Со дронови е нападнат град во близина на Москва, погодена е станбена зграда (ВИДЕО) - Канал 5

Со дронови е нападнат град во близина на Москва, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)

Пожар избувна во Зеленоград, Московска област, откако Украина започна напад со беспилотни летала насочен кон рускиот главен град, објавија руските канали на Телеграм.

Со дронови е нападнат град во близина на Москва, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 21 украински дрон биле лансирани кон Москва. Собјанин додаде дека службите за итни случаи се на пат кон местото на соборените беспилотни летала, без да даде детали за обемот на штетата.

Руските канали на Телеграм објавија, повикувајќи се на жители, дека избувнал пожар во Зеленоград, сателитски град на 37 километри северозападно од Москва. Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа возила како горат во близина на станбена зграда. Нема непосредни информации за жртви или обемот на штетата.

Руси: Соборивме 93 беспилотни летала

На снимките од безбедносните камери споделени од рускиот канал на Телеграм, База, остатоците од беспилотно летало се чини дека ги погодија горните катови на станбена зграда во Зеленоград.

Привремени ограничувања се воведени на сите четири московски аеродроми поради тековните напади. Дојдовните летови биле пренасочени кон аеродромот Пулково во Санкт Петербург поради нападите. Сите ограничувања за летови беа укинати околу 4 часот наутро по локално време.

Руското Министерство за одбрана тврди дека вкупно 93 украински беспилотни летала се соборени во различни региони на земјата, вклучувајќи 19 над Московската област.

По месеци зголемени напади со руски беспилотни летала врз украинските градови, вклучувајќи го и Киев, се чини дека украинската војска ги засилила своите напори за таргетирање на рускиот главен град. Ноќните напади го означуваат четвртата ноќ по ред како рускиот главен град е цел. Московската област претрпе сличен напад претходната ноќ, кога украинската војска наводно лансирала 13 беспилотни летала кон Москва.

Фајненшл тајмс: Трамп го прашал Зеленски дали Украина е способна да ја нападне Москва

Киев ретко коментира за извештаите за напади со беспилотни летала во Русија, иако Украина редовно извршува напади врз воени и индустриски објекти на руска територија. Нападите врз Москва доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп му понуди на Кремљ 50 дена да склучи мировен договор или да се соочи со „строги царини“.

Пред да ја објави понудата, Трамп наводно го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на телефонски разговор дали Украина е способна да ја нападне Москва. Зеленски наводно одговорил дека таков напад би бил можен доколку САД го обезбедат потребното оружје.

Откако „Фајненшл тајмс“ (FT) ја објави сторијата, Трамп им рече на новинарите дека Зеленски не треба да ја таргетира Москва и дека САД немаат планови да ја снабдуваат Украина со ракети со долг дострел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? 

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер.

- 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка.

- Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола.

- ​Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки.

Пратеничка група на СДСМ

Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

-СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера.

Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер