МакедонијаСо изведување материјални докази продолжува судењето против 13-те полицајци за пожарот во „Пулс“Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Ова е истиот извештај што веќе беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во „Идризово“. Обвинителството презентира и медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот – вештачења за 157 лица со тешки телесни повреди, како и оштетени кои добиле телесни повреди. Одбраната реагираше дека денеска изведените докази не се соодветно наведени во листата на докази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаДали ќе има конкретен план како главниот град да го реши проблемот со бездомните кучиња?Дали ќе има конкретен план како главниот град да го реши проблемот со бездомните кучиња? Овој проблем, кој постои со години, како да ескалира во последниот период, а граѓаните често се жалат дека се нападнати. Проблемот со уличните кучиња не може да се реши набрзина, и потребни ќе бидат околу две години за конечно кучињата да се тргнат од улиците, рече денеска директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски. Тој нагласи дека имаат стратегија како на хуман начин да се справат со бездомните кучиња, и веќе имаат набавено опрема за заловување на проблематичните кучиња за кои граѓаните често пријавуваат, но повика и на одговорност кај граѓаните, да не продуцираат легла, кои потоа ќе ги остават на улица. Директорката на прифатилиштето за бездомни животни од Загреб, Татјана Зајез денеска го претстави искуството од Хрватска. Таа напомена дека во Хрватската метропола не можат да се видат улични кучиња, бидејќи казните за сопствениците кои нема да ги чипираат или на оние кои ќе ги напуштат се високи. ПРофесорот од ветеринарниот факултет, Влатко Илиески предупреди дека сите домашни кучиња кои во моментов не се чипирани, би можеле во било кој момент да станат улични, бидејќи не се регистрирани, и ако случајно го напуштат живеалиштето, веќе се во сопственост на градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако до високо образование според потребите на економијата?Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат.Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат – на земјата и требаат практичари а не само теоретичари порачаа учесниците на денешната конференција која се одржа во Стопанска комора, насловена од диплома до компетенции... Универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски во својот вовден говорсо порака - не смееме веќе да штанцаме програми кои не се тесно поврзани со реалниот пазар, вели високото образование ќе треба да стане партнер на економијата и мотор на развој. „Долго време ние во високото образование меревме успех со бројот на запишани студнти, издадени дипломи и факултети. Но денес мора искрено да признаеме на економијата не и требаат само дипломи и требаат знаење иновации, знаење, вештини и носечки кадри ...Нас ни треба реално нова генерација на инженери, ит експерти, машински електроинженери, енергетичари, значи ни требаат проактичари не само теоретичари... “- Марјан Ѓуровски – универзитетки професор. Учесниците на конференцијата децидни студиските програми мора да се креираат заедно со стопанството ако државата сака да оди напред. Од Стопанската комора потенцираа дека не смее академијата и бизнисот да живеатт во различни светови... „Нашите приоритети сега се образованието и инфраструктурата затоа што конечно сфативме без тоа не може да имаш конкурентен производ. А ако немаш конкурентен производ ќе ја изгубиш битката а ако имаш ќе се бориш на европските пазари...Продуктивноста која ни е на најниско ниво може да се реши само на еден начин со високопрофесионални луѓе со високи примања. Ако тоа не го направи Македонија си потпишала смртна пресуда...“ -Бранко Азески – претседател на Стопанска комора . Целта на денешната конференција беше да се отвори национален и регионален дијалог за трансфорамција на високото образовани во функција на економски развој, конкурентност, инвоации, како и создавање квалитетен кадар но и задржување на младите во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во ТиватЛидерите на земјите од Западен Балкан заедно со високи преставници на Европската унија, денеска се собираат во Тиват, Црна Гора, каде ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.Македонската делегациа ја предводи премиерот Мицкоски кои пред официјалните имаше средба со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц. Со слика одиме во директно во Тиват, таму е колешката Афродита Рамос. Афродита, за почеток како поминали средбите на премиерот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook