Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
2Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
КултураСо филмот ,,Година на мајмунот”, отворен 21. Скопје филм фестивалСо премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Панк филм“, вечерва во кино „Милениум“ е отворен 21. Скопје филм фестивал.Повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок, ќе понуди новото издание на фестивалот кој до 26 април ќе се одржува во „Милениум“, „Фросина“ и Кинотека. Филмовите се распоредени во седум програми: Програма на авторски филм; Панорама на светски филм; Македонска продукција; Фокус на француски филм; Програма на европски филм; Ретроспектива на Хичкок, а од оваа година ќе има и нова програма - Квир фокус. На отворањето присуствуваше Министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Новиот филм на Блажевски „Година на мајмунот“ е црна комедија, копродукција меѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово. Во главната улога е Игор Ангелов, а во актерската екипа се и: Марија Кон, Решит Береда, Рефет Абази, Тања Кочовска, Петер Елиот. Директор на фотографија е Димо Попов. Филмот се снимаше во 2016 година на 80-ина локации низ Македонија. Главни протагонисти во филмот се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје, и шимпанзото Коко, жител во градината. Филмот е приказна за бегањето на Коко „од ропство во слобода“ поради што Цобе ќе биде отпуштен со ветување дека ќе го вратат на работа доколку го пронајде и донесе назад избеганиот мајмун... - Во измачената и со транзиција девастирана земја, се крева голема медиумска врева околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпорот и слободарски стремежи, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка, соопшти СФФ во најавата. „Година на мајмунот“ ќе се прикажува во киносалите на „Синеплекс“, а светска премиера ќе има на 23 април на Московскиот меѓународен филмски фестивал. Во програмата Македонска продукција на 21. СФФ ќе бидат прикажани осум филмови, меѓу кои е премиерата на документарниот филм „Кобра“ во режија на Игор Иванов Изи, како и „Види ја ти неа“ на Горан Столевски, кој освои награда за најдобар краток филм на фестивалот Санденс. Во Ретроспектива на Хичкок, пак се пет филма: „Заден прозорец“, „Психо“, „Ребека“, „Птици“ и „Туѓинци во воз“. Во рамки на фестивалот ќе има и две работилници - режисерот на „Таксим холдем“, Мајкл Ондер, ќе одржи работилница за снимање нискобуџетен филм утре во Кинотека на Македонија, каде ќе има и средба со продуцентот на филмот, Јосеф Еревчик Амадо. Француските режисери Леа Мисиус и Кристоф Режин, пак, на 23 април на Универзитетот ЕФТА ќе одржат работилница: „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“. Во кино „Фросина“ во понеделник ќе биде промовирана книгата „За засрамените геј мажи“. Автор на плакатот за годинашното издание на фестивалот е младиот македонски дизајнер Ѓорѓи Десподов. Програмата со распоред на проекциите е објавена на: www.skopjefilmfestival.com.mk. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештеркитеХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформираСлавната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации. Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките. Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк. На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници. Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things). Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав. Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Други спортовиМарк Маркез на тронот во Малезија – има „меч-топка“ за титулаВозачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во шампионатот Мото ГП.Маркез ја оствари својата седма победа сезонава во Сепанг и е на чекор до одбрана на титулата, откако неговиот главен ривал Хорхе Мартин од тимот на „Априлија“ се здоби со скршеница на зглобот. Возачот на КТМ, Педро Акоста, го освои второто место, додека Алекс Маркез од тимот „Гресини“ заврши трет. Аи Огура заврши на четвртата позиција. До бодови на трката во Малезија стигнаа и Енеа Бастианини, Марко Бецеки, Лука Марини, Фабио ди Џанантонио, Бред Биндер, Франко Морбидели, Фабио Квартараро, Алекс Ринс, Франческо Бањаја, Маверик Вињалес и Икер Лекуона. Марк Маркез води во генералниот пласман со 399 поени, Мартин е втор со 355, а Бецеки е на третото место со 332. До крајот на сезоната во шампионатот Мото ГП остануваат уште три тркачки викенди, а следниот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Катар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураТеатарската претстава „Татко“ со две нови изведби во ЛабораториумПо октомвриската премиера, театарската претстава „Татко“, во режија на Нина Николиќ, повторно ќе биде изведена на 4 и 5 ноември 2026 година, во Културниот центар Лабораториум во Скопје. Претставата е во продукција на Перипетија продукција, а е реализирана според истоимената драма на Август Стриндберг, во современа адаптација на драматургот Тамара Барачков. Иако напишана пред повеќе од еден век, драмата на Стриндберг отвора прашања кои и денес се длабоко присутни во општеството. Во оваа сценска поставка, класичниот конфликт меѓу брачните партнери добива нова перспектива, преку која се преиспитуваат механизмите на моќ, контролата и психолошкото насилство во интимните односи, како и последиците што тие ги оставаат врз семејството. Современата адаптација на Тамара Барачков прави значајно поместување во однос на оригиналниот текст. Женскиот лик повеќе не настојува да ја докаже непресметливоста на сопругот, туку бара институционална помош и заштита од психолошкото насилство на кое е изложена. Со ова поместување, претставата ја напушта едноставната поделба на жртва и виновник и отвора простор за преиспитување на одговорноста на двајцата партнери, но и на општествените механизми кои овозможуваат насилството да остане непрепознаено или нормализирано. Во центарот на „Татко“ е семејство во кое долгогодишната недоверба, манипулацијата и потребата за контрола постепено прераснуваат во деструктивен однос. Претставата го истражува моментот во кој брачниот конфликт ја преминува границата на насилството, но го поставува и прашањето за неговите последици врз децата, кои неретко остануваат најранливите жртви на нарушените семејни односи. Во претставата играат Саша Ханџиќ, Амернис Нокшиќи, Тони Денковски, Бојан Кирковски и Ирена Димеска. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Оливер Јосифовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00