Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција
1Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција
3Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти
КултураСо двата распродадени новогодишни концерти Филхармонија ја заокружува годинатаМакедонската филхармонија годината ќе ја заокружи со двата новогодишни концерти кои се распродадени уште пред неколку недели. В сабота со почеток во 12 часот премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска. -Годината ќе ја испратиме со прекрасната музика од славните класични композитори и со сосема нова новогодишна бајка за деца – која е инспирирана од познатата бајка „Девојчето со кибритчиња“ од Ханс Кристијан Андерсен. Ова е приказна која не потсетува на среќата, на убавината и добрината, но и на тагата и на несреќата. Всушност, зборува за сите оние работи за кои треба да бидеме свесни, а особено за хуманоста – да помагаме, да бидеме благородни и доблесни. Пораката која овој новогодишен концерт ќе ја испрати до најмладите е дека во светот има деца и семејства кои се сиромашни, има деца коишто се гладни и боси, а на кои, секој од нас, колку што може и умее, треба да најде начин да им помогне, велат од Филхармонија. Во четврток (28 декември) со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт „Одбројуваме“ кој годинава ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија, а како солистка ќе настапи сопранистката Наде Талевска. На програмата се дела од Чајковски, Хименез, Пучини, Моцарт, Сен-Санс и безвременскиот Штраус. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакцијаПретседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026г. се одржува во Истанбул, Турција. Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието на РМ во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието. Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат претседатели на парламенти на земји членки на НАТО, како и шефови на парламентарните делегации во ПС на НАТО, се одржува во пресрет на Самитот на НАТО, што наредната недела ќе се одржи во Анкара, Турција. Воведно обраќање на Самитот имаше претседателот на Големото Народно Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, кој е и домаќин на Самитот на ПС на НАТО. Тој истакна дека се соочуваме со еден од најранливите периоди од безбедносен аспект, но потенцираше дека НАТО сојузниците остро ќе се спротивстават на агресорите и дека ќе го бранат секој метар од територијата на сојузниците. Претседателот Куртулмуш, во своето обраќање, ја реафирмираше поддршката на Украина, се осврна на состојбите на Блискиот Исток и го нагласи значењето на парламентите на земјите членки во јакнењето на НАТО. Пред присутните се обрати и претседателот на ПС на НАТО, Маркос Перестрело, кој изрази благодарност за ангажманот на Турција во ПС на НАТО и за одличната организација на Самитот. Тој потенцираше дека НАТО гради посилна и поотпорна Европа како основа за посилно трансатланско сојузништво. Воедно, изрази убедување дека НАТО сојузниците на Самитот во Анкара ќе демонстрираат подготвеност да ги реализираат обврските и заложбите што ги имаат преземени за посилно НАТО. Свое обраќање имаше и заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, која оцени дека безбедносните закани и инциденти кои изминатиов период беа успешно превенирани се доказ дека НАТО е силен и ја брани сопствената територија. Затоа, додаде таа, мора да се осигураме дека НАТО одбраната ќе остане силна. Таа изрази очекување на Самитот на НАТО во Анкара, Турција, сите сојузници да дојдат со реални планови за исполнување на обврската за пет проценти од БДП да бидат инвестирани во одбраната. Претседателот Гаши во своето обраќање истакна дека во денешниот свет, обележан со неизвесност, дезинформации и геополитички турбуленции, улогата на парламентите е поважна од кога било. Тој потенцираше дека Самитот во Анкара мора да испрати силна политичка порака: НАТО е обединет, трансатлантската врска останува силна, а членот 5 и понатаму е темелот на нашата колективна безбедност. „Светот брзо се менува. Затоа НАТО мора да остане не само силен, туку и агилен и подготвен за брза реакција, со стратешка визија и процеси на спроведување кои ќе одговараат на темпото и сложеноста на заканите со кои се соочуваме “, истакна претседателот Гаши и додаде дека Македонија е сојузничка членка на НАТО, лоцирана во стратешки чувствителен регион и затоа е од суштинско значење да продолжат инвестициите во Западен Балкан преку понатамошно проширување, продлабочување на партнерствата и зајакнување на иницијативите за безбедносна соработка. Претседателот нагласи дека Македонија продолжува да ја поддржува Украина, но додаде дека и случувањата на Блискиот Исток имаат значајни последици врз меѓународниот мир и безбедност, енергетските пазари и хуманитарните услови и затоа мора да продолжат дипломатските напори за деескалација и промовирање на дијалогот. Во своите обраќања, претседателите на парламентите и претставниците на парламентите на НАТО сојузниците ја реафирмираа нивната поддршка кон Украина. На свечениот ручек се обрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој истакна дека одржувањето на овој Самит на ПС на НАТО, особено во овие тешки безбедносни времиња, е симбол на соработката и сојузништвото.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
СветМачадо најави враќање во опустошената Венецуела: „Дојде време“ Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо објави дека наскоро ќе се врати во земјата за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси во кои загинаа повеќе од 1.450 луѓе.Добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, денес објави дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси, нагласувајќи дека нејзина должност е да биде со својот народ. Таа во интервју за Фокс њуз изјави дека „дојде време“ да се врати во земјата. „Моја должност е да бидам со мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнеме, да тагуваме и да тагуваме заедно“, рече Мачадо. Таа нагласи дека спасувањето човечки животи е апсолутен приоритет, како и обезбедувањето утеха и помош на сите погодени од последиците од земјотресот. „Ќе се вратам во Венецуела многу наскоро и ќе бидам заедно со венецуелскиот народ“, рече Мачадо. Мачадо, која се криеше од властите по спорните претседателски избори во 2024 година, ја напушти Венецуела во тајна операција во декември 2025 година. Венецуела беше погодена од два исклучително силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаМицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проектиОваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави: „Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Тука пред сѐ се оние тековни, како што Библиотеката во Тетово, Универзалната сала во Скопје, Турскиот театар, Џез салата и така натаму, сега да не ги редам еден по еден, тоа се многу проекти коишто се во фаза на реализација или ќе отпочнат со фаза на реализација. И очекувам дека овие средства ќе бидат доволни за да оваа година се засилат градежните активности на нови објекти и ако е потребно на крај на година, при таа конечна прераспределба, ќе додадеме и дополнително. Важно е да се трошат пари за капитални инвестиции, бидејќи тие создаваат додадена вредност и тие се тие кои што влијаат врз квалитетот на граѓаните. Да не се трошат за друг тип на трансфери или како што веќе споменав, наместо да се гради, да се краде. Така за жал имавме случаи во државата со децении во минатото.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09