Со едноминутно молчење ѕвездите на филмската индустрија и оддадоа почит на Украина - Канал 5

Со едноминутно молчење ѕвездите на филмската индустрија и оддадоа почит на Украина

Со едноминутно молчење ѕвездите на филмската индустрија и оддадоа почит на Украина и нејзините граѓани на 94-тото доделување на Оскарите во Лос Анџелес во неделата.

Со едноминутно молчење ѕвездите на филмската индустрија и оддадоа почит на Украина

Мила Кунис, која е родена во Украина, додека го претставуваше кандидатот за најдобра песна на годината и изведба, се осврна на страдањата во нејзината татковина.

„Неодамнешните глобални настани оставија многумина од нас да се чувствуваат вознемирени“, рече Кунис и додаде „сепак, кога ќе бидете сведоци на силата и достоинството на оние кои се соочуваат со такво уништување, невозможно е да не бидете трогнат од нивната издржливост.

Инаку филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ триумфираше на годинешните Оскари, со три номинации и освоени оскари во сите три категории. Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

Оскарот за најдобра женска споредна улога го доби Аријана де Боуз за улогата во римејкот на филмот „Приказна од западната страна“. Кај мажите во оваа категорија, Оскарот отиде во рацете на Трој Коцус за „Кода“ и тој е вториот актер со оштетен слух кој добива оскар.

За најдобра филмска песна е „Нема време за умирање“ на Били Ајлиш и ова е трета песна од фимовите за Џемс Бонд што освојува Оскар по Адел и Сем Смит, а од категоријата странски филм Оскар освои јапонскиот филм „Вози го мојот автомобил“.

Во главните категории, Оскарот за најдобра режија го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана во оваа категорија, а сега оскарот го освојува таа, наместо Спилберг за „Приказна од западната страна“.

За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на теми феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот ричард“.

Како најголем скандал на Оскарите беше кавгата помеѓу актерите Крис Рок и Вил Смит проследена со пцовки, од она што требаше да излезе шега, но за Вил Смит беше навреда Кога колегата се пошегува со неговата сопруга, зошто немаше коса, па стана и го удри на сцената.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

Маратонците денеска пристигнаа во Скопје, а утре ќе бидат во Крушево. Трчаа од Нова Градишка каде на 16. Октомври 2007 година загина нашиот Тоше Проески. 

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

„Нашите маратонци пристигнаа на граничниот премин Табановце и се упатија кон градскиот плоштад во Скопје каде што се очекува да пристигнат околу 19 часот.

Од таму преку детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче продолжуваат накај Крушево.

ЗА ТОШЕ!“, објавија на ФБ од Здружението на граѓани „Игри без граници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Славна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра

Сликата „Шарен живот“, познато дело на рускиот сликар Василиј Кандински, беше продадено на аукција вчера вечерта за речиси 32 милиони евра, објави лондонската куќа Кристи.

Славна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра

Познатото масло на платно висеше во музејот Ленбаххаус во Минхен со децении. Пред три години беше класифицирано како дело украдено од нацистите, па затоа беше вратено на наследниците на еврејското колекционерско семејство Левенштајн.

Кит Гил од аукциската куќа Кристи објави пред аукцијата дека сликата го покажува развојот на уметничкиот јазик на Кандински и најавува извонредна промена во стилот во годините што следеа, пишува dpa. Гил, исто така, нагласи дека делото е длабоко поврзано со културното наследство на родната Русија на Кандински.

Едно од клучните дела на неговото творештво

Сликата прикажува стари руски мотиви и ликови од бајките, а Кандински ја насликал за време на престојот во Париз под влијание на фовизмот, симболизмот и арт нувото. До ден-денес се смета за едно од клучните дела во неговото творештво.

Сликата била купена во 1927 година од страна на брачниот пар Левенштајн од Амстердам. По смртта на нејзиниот сопруг, Емануел Алберт Левенштајн, во 1930 година, неговата вдовица, Хедвиг Левенштајн Вајерман, го позајмила делото на Музејот Штеделајк.

Откако германските сили ја окупирале Холандија, делото било продадено на аукција во октомври 1940 година. Според „Кристи“, највисокиот понудувач во тоа време бил колекционерот Саломон Б. Слијпер. Неговото семејство ја продало сликата во 1972 година на Баварската државна банка, која ја предала на Музејот Ленбаххаус во 1973 година, пренесува ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавите во Истанбул не ги поштедија ниту историските објекти- под вода е позната џамија (ВИДЕО)

Силните дождови што го зафатија Истанбул вчера, а понекогаш и во текот на ноќта, предизвикаа поплави во истанбулскиот кварт Кагитане, каде што поток се излеа од своите корита поради ненадејно зголемување на нивото на водата.

Поплавите во Истанбул не ги поштедија ниту историските објекти- под вода е позната џамија (ВИДЕО)

Водата од потокот Кагитане се прошири кон областа Хасбахче, а дворот и внатрешноста на историската џамија Садабад, која се наоѓа во непосредна близина, беа поплавени.

Поплавата го зафати молитвениот простор на џамијата, додека водата го покри и долниот дел од амвонот. Работилницата за седеф во дворот на џамијата беше исто така поплавена, како и околните помошни згради.

Поплавени беа и некои од автомобилите паркирани пред џамијата.

Поради прелевањето на потокот, општинската полиција презеде безбедносни мерки во областа. Портите на дворот на џамијата беа затворени, а влезот и излезот од комплексот беа привремено забранети.

Обемот на поплавата беше снимен и на снимки од дрон, на кои се гледа како водата се излеала од коритото на потокот Кагитана и се проширила во околниот простор.

YouTube video

На снимката се гледаат поплавени делови од Хасбахче, како и вода што го зафатила дворот и внатрешноста на Садабад џамијата.

Садабад џамијата, позната и како Азизије џамија, се наоѓа во близина на Истанбул, а нејзината историја датира од 1722 година, кога е изградена за време на владеењето на султанот Ахмед III, во рамките на комплексот Садабад палата.

Оригиналната зграда била оштетена за време на востанието на Патрон Халил во 1730 година, по што била реновирана и повторно изградена неколку пати. Својот сегашен изглед го добила во 1862 и 1863 година, за време на владеењето на султанот Абдулазиз, според проектот на архитектите Саркис и Агоп Балјан.

За разлика од класичните отомански џамии, Садабад се издвојува по своите архитектонски решенија што ги комбинираат отоманската традиција и европските влијанија. Препознатлива е по својата камена фасада, дрвена купола и карактеристично минаре.

Џамијата е дел од историското наследство на населбата Кагитане, која била позната како место за одмор и забава за отоманската елита во текот на 18 век. По реставрацијата, таа беше повторно отворена за верниците во 1998 година.

Обилните дождови предизвикаа проблеми во овој дел од Истанбул, а прелевањето на потоците ја загрози и историската верска зграда и околната инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер