Со два концерти вечерва завршува музичката програма на годинешното „Охридско лето“ - Канал 5

Со два концерти вечерва завршува музичката програма на годинешното „Охридско лето“

Со два концерти за претпоследниот ден на 37. фестивалско издание вечерва завршува музичката програма на годинешното „Охридско лето“.

Со два концерти вечерва завршува музичката програма на годинешното „Охридско лето“
Двата концерти ќе се одржат на сцената на катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 20:30, односно 22 часот.

Првиот термин од концертот е резервиран настапот на нашите уметници Блерим Груби и Марија Вршкова кои на вљубениците во класичната музика ќе и понудат вечер на роматнична музика за виола.

На програмата се дела на Шуман и Шуберт, избрани за виола и пијано.

Блерим Груби е дипломец на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде и магистрира во класата на проф. Љ. Господинов. Се усовршува на мајсторски курсеви кај познатиот виртуоз на виола Јуриј Башмет на Академијата „Чигана“ во Сиена. По завршувањето на студиите започнува да работи во Македонската филхармонија. Паралелно, тој континуирано ја развива и солистичката дејност, како рецитален и камерен уметник, земајќи учество во реномирани состави и настапувајќи на фестивали во земјите на поранешна Југославија, Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија и САД.

Блерим Груби бил водач на група виоли на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, работел со ансамблите „Купрен“, „Вивенди“ и гудачкото трио „Косова“, студиото „Бахус“, а како солист настапува со Македонската филхармонија, оркестарот Скопски солисти, Камерниот оркестар на М.Ф., Камерниот оркестар на РТС, Симфонискиот оркестар на Радио телевизија Тирана, Оркестарот на операта и балетот од Тирана, Камерниот оркестар „Приштина“, Косовската филхармонија... Актуелно е професор на Државниот универзитет во Тетово и на Приштинскиот универзитет.

Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена cum laude, во класата на проф. Т. Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието е добитник на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а нејзината најзначајна меѓународна награда е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствениот претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Покрај неколкуте снимени ЦД-а со истакнатите македонски уметници, Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010 година, таа го снима и своето прво солистичко ЦД со македонска музика за пијано. Како солист и камерен музичар настапува во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија, Америка, Србија, Австрија, Грција… Во моментот Марија Вршкова работи како доцент при ФМУ- Скопје.

Во вториот дел од концертот ќе настапат Искандар и Норман Виџаја, уметниците на виолина и пијано, додека за ритам секцијатае задолжен Ајкут Коселери.

Искандар Виџаја е роден во Берлин, започнува да учи виолина на четиригодишна возраст, а дипломира виолина на Универзитетот во Берлин во 2010 година. Соработува со некои од најпознатите диригенти и музичари на денешницата како Зубин Мехта, Кристоф Ешенбах, Роландо Вилазон, Фазил Сај и др., настапувајќи со престижни оркестри меѓу кои: оркестрите во Берлин, Минхенската филхармонија, оркестарот „Тонхале“ во Цирих, Варшавската филхармонија, Радио –симфонискиот оркестар во Виена, како и оркестрите во Франкфурт, Валенсија, Осло, Базел, Хонг Конг, Џакарта и др. Настапите го водат на пет континенти во концертните сали меѓу кои: „Концертхаус“ во Берлин, „Тонхале“ во Цирих, Филхармонијата во Луксембург, операта во Тел Авив и многу други. Во 2013 година Исканадар настапува на отворањето на Самитот АПЕК, а е претставник на Индонезија на Светскиот настан ЕКСПО во Милано во 2015 година.

Искандар Виџаја свири на виолина изработена од Жан-Баптист Вијом во 1875 година, а поседува и инструмент Страдивари од 1734 година, кој му е даден на користење од страна на реставраторот на виолини Флоријан Леонард.

Норман Виџаја е роден во музичко семејство, а неговиот талент дошол до израз кога на само 11 годишна возраст диригирал хорски концерт во чест на претседателот Сукарно во Џакарта (Индонезија). Студирал пијано, диригирање и композиција на Колеџот за музика во Берлин, а првиот ангажман го носи во Нирнберг каде во периодот од 1982 до 1990 година диригира преку 400 различни изведби. Диригентските ангажмани го носат во Шангај каде е гостин-диригент и шеф-диригент од 1990 до 1995 година, а во истиот период е диригент на јапонската опера „Метрополитен“ и го предводи Рускиот филхармониски оркестар на голема азиска турнеја. Во Европа, диригентската кариера го води во Берлин, Дрезден, Хановер, Визбаден, Олденбург, Бремен, Нирнберг, Москва и Верона, додека пак во Азија е активен со оркестрите во Пекинг, Шангај, Јокохама, Токио, Тајпеј и Хонг Конг. Од 2002 година е шеф-диригент на филхармонискиот оркестар „Сето“ и редовно настапува како пијанист во Азија и Европа. Од 2009 година Норман Виџаја е постојан гостин-диригент на Симфонискиот оркестар во Дубровник.

Ајкут Коселери е роден во 1985 година во Анкара каде дипломира на Универзитетот „Билкент“ во 2003 година, во класата на Ајдин Мечид. За време на студиите настапува со Младинскиот оркестар „Билкент“, а потоа и со Симфонискиот оркестар. Во 2004 година станува член на Анатолискиот младински оркестар, основан од страна на пијанистот и композитор Фазил Сај. Често настапува со повеќе европски оркестри во Германија, Франција, Швајцарија, Јапонија и Турција. Oд 2013 година е постојано вработен како перкусионист во Државната опера и балет во Самсун, а постојано е ангажиран во премиерните изведби на делата на Фазил Сај.

На програмата се авторски дела на Виџаја, како и на композиторите Ли Зили, Куи, Сај, Масне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречиле

Според извештајот на израелската телевизија Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и шефот на Мосад, Роман Гофман, планирале да извршат операција на иранска територија ноќта пред израелските избори. 

Нетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречиле

Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување.

Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот.

Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите.

Изборите се одржаа на 27 октомври, но блокот на Нетанјаху освои 53 од 120 места и во моментов нема мнозинство во Кнесетот.

Во посебен извештај се наведува дека началникот на Генералштабот, Ејал Замир, предупредил дека Иран може погрешно да ги протолкува потезите на Израел и да започне напад.

Канцеларијата на Нетанјаху: Ова се лаги

Израел Хајом објави дека Гофман го поддржал предлогот на Нетанјаху, додека Замир се спротивставил на него. Според весникот, операцијата би можела повторно да го разгори конфликтот со Иран, но нема да биде голема воена офанзива.

Кабинетот на Нетанјаху претходно ги отфрли извештаите за предизборен напад врз Иран како лажни.

Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема намера прво да го нападне Иран пред гласањето, но ќе одговори со сила во случај на ирански напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!

Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски.

Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите.

Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива.

Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста.

Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност.

Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации.

ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи.

Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса.

Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи.

Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат.

Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка.

ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата.

А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати.

Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки.

Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес.

ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет.

Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска.

Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата.

Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж.

Идентитетот е непознат

Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата.

Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата.

Историското значење на летот

CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23.

Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер