Со дронови низ шума се трага по телото на искасапениот новинар

Турската полиција во шумски предел во околината на Истанбул со дронови го бара телото на брутално убиениот новинар Џамал Кашоги.

Турските истражители го проширија денеска подрачјето на кое го бараат телото на убиениот новинар на ,,Вашингтон Пост” . Џамал Кашоги. Тој беше жив сечен на парчиња од Саудијци во кабинетот на конзулот на Саудиска Арабија во истанбул Измачувањето на новинарот траело седум минути во кои бил жив касапен , додека не му била дадена инекција за да го усмртат. Во кабинетот имало 15 мина убијци , а самото касапење го извршувал шефот на катедрата за форензика на Саудиска Арабија.

Турските истражители ја пребараа и куќата и автомобилите на конзулот , кој во понеделникот ја напушти Турција. Имотот околу куќата е пребаран и со дронови.

На ист начин сега се пребаруваат и две локации во близина на Истанбул и тоа Белградската шума и фарма во провинцијата Јалова. Одлуката да се прошири истрагата во шумско подрачје околу градот е заснована на нови снимки од безбедносните камери од 2 октомври , кога за последен пат е виден новинарот.

Не е познато што е најдено со истрагата на имотот на конзулот , каде бил измачуван новинарот , освен дека форензичарите излегоа со неколку кутии од таму.

Турските медиуми објавија нови снимки од безбедносни камери , на кои се појавува и човек близок до саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман , кој бил во конзулатот во време на бруталното убиство.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер