Со изложбата на дела затворена 37. Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“ - Канал 5

Со изложбата на дела затворена 37. Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“

Со изложбата на дела создадени на годинашната 37-ма Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ беше заокружена традиционалната манифестација, на која учествуваа тринаесет автори од шест европски држави.

Со изложбата на дела затворена 37. Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“

Изложбата синоќа официјално беше отворена во Галеријата на манастирот. Изложбата содржи 24 дела од учесниците од: Швајцарија, Турција, Словенија, Полска, Бугарија и Македонија што ќе останат трајна уметничка вредност на колонијата.

Делата се работени на слободнa тема, а се инспирирани од прекрасната природа и духовноста на манастирот.

Претседателот на Здружението Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ Стевче Ристовски се заблагодари за континуираната поддршка од надлежните институции, Министерството за култура, што колонијата ја вбројува во годишната програма од национален интерес, Општина Крива Паланка, со интегрирање на манифестацијата и изложбата во програмата на „Кривопаланечко културно лето 2023“ и МПЦ -ОА, Кумановско-осоговска епархија.

-Оваа реномирана повеќедецениска манифестација за време на одржувањето ги промовира општината и македонската уметност и култура, размената на културите е сеприсутна, па освен што секој уметник остава белег и печат на културата од земјата од која потекнува, сепак, оттука ги понесува впечатоците и ја дисперзира и нашата, македонска култура и традиција, рече Ристовски.

Колонијата, како што посочи, истовремено придонесува и за културен туризам и наша промоција во меѓународни рамки, а само оваа година сведоци сме на повеќе организирани туристички групи што беа во посета на манастирот и колонијата и тоа, од Австралија, Хрватска, Бугарија и Словенија.

Изложбата ја прогласи за отворена секретарот на Општина Крива Паланка, Мартин Николовски, кој рече дека чест е да се биде дел од завршниот настан на манифестацијата на која творат еминентни ликовни уметници од различни европски држави.

- Во овој прекрасен амбиент секој човек пронаоѓа инспирација и порив за своето творештво, па така и годинашната лепеза на дела е уникатна. Искрено очекувам дека сите вие ќе понесете пријатни спомени и искрени емоции, кои ќе ве врзуваат со ова место и со оваа манифестација и дека повторно, во годините кои доаѓаат, ќе бидете составен дел од неа. На организаторите им честитам на долговечноста на манифестацијата и посакувам уште низа години оваа колонија да ги обединува ликовните уметници од целиот свет, како што тоа го прави досега, рече Николовски.

Изложбата во текот на 2023 година ќе биде поставена и во повеќе градови низ државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер