3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
КултураСо доделување на наградите и омаж „Драмски за Конески", заврши 55. МТФ „Војдан Чернодрински"Со доделувањето на наградите на најдобрите и со омаж на првенците на Драмски театар за великанот Блаже Конески вечерва во Прилеп е затворен 55.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински".За најдобра е прогласена претставата на битолскиот театар „И коњите ги убиваат, зар не", во режија на Мартин Кочовски, кој ја понесе наградата за најдобра режија. Според режисерот Кочовски, и во тешки услови се креираше претставата, дури некако и созреала. Убеден е дека театарот ќе ги надмине тешките времиња и тоа набрзо. – На претставата почнавме пред корона-кризата, па работевме и во време на новонастаната состојба. Колку што беше лошо дека бевме изолирани, толку имаше и добро за претставата бидејќи ситуацијата додаде да актуелизираме некои работи. Убаво е да се добие награда на Фестивалот. Театарот ќе преживее, тој е дел од суштината на нашето општествено живеење. Мислам дека набрзо ќе се случи да се вратиме во нормалното, вообичаено, а не во некое ново нормално време, како што велат, рече Кочовски. Гоце Јованоски, од групата Фолтин, која доби награда за најдобра музика токму во претставата на битолскиот театар вели дека со режисерот вторпат добиваат фестивалска награда. – Посебно е чувството кога овде на Фестивалот ќе се добие награда. Ние работиме и така ќе биде и во наредниот период. Се надевам успешно на нова претстава, вели Јованоски. Иван Јерчиќ, директор на битолскиот театар вели дека успешно работат на претстави и не гледа причина зошто публиката да не се врати во салите побројна. – Не гледам причина зошто публиката да не биде во салите и 50 отсто кога сите влегуваат според протоколи, со сертификат дека се вакцинирани, со внимателност. Се надевам дека наскоро ќе се случи и да се наполнат салите и публиката да ужива во претставите, вели Јерчиќ. На годинашниов Фестивал, кој се одржуваше од 1 до 8 октомври публиката виде 12 претстави на професионалните македонски театри, промоции на книги и се одржа трибина за театарот во Ковид ситуација, проблеми и решенија од каде произлезе барањето публиката да се врати во салите побројна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаСДСМ: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во ГостиварВо Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени. Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август. Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста - шест дена порано. Како до вчера, 20 август, а денес нагло сè е во ред? И се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење. Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз. Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија. Пет недели граѓаните се изнаслушаа различни и контрадикторни информации од сите надлежни – од Мицкоски, Клековски, Ангелов.... Прво водата беше прогласена безбедна за употреба како техничка, потоа рекоа дека има бактерии. Пред прогласувањето на епидемијата исто така водата беше прогласена за исправна. А никогаш немаше ниту еден извештај, анализа, резултат. Граѓаните на Гостивар имаат право да знаат. Која институција направила анализа на водата и кои се резултатите? Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна? За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност. Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна. Бидете сериозни барем еднаш – објавете го документот. Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЃоковиќ се враќа во Синсинати!Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот 1000 во Синсинати по тригодишна пауза.Последниот пат кога популарниот Ноле беше во Охајо, тој ја освои титулата во онаа славна финална пресметка против Карлос Алкараз. „Со нетрпение очекувам да играм на овој турнир. Последен пат играв овде во 2023 година и инфраструктурата е значително подобрена. Одлична работа“, изјави Ѓоковиќ. Негов прв противник ќе биде Аргентинецот Тиаго Агустин Тиранте, 50-тиот играч во светот. Пред два дена, Тиранте го елиминираше домашниот претставник Јан Чоински, по тај-брејк во одлучувачкиот сет. Ова ќе биде нивната прва меѓусебна средба, и тоа на турнирот каде што сè започна за Новак. Токму во Синсинати тој го одигра својот прв меч на ова ниво, а оттогаш има освоено рекордни 40 титули на турнирите од серијата 1.000. Уште во 2005 година, тој загуби од Фернандо Гонзалез во првото коло, а 21 година подоцна влегува во главната жрепка како трикратен шампион. Новак триумфираше во 2018, 2020 и во споменатата 2023 година, кога спаси меч-топка против Алкараз, а потоа славеше по три часа и 49 минути игра – што и натаму претставува најдолго финале во историјата на АТП-турнејата кога станува збор за мечеви што се играат на два добиени сета. „Имав голема поддршка овде, од Чикаго и од Охајо. Српската заедница е навистина голема. Тоа е она што го паметам од финалињата во 2023 и 2018 година. На стадионот имаше многу српски знамиња. Беше навистина убаво“, изјави Новак.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЕвропскиот првак ПСЖ го доведе и светскиот шампион! Шпанскиот фудбалер Феран Торес е новото засилување на актуелниот европски и француски шампион, Пари Сен Жермен.Торес, кој неодамна го реши финалето на Светското првенство, потпиша договор со европскиот шампион до 2031 година и ќе го носи дресот со број 9. ПСЖ ѝ плати на Барселона фиксна сума од 50.000.000 евра, што претставува четврта најголема продажба во историјата на каталонскиот клуб. „Многу сум среќен што започнувам нова авантура во клуб со толку големи амбиции како Пари Сен Жермен. Сакам да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Хелаифи, на Луис Кампос и на тренерот Луис Енрике за можноста да му се придружам на тимот, на кој се надевам дека ќе му помогнам да освои што е можно повеќе трофеи“, изјави Торес. 🧐 Ferran Torres ya entrena con el PSG ¡con túnel de collejas de bienvenida! 👀 Entró al campo con Dembelé y se le vió junto a Fabián en el rondo pic.twitter.com/u54iIvtUzU — Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 15, 2026 Торес е член на Барса од 2022 година, кога пристигна од Манчестер Сити за 55 милиони. Тој помина две сезони меѓу „Граѓаните“, додека кариерата ја започна во Валенсија. Пред Торес, во Париз пристигнаа Магнес Аклиуш и Лука Дињ, а се очекува и доаѓањето на Мика Готс од Ајакс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook