Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
1Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
2Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
КултураСо концерт на „Форплеј“ почнува „Охридско лето“ Со концерт на модерниот џез квартет „Форплеј“ и оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Емин Џијан вечер почнува 57. издание на фестивалот Охридско лето.На отворањето на Фестивалот ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата. Членовите на „Форплеј“ вчера на прес-конференција изразија воодушевување од Македонија, каде што прв пат ќе настапат, а музичарот Харви Мејсон ја нарече библиска земја. Директорот на Фестивалот, Оливер Арсовски најави рекордни 57 настани во претстојните 40 фестивалски денови. Според него, прв пат во историјата на Фестивалот на свеченото отворање ќе има џез настан, кој предизвикал голем интерес кај публиката. Охрид годинава ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји, меѓу кои од Кина, Индонезија, САД, Холандија, Италија, Русија, Австрија, Канада и други. Покрај џез спектаклот за отворањето на фестивалот на музичкиот дел од програмата се воведуваат и џез вечери, потоа гостувањето на Рок Симфони, Влатко Стефановски и Камерен оркестар - Битола, како и ЕЛК Камерен оркестар од Кина. Фестивалската публика ќе има можност да проследи и настапи на домашни реномирани уметнички институиции и солисти (Оркестарот на Македонска филхармонија, Камерниот оркестар на МММ, Турској камерен оркестар од Турција виолинистите Блерим Груби и Марија Вршкова,...) Во драмскиот дел од програмата ќе бидат прикажани претстави на домашни и меѓународни театри меѓу кои „Кралот Лир“ од Шекспир во изведба на Турскиот театар од Скопје во режија на Диего де Бреа, како и „Сон на летната ноќ“ исто така од Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел, а во изведба на Битолскиот театар. Театарот од Велес Ј.Х.К- Џинот“ ќе ја изведе претставата „Ана Комнена“ од Сашо Димоски. Ќе настапат и Камерниот театар 55 од Сараево со претставата „Жаба“, „Отело“ во продукција на Театарот на бугарската армија од Софија, а ќе се одржи и концертно шоу „Меџик нешнл“ во режија на Јон Карамитру во продукција на Националниот театар од Романија. Охрид од денеска до 20 август ќе живее со уметноста. На сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои ќе имаат можност да уживаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел. Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор. Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови. Тагови: водени топови Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЕпилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругатаЕвропското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица. Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“. Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда. Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница. Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица. Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија. Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите. Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЗастрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео) Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот. На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет. Moment wyeliminowania zagrożenia, super postawa policjanta, ale wygląda jako że śmieć był nabity sprzętem Kraków #krakow https://t.co/bBiPXkdhRV — London Goldynov (@LondonGoldynov) November 7, 2026 Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата. „Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата. Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди. Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска. Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите. „Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата. Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook