Со концерт на „Ју-ту“ во септември се отвора најмодерната концертна сала во Лас Вегас - Канал 5

Со концерт на „Ју-ту“ во септември се отвора најмодерната концертна сала во Лас Вегас

Технолошко-забавните компании „МСГ“ и „Сфер ентертејнмент“ почнаа со тестирање на салата „Сфер“, што ќе има 17.600 седишта и најсофистицирани концертни ефекти.

Со концерт на „Ју-ту“ во септември се отвора најмодерната концертна сала во Лас Вегас

Изградбата на куполата почна во 2019 година, а пандемијата и технолошката сложеност ѝ ја зголемија цената до 2,3 милијарди долари. Ова е најскапата градба во Лас Вегас досега, бидејќи стадионот на рагби-клубот Рајдерс чинеше 1,9 милијарди долари. И надворешноста на куполата, според многумина, изгледа привлечно и спектакуларно, но главната атракција е всушност нејзината внатрешност. Можеби најзанимлив елемент е внатрешниот „16К-ЛЕД“ екран што го опкружува просторот. Зданието е наменето „за забава во живо со затворен екран“ и има за цел - ново ниво во концертните искуства и кино-ефектите.

Џејмс Долан и Дејвид Дибл од „МСГ“ за списанието „Ролинг стоун“ изјавија дека целта е да се создаде виртуелно-реално искуство „без очила“. Дел од куполата е и уникатен систем од 164.000 звучници, што ќе може да издвои одредени звуци, или дури и да ги ограничи на делови од публиката. Така, на пр., еден дел од публиката ќе може да слушне дијалог само на шпански јазик.

YouTube video

Како и 4-Д киното, и „МСГ сфер“, т.е. околу 10.000 седишта ќе имаат „сетилни ефекти“, како што се тн. хаптика (виртуелен допир), ладен и топол ветер, како и ефектите на мириси. Во случај на „виртуелно патување“ на Арктикот, на пр., така, додека трае содржината ќе се почувствува и студот.

„МСГ сфер“ официјално ги отвора вратите на 29 септември. Ирската рок-група „Ју-ту“ ги почнуваат своите 25 настапи во своја продукција, а сите тие се веќе распродадени.

Што по концертите на „Ју-ту“ - засега сѐ уште не се знае, но можно е во куполата да се одржуваат и турнири во е-спорт и боречки вештини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Во понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Со одлука на Вишиот суд во Ниш, на седум полициски службеници од Бор им е одреден притвор во траење од еден месец.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Тие се осомничени за злоставување и мачење на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети за убиството на малата Данка Илиќ. Полициските службеници биле уапсени на 14 ноември. Наводното злоставување се случило додека Јанковиќ и Драгијевиќ биле задржани во Полициската управа во Бор за време на истрагата за убиството, пренесува „Н1 Инфо“.

Судска одлука

Портпаролката на Вишиот суд во Ниш за новинската агенција „Бета“ потврди дека притворот е одреден од страна на судија за претходна постапка – одлука која сè уште не е правосилна. Таа појасни дека одлуката се заснова на Кривичниот законик, наведувајќи ги следниве основи за притвор: опасност од влијание врз доказите или сведоците, опасност од повторување на кривичното дело, како и вознемирување на јавноста поради тежината на стореното дело.

Обвинителство и поврзан смртен случај

Во врска со апсењата, Вишото јавно обвинителство во Ниш соопшти дека претходно издало налози за приведување на полициските службеници. Според соопштението, припадниците на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи во тој момент не постапиле по тие налози.

Минатата недела, обвинителството во Ниш нареди апсење и на уште осум други полициски службеници. Тие се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди на Далибор Драгијевиќ – брат на осомничениот Дејан Драгијевиќ – во полициската станица во Бор. Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година како последица на тие повреди. Вишиот суд во Ниш одреди притвор од 30 дена и за оваа група полициски службеници.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. 

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер