијатива и известување од Мото клубот „GoBikers“ од Гостивар. Активноста е дел од Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. На настанот учествуваа околу 20 мотоциклисти од клубот „GoBikers“, кои на присутните граѓани им ја појаснуваа важноста на одговорното управување мотоцикл. Во рамките на активностите, во соработка со Црвениот крст – Гостивар, беше изведена симулациска вежба за укажување прва помош при сообраќајна незгода во која учествува мотоциклист. Целта на вежбата беше да се прикаже брзата и правилна реакција која спасува животи. Дополнително, волонтерите од Црвениот крст на посетителите им делеа вода за освежување.

Отсекот за превенција при СВР Тетово на плоштадот постави едукативен штанд под мотото „Секогаш носи кацига и заштити го животот“. На граѓаните и на учесниците во сообраќајот им беа делени летоци со наслов „Кацига или глава – Изборот е твој“, со кои се испраќаат клучните пораки за безбедност. Летоците се изработени во соработка помеѓу Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР на РСМ и Факултетот за безбедност – Скопје, со цел подигнување на сообраќајната свест и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер