МакедонијаСо факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притворСо факели, петарди, огномет и музика, како на голема прослава, синоќа во скопски Чаир стотина лица го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби, откако му беше укинат куќниот притвор. Во друштво на пријатели и соработници, Груби се поздравуваше со присутните, додека се палеа факели и чадни бомби. Снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи. Одбраната на Груби , на кого му се суди за злоупотреби во „Лотарија“ во соопштение до јавноста се оградува за синоќешното славење во Чаир. -Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење, нагласува одбраната на Груби. Но, иако Груби од вчера може да се брани од слобода, обвинението против него останува. Од Кривичниот суд соопштија дека куќниот притвор му е укинат по сила на законот, по истекувањето на максималниот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот исто така не ја прифати ниту понудената гаранција од над 335 илјади евра за враќање на пасошот Груби е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој Обвинителството го товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението, со спорни одлуки и постапки поврзани со набавката на видеолотариски терминали, на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 9,7 милиони евра. Во предметот се обвинети вкупно осум лица, меѓу кои и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој по бегство од органите исто така се врати во Македонија. Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен, но и и натаму има забрана да го напушта Скопје, обврска да се јавува во судот и забрана за контакти со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банкаМинистерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ТехнологијаХакери повторно напаѓаат фрижидери – овојпат во ГрцијаМесарница во атинската населба Кифисија била цел на сајбер-напад, при што напаѓачите далечински ја презеле контролата врз системот за ладење.Според извештаите на грчките медиуми, тие ја поставиле температурата во фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Сопственикот на месарницата, Јоргос Бумпас, изјави дека вработените го забележале проблемот рано наутро, при доаѓањето на работа. Првично, тие се посомневале во дефект на опремата и повикале сервисер. Сепак, по извршената проверка, сервисерот утврдил дека всушност станува збор за сајбер-напад. Сопственикот подоцна појасни дека фрижидерите всушност не достигнале 150 степени. Таа вредност била само поставена во системот, додека реалната температура се искачила на околу 17 степени, пренесува грчкиот информативен портал „Зугла“. 📌 Υπόθεση κυβερνοεπίθεσης σε επαγγελματικά ψυγεία κρεοπωλείου στην Κηφισιά έρχεται να αναδείξει ένα φαινόμενο που προκαλεί έντονη ανησυχία τις τελευταίες εβδομάδες σε ολόκληρη την Ευρώπη, φέρνοντας για πρώτη φορά ανάλογο περιστατικό στο προσκήνιο στην Ελλάδα. 💻 Άγνωστοι απέκτησαν απομακρυσμένη πρόσβαση στο ψηφιακό σύστημα των επαγγελματικών ψυγείων και επιχείρησαν να ανεβάσουν τη θερμοκρασία στους 150°C. Οι δράστες «κλείδωσαν» το σύστημα, εμποδίζοντας τους υπαλλήλους να παρέμβουν χειροκίνητα. 🎥 @skaitv.gr #parapolitikagr #kifisia #cyberattack #hacker — Parapolitika (@parapolitika) November 3, 2026 Преземена контрола врз системот „Тие ги поставија фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Не можевме да интервенираме рачно бидејќи немавме пристап до системот“, рече Бумпас. Тој додаде дека на сервисерот му биле потребни околу два часа за повторно да воспостави контрола. Според сопственикот, сервисерот го информирал дека слични инциденти биле забележани и кај два други деловни објекти во околината. Бумпас напомена дека погодените објекти – вклучително и неговата месарница – ја користеле истата надворешна компанија за одржување и безбедност на нивните системи за ладење. Тој посочи дека постарите уреди за ладење, кои користат конвенционални мотори, не биле погодени од нападот. Цел биле исклучиво поновите модели опремени со можност за поврзување на безжична мрежа. По инцидентот, месарницата ја исклучила својата Wi-Fi врска, а сервисерот добил задача да пронајде трајно решение за обезбедување на системот. Слични напади веќе погодија продавници ширум Европа Ова не е прв ваков случај. Во октомври, хакери презедоа контрола врз системите за ладење во стотици француски супермаркети, што доведе до расипување на големи количини храна. На почетокот на ноември, слични инциденти беа пријавени во Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија и Финска. Во некои продавници, температурата била поставена дури на 50 степени. Современите системи за ладење често се поврзани со интернет, што овозможува нивно одржување и управување од далечина. Доколку хакерите ги искористат безбедносните пропусти, тие можат да ги променат поставките на уредите или да активираат функција за принудно одмрзнување, поради што уредите за ладење престануваат соодветно да ладат. Во Франција беа откриени пропусти во софтверот што се користи за управување со опремата за ладење, при што некои од погодените уреди користеле застарени верзии на програмата. Сè уште не е познато дали нападот врз месарницата во Атина е поврзан со претходните инциденти. Извор: Индекс.хрТагови: фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 15 степени Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, 10 Прилеп, Битола, Претор, Тетово, Зајчев Рид, Велес, Скопје Петровец, Охрид, 11 Кавадарци, Демир Капија, Штип, 12 Виница, Берово, 15 Струмица, 16 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 19 Ѓуриште, 12 Кавадарци, 9 Виница, Попова Шапка, Велес, 8 Битола, Крива Паланка, 7 Струмица, Берово, 6 Маврови Анови, Претор, Демир Капија, 5 Зајчев Рид, Штип, 4 Крушево, Тетово, Прилеп, Гевгелија, 3 Лазарополе, 2 Скопје Петровец, Охрид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook