Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси
1Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси
3ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување
КултураСо „Едвард II“ велешкиот театар гостува на Фестивалот на актерот во НикшиќАнсаблот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“, со претставата „Едвард II“ во режија на Андреј Жолдак според текст на Кристофер Марлоу, вечер ќе настапи на Фестивалот на актерот во Никшиќ, Црна Гора.На фестивалот во конкуренција за награда освен велешкиот, учествуваат и театрите ИТД од Загреб, Ателје 212 од Белград, копродукција на Српско народно позориште од Нови Сад со Град театар од Будва и Црногорско народно позориште од Подгорица. Претставата „Едвард II“ е копродукција, дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија, насловен „Манифест“. Премиерата беше лани на Охридско лето на 6 август. Во неа настапуваат актерите Борис Крстев, Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацески, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. На неодамна одржаниот фестивал МЕСС во Сараево, актерката Јована Миладинова, во конкуренција на седум претстави од 11 држави, за улогата во „Едвард II“, доби награда за најдобра млада актерка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интересиФилипче отворено покажува дека е подготвен да оди и чекор подалеку од својот претходник Заев кога станува збор за исполнување на бугарските барања.Додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче им објаснува на граѓаните дека нема причина за загриженост, затоа што за него националното предавството не е никаков проблем. Наместо да ги осуди ваквите бугарски позиции, тој ги релативизира и создава простор за нивно прифаќање. За Филипче нема црвени линии, нема национални позиции и нема државни интереси кои не би ги ставил на маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт. Истата матрица ја гледавме кај Заев, а денес Филипче ја нуди во уште порадикална форма. Очигледно е дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија. Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции. Граѓаните веќе еднаш ја платија цената на политиките на СДС и Заев. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволат истото сценарио повторно да се реализира преку Венко Филипче. Македонија нема потреба од политичари кои бараат власт преку национални отстапки, туку од лидери коишто знаат да кажат „не“ кога се загрозени македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПерински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршкаМинистерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација.На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот на локалните услуги. Беше отворено и прашањето за ажурирањето на базите на даночни обврзници, како еден од клучните процеси за зголемување на сопствените приходи на општините и обезбедување поодржливо локално финансирање. Посебен акцент беше ставен на алатките и механизмите што им стојат на располагање на општините за поефикасно планирање, управување и реализација на локалните политики и развојни проекти. „Директната комуникација со општините е најдобриот начин да ги препознаеме реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат. Ние направивме и системска проценка на потребите на општините, но и покрај тоа постојано сме вклучени преку директни средби. Редовно сме на терен и работиме заедно со локалните власти на изнаоѓање конкретни решенија. Ресурсниот центар е воспоставен да биде практична поддршка за општините и да им помогне поуспешно да ги извршуваат своите надлежности и да испорачуваат поквалитетни услуги за граѓаните“, изјави министерот Перински. Во рамки на средбата беше разговарано и за тековните и планираните инвестиции во општината. Преку двата јавни повика за финансирање на инфраструктурни проекти, за Општина Петровец се одобрени вкупно седум проекти во вредност од 100.727.775 денари. Градоначалникот Борче Митевски ја поздрави континуираната поддршка од Министерството за локална самоуправа и ја истакна важноста од постојаната комуникација меѓу централната и локалната власт. „За општините е од особено значење да имаат институционален партнер кој ги разбира нивните потреби и нуди конкретна поддршка. Проектите што ги реализираме со поддршка на Владата и Министерството придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, а Ресурсниот центар отвора дополнителни можности за унапредување на општинските капацитети“, истакна Митевски. Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините со цел непосредно согледување на локалните потреби и обезбедување навремена поддршка за нивниот развој.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашувањеПоранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДС беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ.По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните. Владата, и покрај наследената празна државна каса од СДС и последиците од глобалната криза, спроведува политики кои даваат конкретни резултати. Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана. Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата. Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%. Економските показатели го потврдуваат напредокот. Македонија бележи раст на БДП од 3% во 7 последователни квартали и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа. Овие резултати покажуваат дека економските политики на Владата носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за натамошно подобрување на животниот стандард. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook