Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо
2Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо
3Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?
МакедонијаСо измените на Законот за туристичка дејност се укинува Агенцијата за промоција на туризмотВработените преминуваат под Министерството за култура. Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање. Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам. Со измените, меѓу другото, се предвидува министерот за култура да го формира Советот за промоција и поддршка на туризмот и да се доделуваат субвенции за туризмот. Според предлагачот, целта на законските измени е институционално унапредување на туристичките политики, зголемена ефикасност и централизирано планирање и синергија меѓу културата и туризмот.Тагови: Министерство за култура и туризам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независностМи претставува особена чест и задоволство што можеме еве денеска токму од Струмица, од паркот, од Градскиот парк во Струмица да најавиме уште еден грандиозен настан.Ми претставува особена чест и задоволство што можеме еве денеска токму од Струмица, од паркот, од Градскиот парк во Струмица да најавиме уште еден грандиозен настан којшто ќе биде во склоп на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Навистина како Влада ветиме уште од самиот почеток дека ова ќе биде настан којшто ќе се случува во повеќе градови низ Македонија, сè со цел да дадеме повеќе достапност, да имаме повеќе единство и да размислуваме за тоа како достоинствено Македонија да ги одбележи 35 години независност. Јас сум сигурна дека ова што ќе го најавиме денеска и датумот на којшто ова ќе се одржува ќе биде навистина посетен од цела Македонија затоа што еден ваков настан заслужува почит, заслужува навистина достоинствено одбележување“. Новинарско прашање: Термин има ли веќе утврдено кога ќе се одвиваат настаните низ другите градови низ Македонија? Одговор на Митева: „Како што веќе најавивме на 2 август се започнува со голем концерт во Битола. Имавме прес-конференција на којашто објавивме дека над 120 македонски уметници низ повеќе градови ќе бидат низ Македонија, во текот на цел месец август. Почнуваме од 2 август и со централниот настан на 8 септември, на Дејвид Гета, на Градскиот стадион, веќе ќе го заокружиме концептот околу одбележувањето. Дополнително го најавивме и оној грандиозен настан на 1 септмеври со Хозе Карерас и со најдоброто од Македонија, со македонски уметници. Навистина ценам дека она што како Влада го имавме како концепт заедно со организаторот, а тоа е етапно да ги најавуваме настаните, најавивме дека ќе бидат повеќе настани, дека ќе се трудиме достоинствено да одбележиме еден голем јубилеј за нашата Македонија“, изјави портпаролот на Владата Марија Митева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништоВо ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019.На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за јавно здравје во Прилеп од 01 февруари 2019 до 28 февруари 2019 и се однесува за градовите Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Самиот извештај вели дека има неисправност на водата поради тоа што имаме бактериолошка неисправност и физичко-хемиска неисправност на примероците. Преземено, ништо. Следен извештај 01 март 2019 до 31 март 2019, повторно за истите градови, и повторно преземено ништо. Можам да ви ги редам многу вакви извештаи. Овде има цел сноп за Гостивар и за околината. Вие сте министер во тој период. Не само што ви гореа модуларни болници, туку како доктор вие не се држевте до заклетвата. Вие дозволувавте луѓето да конзумираат вода која во најмала рака кажано, претставувала ризик за здравјето на тие кои што ја конзумирале“. Мицкоски информираше дека бројот на неисправните примероци од водата во Гостивар се намалува и очекува дека гостиварци за неколку дена ќе имаат исправна вода и за пиење, а во исто време го повика Обвинителството да се позанимава и со наводите од минатите извештаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини Мицкоски. „Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го сокриете“, истакна Филипче. Тој посочи дека Владата нема одговор за серијата случаи со загадена вода низ државата и дека граѓаните остануваат без информации за ризиците по нивното здравје, додека никој не презима одговорност за труењето на граѓаните. „Водата е загадена во пола држава: Во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите?“, праша Филипче. Претседателот Филипче побара Владата веднаш да ги објави резултатите од анализите за водата во Гостивар и да стави крај на контрадикторните информации што ги пласираат институциите. „Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата? Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат“, рече Филипче. Во однос на случајот со Лепенец и водоснабдувањето на Скопје, тој предупреди дека јавноста и понатаму не добива одговори иако станува збор за место каде во блоизина има бунари кои дополнуваат изворот на вода од која пие цело Скопје. „Загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој пие вода цело Скопје, и нема никаква информација“, нагласи Филипче. Осврнувајќи се на животниот стандард, претседателот на СДСМ истакна дека реалноста целосно ги демантира владините тврдења. „Паѓаат во вода приказните за „стандардот“. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега „Евростат“ го потврди тоа: последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното“, рече Филипче. Тој додаде дека додека цените растат, платите остануваат замрзнати. „Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат... Луѓето се на работ на егзистенцијата“, рече Филипче. Во делот за корупцијата, Филипче потсети на последните оценки од Европскиот парламент за состојбата во државата. „Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство. И вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизација на судовите“, потенцираше претседателот на СДСМ. Филипче ја критикуваше и намерата на Владата да донесе закон со кој, како што рече, ќе се заобиколат системските правила за јавни набавки. „Вчера предлагате закон со кој сакате да потрошите 20 милиони евра, заобиколувајќи ги сите системски закони во државава за јавни набавки. Па добро, што е целта? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето“, нагласи Филипче. Во однос на европската интеграција, тој оцени дека Владата самата ги демантирала наративите што ги пласирала со години. „Самите се демантирате... За пред некој ден да признаете, и вие и министерот за надворешни работи, дека сето тоа што сте го зборувале не било вистина. Па зар сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме? Дека намерно не сакате во Европа? Дека намерно го блокиравте европскиот пат?“, рече Филипче. На крајот, претседателот на СДСМ му постави директно прашање на премиерот за политичката одговорност. „Моето прашање е следно: кој премиер е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој премиер е крив за сите овие работи во државата?“, порача Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33