СветСо голема воена парада Русија го одбележа Денот на победата на Црвениот плоштад во МоскваТрадиционалното „УРА“ одекна од илјадници војнички грла на Црвениот Плоштад, Русија со најголемата парада во последните години го прослави 80 јубилиен „Ден на победата“ врз Фашизмот.На парадата имаше 11.500 војници, односно 5.000 повеќе од лани, а Русија, како на главната московска улица, така и во воздух го демонстрираше својот воен арсенал, во кој на светот за прв пат му беа претставени некои од новите оружја. Ги научивме лекциите од Втората светска војна, а искривување на фактите кои ги клеветат победниците нема да се дозволи, порача Путин пред илјадниците насобрани. Дополни дека рускиот народ ја поддржува офанзивата во Украина, односно, како што рече, режимот во Киев.. Русија била и ќе биде непробојна бариера за Нацизмот, Русофобијата и анти-семитизмот. Ќе продолжиме да се бориме против ѕврествата напраени од тие кои ги промовираат овие деструктивни идеи. Вистината и правдата се на наша страна. На парадата присуствуваа 27 светски државници,а специјален третман“ и најдобар поглед врз она што се случуваше имаше кинескиот претседател Си Џинпинг, кој целата парада ја помина рамо до рамо со Путин. Освен Си Џипинг, присуствуваа и претседателот на Венецуела – Мадуро, како и бразилскиот претседател Инасио Лула да Силва, а во Москва беа и бројни претседатели и премиери од Африка, како и од Азија. Од ЕУ беше единствено словачкиот премиер Фицо. Од останатите земји од Европа, освен Лукашенко беа и српскито претседател Вучиќ, како и претседателот на Р. Српска Додик. За словачкиот премиер, пристигнаа остри пораки од шефицата на европската дипломатија Каја Калас, која кажа дека посетата на Русија, која ја напаѓа Украина, нема да помине без последици. Порака му беше испратена и на Вучиќ, бидејќи е претставник на земја аспирант за членка на ЕУ, а ваквите потези, порачаа од ЕУ, се спротивни на тоа.Тагови: путин русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
ЕкономијаКомпанијата Sivriler Group во посета на ТИРЗ Скопје - нова потенцијална инвестицијаДиректорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари работна средба со Ахмет Сиври, директор на турската компанија Sivriler Group, која разгледува можност за реализација на нова инвестиција во Македонија. На средбата беа презентирани можностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони, условите за инвестирање, како и поддршката која ДТИРЗ ја обезбедува за компаниите во секоја фаза од инвестицискиот процес. Во рамки на посетата на ТИРЗ Скопје, претставниците на компанијата се запознаа со инфраструктурните капацитети и условите кои се нудат за инвеститорите. Истовремено, беше разгледан и инвестицискиот проект, кој предвидува вложување од 25 милиони евра и отворање на повеќе од 100 нови работни места. Согласно првичните планови, инвестицијата на Sivriler Group ќе биде насочена кон воспоставување производствен капацитет кој ќе биде извозно ориентиран. Директорот Димовски истакна дека ДТИРЗ останува посветена на активното привлекување нови инвестиции и создавање услови за долгорочен развој на компаниите, преку брза и ефикасна институционална поддршка. Тој посочи дека секој инвеститор кој ја препознава Македонија и ТИРЗ како атрактивна дестинација за развој на својот бизнис е доказ дека земјата располага со конкурентни услови и стабилно деловно опкружување. Претставниците на Sivriler Group изразија задоволство од условите за инвестирање и од можностите што ги нуди Македонија, нагласувајќи дека посетата претставува значаен чекор во понатамошната евалуација на инвестицијата и продолжување на разговорите за нејзина реализација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: НБА легендата Меџик Џонсон ужива во Црна ГораСлавниот НБА кошаркар Меџик Џонсон кој со својата јахта плови по Јадранот објави интересна фотка со еден подзаборавен хрватски кошаркар кој играше во најсилната светска лига.Меџик Џонсон објави фотографија со поранешниот хрватски кошаркар Далибор Багариќ, за кого многумина заборавија дека играл во НБА. 66 годишниот Ирвинг Меџик Џонсон е еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА. Тој е легенда на Лејкерси и човек кој освоил пет титули во најсилната лига во светот. Сака да патува низ Балканот и тоа не е тајна, но неговата најнова објава привлече големо внимание. Објави фотографија од Црна Гора со поранешниот хрватски кошаркар – Далибор Багариќ (46). „Беше многу убаво да се видам со мојот пријател и поранешен играч на Чикаго Булс, Далибор Багариќ. Како и со неговата сопруга Јасмина, синот Петар и ќерката Мена. Поминавме прекрасна вечер, со одлична вечера и разговор во Црна Гора“, напиша Џонсон. Тој исто така објави серија фотографии од Тиват – како со Далибор и неговото семејство, така и со луѓето што работат во тој ресторан – и со тоа усреќи многумина. Воедно, ги потсети љубителите на кошарката на еден човек што многумина го беа заборавиле. Далибор Багариќ е хрватски кошаркар роден во Минхен, кој по кратките игри во клубовите Карловац, Бенстон Загреб и Цибона замина во НБА. Чикаго го избра како 24-ти пик на драфтот во 2000 година; на истиот драфт, од играчите од нашите простори, беа избрани и Марко Јариќ, Игор Ракочевиќ и Примож Брезец. Тој не се прослави во дресот на Булс – за три години одигра вкупно 95 натпревари со просек од 2,6 поени и 2,5 скока по натпревар. Потоа одлучи да се врати во Европа и настапуваше за Олимпијакос, Фортитудо Болоња, Џирона, Цибона, Маруси, Цедевита, Забок и многу други клубови. Негов последен клуб беше Бамберг во сезоната 2014/15.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаКузеска: Контролирано судство- Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2“ и го врати криминалниот имотСудството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО.“Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Реформи во правосудството нема. Правда нема! Има криминална власт. Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. На сите им е јасно зошто беше поставена обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијаков, зошто се менуваат и се назначуваат судии блиски до Мицкоски. Кога беа во опозиција, ВМРО постојано ја напаѓаше судијката што го водеше предметот и бараше нејзино разрешување, јавно вршејќи притисок. Како власт им успеа. Прво се отстрани обвинителката која со години ги водеше предметите за незаконското финансирање и криминалниот имот на ВМРО. Потоа се постави обвинителство по мерка на власта, на телефонска линија со Мицкоски. Како што Мицкоски им диктираше насоки по телефон, како што им делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија. Ете така. Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски. Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно. Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија. Вистината излегува на виделина. Но, наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните. Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36