Со гала концерт на оперската дива Ангела Георгиу отворено 63. „Охридско лето“ - Канал 5

Со гала концерт на оперската дива Ангела Георгиу отворено 63. „Охридско лето“

Пред исполнетиот аудиториум на магичниот Антички, фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски.

Со гала концерт на оперската дива Ангела Георгиу отворено 63. „Охридско лето“

Со најпознатите арии на Пучини, Верди, Прокофјев, Брамс... во изведба на светската оперска дива Ангела Георгиу, придружувана од симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентската управа на Чипријан Теодорашку, вечерва во Античкиот театар во Охрид беше отворено годинашното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Пред исполнетиот аудиториум на магичниот Антички, фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, кој од сцената им посака слободна мисла на уметниците, преку нивните креации да го преобликуваат и да му дадат поинаква суштина, барем за миг, на она што е гнило и проблематично во светот.

- Не постои ништо поважно од континуитетот во градењето на институционалната меморија на нацијата. Фестивалот „Охридско лето“ е парадигма за токму таквиот континуитет, кој преку својот шеесет и три години грижливо архивиран и развиван институционален капитал остава темелни траги во меѓународната размена на културни и уметнички вредности, рече Пендаровски.

За Охрид истакна дека е градот во кој се чува античкото, но, се создава и вреднува и современото. Според него, тука раскошот на природниот амбиент со векови ги инспирира луѓето да го покажат најдоброто во градителството, уметноста и духовноста. На таа хармонија и убавина, на историјата и културата, фестивалот „Охридско лето“ природно и спонтано се надоврзува, нудејќи го најдоброто од музичката и сценската уметност, грижливо селектирано од сите светски меридијани. При тоа, фестивалот остава длабока трага помеѓу бројните цивилизациски и културни слоеви напластени во овој навидум мал, а толку многу значаен простор.

- Круцијален национален императив е да го задржиме нивото и квалитетот што со себе го носи фестивалот „Охридско лето“. Само на тој начин ќе оставиме достоен печат на своето постоење во времето во кое живееме. Да оставаме вредности и патокази за следните генерации, да вложуваме во културата и во уметноста. И не само тука во Охрид, да овозможиме уметниците да продолжат да нудат визија за еден подобар свет...Во мигови кога човештвото се наоѓа пред безброј предизвици кои ги негираат клучните цивилизациски придобивки, повеќе од потребни ни се уметноста и културата преку кои ќе повратиме дел од загубените или злоупотребени вредносни системи, рече претседателот Пендаровски.

Обраќање пред присутните имаше и министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, која се осврна на создателите на „Охридско лето“, луѓето со огромна визија, со бескомпромисна љубов и со неизмерна почит кон македонската акустична култура и уметност, кои, како што рече, тргнале „вооружени“ со храброст и трпение да му се спротивстават и на сомнежот, можеби и на потсмевот, на суетите, и на прогнозите за краток век на идејата да се роди нешто големо и нешто што ќе трае...

- Во време во кое пред очи ни се менува светот со брзина напати тешко совладлива за нашиот разум, брзина која заплашува и ни се чини дека не ветува ништо добро, уметноста, како и многупати досега, ни го чува стравот со својата смирувачка порака – сè ќе биде во ред. Да. Во свет во кој секојдневно ударни наслови се лошите и лажните вести, вестите од културата одат сè подолу, до невидливост. За среќа, оптимистите и уметниците вестите ги читаат со поинаков редослед. Тие знаат дека без уметноста, животот би бил неподнослива празнина. Затоа, „Охридско лето“ е подарок, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека како што ни цивилизацијата ни културата не можат да опстанат без страст, така е и со нашите животи.

- Ако иднината е одговор, огледало на нашите избори, зарем на сета борба, на сето минато и културно богатство, ќе дозволиме избор да потонеме во плиткото, да ’заринкаме‘ во плиткоумното. Историјата сведочи дека оттаму тешко се излегува особено кога уметноста, наместо спасителка, станува плен заробен и потиснат од агресивна и скапа имитација. А токму овие седишта од камен на кои седиме во „Античкиот театар“ се сведоштво дека културата кај нас има стар датум. Таков е нашиот Охрид, со право – наша духовна престолнина, наш неизбришлив културен код, лулка на сесловенската писменост. „Охридско лето“ е неговата најдобра разгледница. „Охридско лето“ одамна е во Европа. Стариот континент со својот истанчен и пребирлив вкус за културата и уметноста, со задоволство ќе повторам, високо го вреднува овој фестивал, посочи министерката.

Пораката од Античкиот тетар во име на уметниците ја упати Бисера Чадловска, која рече дека „Охридско лето“ повторно ќе биде медиум преку кој ќе говорат инспирацијата и креацијата, пренесени од интерпретацијата на уметниците, чија суштина на постоењето e перформативниот израз пред публиката.

- Музичките и театарските уметници кои оваа година ќе застанат на сцените на кои сите изминати години се градеше приказната за ’Охридско лето’, Св. Софија, Долни сарај, Античкиот театар, ќе ја продолжат трансмисијата на уметноста, во чија суштина почива естетското, чувственото, возвишеното... рече таа.

За неа и за уметниците што тука настапуваат, сцените во Охрид се остварување на соништа што ги сонувале од деца, мислејќи дека можеби никогаш нема да се реализираат.

- Но, еве сме тука, исполнети, горди и нетпреливи да го слушнеме првото штимање на оркестарот, кое ќе не внесе во претстојните 40 дена исполнети со прекрасна уметност. Во име на сите тие уметници, посакувам уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“, рече Чадловска.

Охрид преку овој реномиран светски етаблиран фестивал со високо реноме, се до 20 август ќе живее со уметноста. Наредните 40 дена ќе блеснат сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, сцената „Долни Сарај“, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот. Тоа се местата каде ќе се случуваат извонредно атрактивни

културни настани, во кои можност да уживаат ќе имаат сите вљубеници во уметноста, во она што претставува врв во уметноста во светски рамки.

Програмата нуди настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката, драмската уметност, програма за сите вкусови и генерации, сето вклопено во неповторлив природен и духовен амбиент каков што е Охрид. Вљубениците во уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот - Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени.

За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

Денеска (06.08.2026) во Велес, полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што возачите беа запознаени со последиците што можат да настанат од користење мобилен телефон при управување возила. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС Кавадарци, на подрачје на Скопје и Кавадарци, реализираа превентивна активност „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, како и од СВР Штип, во Куманово, Свети Николе, Виница и Кочани спроведоа превентивни активности наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети и новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со акцент на тоа дека електричен тротинет може да управува само лице кои има наполнето 18 години. За време на активноста, граѓаните беа запознаени и со другите измени на Законот, а им беа делени и летоци со едукативна содржина. Полициските службеници од ПО Ропотово при СВР Битола, пак, во с.Дебреште со најмладите жители реализираа едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот при што ги запознаа со основните правила во сообраќајот, со цел развивање на безбедносна култура кај најмладите.

Полициски службеници од ПС Берово во Берово реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер