По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ
1По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураСо концерт на Максим Венгеров завршува музичката програма на „Охридско лето“Музичката програма на годинашното јубилејно 55-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со вечерашниот концерт на рускиот виртуоз на виолината – маестро Максим Венгеров, во пијано придружба на ерменскиот уметник Ваг Папијан.Венгеров, инаку добитник на Греми наградата кој важи за еден од најдинамичните изведувачи во светот, има настапувано низ целиот свет заедно со најпрестижните оркестри и диригенти, со одржани соло рецитали на виолина во речиси сите познати светски музички центри. Својата кариера ја започнал како соло виолинист на пет годишна возраст, со победи на меѓународните натпревари „Виењавски“ и „Карл Флеш“ на десет и на 15-годишна возраст. Студирал со Галина Турчанинова и Захар Брон, првиот запис го остварил на десет години, за да продолжи да снима за еминентни музички куќи како „Мелодиа“, „Телдец“ и „ЕМИ“, освојувајќи ги меѓу другите Греми-наградата и Грамофон наградата за артист на годината. Во 2007 продолжил по стапките на својот ментор Мстислав Ростопович и се посветил на диригирањето и оттогаш диригира со позначајните оркестри низ светот. Во 2010 година беше назначен за диригент на „Гштад“-фестивалскиот оркестар, а во јуни 2014 специјализирал на Московскиот институт „Иполитов-Иванов“ во класата на професорот Јури Симонов. Комбинирајќи ги двете пасии - изведување и диригирање, господин Венгеров влегува како постојан артист во Оксфордскиот оркестар со кој ја снимил верзијата од 1903 на Виолинскиот концерт на Сибелиус, Виолинскиот концерт на Брамс и Шкотска симфонија на Менделсон. Венгеров е првиот уметник во класичната музика назначен за Интернационален амбасадор на добрата волја од страна на УНИЦЕФ. Маестро Венгеров инаку свири на Страдивари виолина која му припаѓала на Кројцер (1727). Пијанистот Ваг Папиан својат музичка кариера ја започнува во 1979 година, кога победува на Интернационалниот натпревар „Виана да Мота“ во Лисабон. Потоа започнува да настапува на сите поголеми сцени во Русија, но и надвор од неа. Во 1982 бил примен на државниот Конзерваториум во Санкт Петербург, отсек диригирање и од тој момент соработува со голем број реномирани оркестри вклучувајќи го и Израелскиот симфониски оркестар, Московскиот симфониски оркестар, Англискиот камерен оркестар и многу други. Во моментов е диригент во Националниот Опера Театар во Ерменија и е професор на Музичката академија во Тел Авив. Концертот предвиден за претпоследниот ден од „Охридско лето“ ќе се одржи во црквата „Света Софија“, со почеток во стандардниот термин од 21 часот. На програмата се дела на Бах, Прокофјев, Франк, Иаси, Ернст, Паганини, Росини. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ По кривичните пријави од Народна банка за функционери на СДСМ, од партијата поднесоа кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во НБРМ за случајот со Алта банка.. Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да определи мерки на претпазливост за Славески и сите инволвирани, како и привремена забрана за вршење должноста за да се спречело влијание врз сведоци и можно уништување на документација. -Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката?, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи напиша дека опозицијата нема да дозволи Мицкоски и Славески да го сокријат скандалот и да избегаат од одговорноста.. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат за наводите на Филипче и СДСМ дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ оценувајќи ги како лажни и манипулативни. Според владејачката партија македонскиот регулатор и институции, немале никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка токму во Унијата. -Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ, изјави Манасиевски. Се огласија и од ДУИ од каде бараат јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година побарала од Државното правобранителство да стапи во деловни односи со Алта банка Србија. Во спротивно, велат, ДУИ ќе ги преземе сите правни чекори и ќе поднесе тужби против оние што клеветеле. Државниот јавен обвинител Ненад Савески на вчерашната надзорна расправа во Собранието изјави дека обвинителството постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, но не каќа дека не моќе да открие дали во случајот со „Алта банка“ е отворена предистражна постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Јунајтед ќе плати милионско обесштетување за ПокетиноВеликанот од „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед се раздели со клупската легенда, менаџерот Мајкл Керик.Како негов наследник медиумите од Британија го промовираат селекторот на САД, Маурисио Покетино. Аргентинецот моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Држави, но неговиот договор содржи клаузула која му овозможува да си замине од американскиот тим со плаќање одредена отштета. Според британските медиуми, овој износ – кој се однесува на Покетино и неговиот стручен штаб – надминува 10 милиони евра, а Јунајтед се согласи да го плати. Останува уште официјална потврда, но нема сомнеж: Покетино се враќа во Премиер лигата, каде што претходно ги водеше Саутемптон, Тотенхем и Челси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
КултураПредавање за јапонскиот чај „Сенча“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје На 13 ноември 2026 година, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи настанот „DISCOVERY: Јапонски чај – Сенча“, посветен на историјата, културата и традицијата на јапонскиот чај.Гостинка на настанот ќе биде Курита Јунко, специјалистка за јапонски чај, која ќе одржи предавање за историјата и културното значење на јапонскиот чај, ќе претстави јапонски изрази поврзани со чајната традиција и ќе им овозможи на присутните да учествуваат во дегустација на јапонски чај. Настанот ќе се одржи од 10:00 до 12:00 часот, а предавањето ќе биде на англиски јазик. Учеството е бесплатно и не е потребна претходна регистрација. Настанот е во соорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Јапонската фондација од Будимпешта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20