Со години ги полнела усните со хијалурон, а потоа добила лоши вести (видео) - Канал 5

Со години ги полнела усните со хијалурон, а потоа добила лоши вести (видео)

Д-р Рош ѝ помогнал на една пациентка да ја истакне својата убавина освернавена од преголемите естетски интервенции.

Со години ги полнела усните со хијалурон, а потоа добила лоши вести (видео)

Познато е дека усните можат дополнително да ја нагласат убавината на лицето. Кога се полни и убаво обликувани, тие нагласуваат и други детали на лицето, како што се брадата, јаболчниците или очите. Затоа жените во последниве години им посветуваат доста внимание. Со стареењето, кожата, а со тоа и усните, го губат волуменот, па повеќето дами се одлучуваат на користењето хијалуронски филери. Општо земено, се инјектира количина од 0,5 до 1 ml хијалурон.

Честопати хијалуронот со тек на време се разградува, па многу жени веќе следната година изгледаат како воопшто ништо да не коригирале. По оваа логика се водела и една русокоса која три пати ги зголемила усните. Очекувала да се намалат со текот на времето, но тоа не се случило, па морала да побара помош од естетски хирург.

Д-р Рош е познат пластичен хирург кого го посетуваат сите оние кои не сакаат да поминат низ непроверените раце на професионалните „експерти“. Се разбира, овој лекар редовно ги преправа лошо извршените интервенции, како овој случај. Оваа девојка дошла кај него за совет и можна интервенција за да ги намали преголемите усни, а д-р Рош воопшто не бил изненаден.

- Велиш дека трипати си ги полнела усните и дека ништо не си коригирала цели три години, очекувајќи со тек на време да се намалат, но ништо не се случило. Морам да ти кажам дека си убава, имаш убави очи, убаво изразени јаболчници, сепак оваа голема уста ја расипува хармонијата на твоето лице и убавината. Освен тоа, почнале да мигрираат. Хијалуронот во нив почнал да се изместува, правејќи испакнатини таму каде што не треба. Сепак, не грижете се, ќе ја средиме ситуацијата уште денеска - ја утешил доктор Рош, а за ова пишуваше британски Сан.

Овој доктор ѝ кажал на девојката дека кај него доаѓаат бројни пациенти кои сакаат преголеми усни или други интервенции, но тој никогаш не направил ништо што се коси со неговото поимање на естетиката.

-Не се двоумам да одбијам пациент. Знам дека ќе оди кај друг, но се трудам да им објаснам. На пример, на дамите се трудам да им објаснам дека не им се потребни огромни усти и дека нема да им ставам повеќе од 0,5 мл. Како што малите корекции можат да го подобрат изгледот на лицето, така и поголемите можат да ја расипат убавината. Затоа сега ќе ги намалиме усните и тоа повторно ќе му даде сјај на нејзиното лице - објаснува д-р Рош.

По интервенцијата, пациентката била презадоволна од резултатот и фактот што имала среќа токму доктор Рош да ја прими и да ѝ ги коригира усните.

@drroshofficial 3 years of thick migrated filler #fillersinjection #migratedlips #migratedfiller #lipfiller #fillerconsultation ♬ Kawaii Aesthetic - LoES

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Продолжува борбата со пожарите низ државата.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Гори на неколку локации, а најкритично е во штипско и во струшкиот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците

Решението за македонските превозници е веќе на повидок.

Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците

Решението за македонските превозници е веќе на повидок а тоа се билатералните договори со земји членки на Европската унија кои ќе им издаваат долгорочни визи, вели министерот за транспорт Александар Николоски за проблемот со престојот на професионалните возачи на кои им се потребни повеќе од 90 дена во 180 дневен период во Шенген зоната. Според Николоски, состанокот кој вчера се оддржа во Брисел меѓу Комисијата и претставниците на превозниците од Западен Балкан, го потврдил ова решение како единствено.

-Решението на ова прашање е во две насоки – Европската унија во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци, и второ дека единственото решение се билатерални договори за долгорочни работни визи кои што ние веќе ги имаме склучено и ги склучуваме и тоа е единственото можно решение. // Решението веќе го имаме на повидок имајќи в предвид дека со неколку држави вакви долгорочни визи веќе се издаваат и ги користат нашите превозници. - Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт

Иако остануваме отворени за разговор за тоа што може да се направи во рамките на нашите правила, мора да биде јасно дека правилата на Шенген и понатаму ќе се применуваат – изјави вчера портпаролот на Европската комисија во врска со состанокот со превозниците.

-Тука се применуваат и национални правила и постоечки билатерални договори, па затоа постојат можности за изнаоѓање прагматични решенија во рамките на тековните правила на Шенген, на пример, преку поднесување барања за долгорочни визи и дозволи за престој, или, во одредени ограничени случаи, преку третирање на возачите како прекугранични работници. Сепак, истовремено е важно да се нагласи дека системот за влез/излез не воведува никакви нови правила, ниту нови барања во однос на времетраењето на краткорочните престои во Шенген-зоната. Тоа останува непроменето.- Маркус Ламерт, портпарол на Европска комисија

Со предупредувачки протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје овој понеделник, превозниците најавија и можна блокада на границите доколку нивниот проблем, како што велат, не се реши во целост, а клучното во нивното барање е наместо во денови престојот да им се брои во часови. Од Макамтранс денеска не беа достапни за коментар, дали планираат да ги блокираат границите и по оддржаниот состанок во Брисел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Има ли начин да се спречи негативниот тренд на наталитетот во Македонија?

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Националниот координатор за демографија, Влатко Ѓорчев, за Канал 5 вели дека од програмата за четиригодишниот мандат до 2028ма веќе има мерки кои во сила, како бесплатните ин-витро оплодувања и еднократна финансиска помош за новороденчиња, а уверува дека работат и на мерки за помош на мајките и за младите брачни парови при купување нов дом. Според Ѓорчев во падот на наталитетот имаат улога повеќе фактори, и според него за проширување на семејството клучна е желбата, бидејќи статистиката покажала и најразвиените држави се соочуваат со истиот проблем.

„ Сакаме во наредниот период да помогнеме особено во делот на домувањето, затоа што навистина во делот на станбеното прашање треба да се направи повеќе и воедно други програми коишто ќе значат поддршка за мајките и семејствата. / Финаска има 20, 30% помал наталитет од Македонија , Германија 20%, Канада 30% помал наталитет од Македонија, Сингапур и Јапонија имаат 40, 50% помал наталитет, а имаат бдп и плати многу поголеми одошто ние. Значи се работи за комбинација од фактори, но она што е важно и клучно желбата да се има дете, желбата да се има семејство. “-Влатко Ѓорчев – национален координатор за демографија

Според дел од социолозите, еден од главните фактори се финансиите и несигурноста кај младите дека можат да им обезбедат стабилна иднина на своите деца, па затоа многу често се одлучуваат да имаат само едно дете. Универзитетскиот професор Иван Анастасовски смета дека фокусот не треба да е само на еднократната помош, туку државата да ги лоцира причинителите и да изгради силна стратегија која нема да ги оттурнува младите да бараат подобар живот надвор од Македонија.

„ Финансиите се првиот фактор кој влијае за вие да одгледате едно детенце, да го донесете на свет и да го подигнете. Многу е коректно и одговорно секоја држава да има политика која ќе го стимулира на некој начин наталитетот, но знаете како, не е само да ви дадам еднократно парични средства. Еднократните или месечните од 10 илјади денари, 15 илјади денари, нема да ви го покријат стравот кој го имате кај себе како родители дека вашите деца ќе имаат овде сигурна иднина. Ако системот се обиде да ја преземе понатаму грижата за младите луѓе да ги растерети родителите од тој момент да бидат психички постабилни дека нивните деца ќе имаат иднина овде во државата, може да очекуваме дека ќе се подобрува состојбата со наталитетот.“- Иван Анастасовски – универзитетски професор

Според податоците од статистика, има 32,8 отсто пад на бројката на родени деца споредбено со пред 11 години. Во 2014 имало 23.596 новороденчиња, а во 2025 борјот пданл на 15.850.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер