3Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат
КултураСо доделување на наградите затворен МТФ „Војдан Чернодрински“Со доделување на наградите за најдобрите остварувања и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“ на Српско народно позориште од Нови Сад, синоќа во Прилеп беше спуштена завесата на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ).Статуетката на патронот на Фестивалот - Војдан Чернодрински ја понесе претставата на битолскиот театар „Мy name is Medeja“, која се закити со уште четири награди, Драмски театар од Скопје е добитник на пет награди, две доби Турски театар и по една прилепскиот народен театар и театарот за деца и младинци од Скопје. Наградата за најдобра претстава на директорот на битолскиот театар Иван Јерчиќ му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Според директорот на Битолскиот театар Јерчиќ, театарот може да живее само ако се актуелизира и се донесе во современ контекст. -Доколку проблемите што ги носат големите драмски дела, било да се од грчката класика, од римското време, Шекспир или руските класици, доколку умешно се адаптира во денешницата, само така театарот има смисла и е сега, овде жив, актуелен, поставува прашања и бара одговори, изјави Јерчиќ. За добитничката на наградата за главна женска улога, за улогата на Медеија во битолската претстава, Илина Чоревска, Медеја во претставата е актуелна, емигрантка е во странска земја која се носи со проблемите, тагите, радостите. -Медеја го има само насловот и сите референци што ги носи текстот на Еврипид, но оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми и токму поради тоа е големината на оваа претстава. Среќна сум што ја добив наградата која доаѓа во некои мои тешки животни периоди, рече Чоревска. Честитајќи им на наградените, уметничкиот директор на Фестивалот, Ана Стојаноска најави Фестивал секој ден, цела година во Прилеп кој заслужува да се нарече град-театар. Посебна е благодарноста кон публиката која осум дена неуморно ја следеше богатата фестивалска програма -Осум дена носевме срце полно со љубов за театарската уметност. Мене ми е важно да го препознаеме современиот театар да ги покажеме конкретните и коректните професионални релации, да го славиме театарот и, пред сѐ, нашата заедничка креативна работа. Затоа уште еднаш ќе ви се заблагодарам, драга публико, што бевте со нас овие осум денови. Мојата цел е Фестивалот да живее секој ден, цела година, порача Стојаноска. Во чест на наградените Српско драмско позориште од Нови сад ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски во режија на Александар Поповски со што беше затворен годинашниов 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан BBC: Фламинго револуцијата во Албанија расте! BBC: Фламинго револуцијата во Албанија расте!Илјадници луѓе бараат оставка од премиерот Еди Рама. Протестите што започнаа поради заштитата на фламингата прераснаа во масовно движење против владата на Еди Рама. Толпите на улиците пред канцеларијата на премиерот во Тирана сега скандираат слогани за училиштата, работните места и животниот стандард, додека бараат негова оставка. Розовите птици преселници станаа симбол на ноќните протести, додека се собираат во лагуната Нарта, заштитено подрачје во близина на Валона. Група меѓународни инвеститори, вклучувајќи го и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, планираат да изградат луксузен одморалиште, објавува Би-Би-Си. Конзерваторите тврдат дека предложениот луксузен комплекс би му наштетил на уникатниот див свет на Албанија, особено на популацијата на фламинга. Владата им додели на инвеститорите статус на „специјален инвеститор“. Иако градежна дозвола сè уште не постои, а владата тврди дека проценката на влијанието врз животната средина дури и не е започната, багери и огради веќе се забележани на локацијата. Мали локални протести поради потенцијалното влијание врз животната средина ескалираа во национално движење пред еден месец. „Јас сум тука за нашите училишта, болници и моето семејство...“ Во тоа време, на социјалните мрежи кружеа снимки на кои се гледа како приватно обезбедување тепа демонстрант - инцидент што го потврди и самиот премиер. Јавното негодување оттогаш се прошири, опфаќајќи пошироки загрижености за насоката на развојот на Албанија и начинот на кој се управува со земјата. „Тука сум за нашите училишта“, изјави за Би-би-си младата демонстрантка Хелена. „Тука сум за нашите болници, за нашата инфраструктура и за моето семејство, кое е во странство, но сакаше да биде овде. Пред сè, тука сум за себе, бидејќи сакам да останам во мојата земја и не сакам да заминам“, рече таа. Демонстрантите бараат итни подобрувања во албанските училишта, на пазарот на трудот и во животниот стандард. Еди Рама и неговата Социјалистичка партија се на власт веќе 13 години – период во кој Албанија значително се промени. Изгледот на главниот град, Тирана, е трансформиран со низа облакодери, главно проектирани од меѓународни архитекти. Среде попладневното затишје во неговата канцеларија, пред почетокот на ноќните протести, Рама ги опишува како знак на здраво, демократско општество. Сепак, неколку од неговите најблиски политички соработници - вклучувајќи го и поранешниот заменик-шериф и градоначалникот на Тирана - се најдоа под истрага од страна на албанското обвинителство за борба против корупцијата (СПАК). Кога беше прашан дали Албанците треба да бидат загрижени и за неговиот сопствен интегритет, Рама одговори: „Од првиот ден реков: сакам судство кое не гледа ниту лево ниту десно, туку право напред. Правда која не може да се купи, притисне или далечински да се контролира.“ Тој додаде дека ова претставува најголем придонес што Социјалистичката партија ќе го даде за земјата, „бидејќи ќе придонесе не само преку спроведување на реформи, туку и со ставање на сопствената кожа на коцка за оваа земја.“ Сепак, најмладиот пратеник во албанскиот парламент одлучи дека соработката со Социјалистичката партија повеќе не е опција.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34
МакедонијаСтојанче Ангелов бара голема претпазливост поради пожаритеВо текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор.Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор, додека голем пожар избувнал и во Општина Пробиштип, кој подоцна се проширил кон Општина Чешиново-Облешево, информира директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлиматските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот доматКлиматските промени нема треба да бидат причина да ги снема доматите, крставиците и другите култури кои се белег на македонскиот пазар и да се заменат со нови, објаснува професторот од Земјоделскиот факултет Ордан Чукалиев експерт за климатски промеЗа да се зачува земјоделството, но и да има добар принос мора да има вложување во нови технологии и нови сорти што ќе бидат многу поскапи. Затоа се потребни мерки и акција на терен не на хартија, бидејќи земјоделците се мали со ниска економска моќ, потенцира професорот. „Во исто време тие треба да вложат во опрема која ќе ги заштити од високите температири опрема што ќе ги оросува, ќе треба да инвестираат и во опрема за мраз. „Не верувам дека имаме време, затоа мислам дека мораме да дејстуваме што е можно со техничките мерки, бидејќи ако се скапи ќе бидат најбрзи. Она што е важно земјоделците да ги научат новите лекции, да добијат ново знаење, некогашниот земјоделски календар го сменија климатските промени, повеќе не важи и затоа има и големи штети. „Порано се знаело на крај на април се сее пченка, сите тие работи кои што ги врзуваме со дати сега има друга состојба со темпратурите. Значи календарот на важи и на земјодлеците треба да им се дадат нови знаење“, вели Чукалиев. Јунските високи температури донеса голем удар на европската економија во делот на работната сила и потрошувачката на енергија. Европа во иднина мора да направи инвестиции во делот на адаптацијата и инфрастурктурата со цел да се намалат загубите, велат економистите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter