Со ДКСК ќе раководи потпретседалката на комисија - Канал 5

Со ДКСК ќе раководи потпретседалката на комисија

На чело на ДКСК времено застанува заменик-претседателката Билјана Каракашова Шулев – откако на првата антикорупционерка Татјана Димитровска вчера Кривичниот суд и забрани да работи бидејќи е осомничена во предметот „Адитив“ .

Билјана Каракашова Шулев

На чело на ДКСК времено застанува заменик-претседателката Билјана Каракашова Шулев – откако на првата антикорупционерка Татјана Димитровска вчера кривичниот суд и забрани да работи бидејќи се најде меѓу осомничените во предметот „Адитив“. Од Антикорупциска за Канал 5 велат дека продолжуваат нормално со работата, а во однос на Димтриевска ќе се водат од принципот – презумпција на невиност.

-Додека не биде познат крајниот исход на постапката, ДКСК не може да заземе став по истото. ДКСК, во рамки на своите законски надлежности, продолжува да функционира редовно. - ДКСК.

Димитровска веќе втор ден е недостапна за комнетар околу случајот, во кој според обвинителството се сомничи дека, со умисла, преку својот службен телефон, преку „Viber“ и „WhatsApp“, му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“ и одлуки по истите, како и податоци за проверка на неговиот имот и семејство. Според информациите во медиумите, Димитровска тајните му ги оддавала на екс-директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ.

Дел од екс-антикорупционерите смеатат дека во вакви околности Димитровска треба да се повлече и на таков начин да овозможи непречена истрага, но и за да се заштити угледот на Комисијата.

-Ова е голема црна дамка врз ДКСК и нејзината работа, се губи кредибилитетот на самата институција кој беше тешко да се врати. Бидејќи обвинението е поврзано со нејзината функција, сметам дека има потреба од нејзино повлекување. После овој случај, сигурно ДКСК не може да продолжи да функционира нормално, ниту пак да има кредибилитет. Како тие ќе покренат било каква иницијатива или некој предлог против некого, кога тие самите се вмешани во корупција.Горан Трпеноски – Поранешен член на ДКСК.

Комуникацијата на Димитровска според обвинителството е откриена преку вештачење на телефоните на обвинетите во Адитив. Таа сега не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети. Инаку, судот на Димитровска и ги одзеде и пасошите – личниот и дипломатскиот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот ден на јогата се одбележа и во Скопје

Во сите земји во светот 12-та година по ред се организираат настани по повод Светскиот ден на јогата.

Светскиот ден на јогата се одбележа и во Скопје

Во Градскиот парк во Скопје денеска се организираше јога час каде со убава атмосфера и пријатна музика граѓаните го почнаа викендот со насмевка и јога вежби. Во Скопје пристигна и амбасадорот и претставник за Македонија од Индија, Арун Кумар Саху.

„Јогата не е само вежбање таа е и посебен момент кога се спојува телото и духовното“, објасни Саху. Учители по јога од Македонија со порака во време на стрес и заборавање на самиот себе, јогата е техника за мир кон себе и кон другите..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник намалување на цената на горивата, најави Мицкоски

Премиерот Мицкоски кој денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во Општина Карпош, изјави дека од понеделник ќе има сериозно поевтинување на горивата.. 

Од понеделник намалување на цената на горивата, најави Мицкоски

Тој очекува со финализација на мировните преговори меѓу САД и Иран цената на нафтата на берзите да се стабилзира , но дека тој процес како што изјави, ќе потрае.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жителите на Дебреше како во средниот век- се снаоѓаат за вода за основните потреби

Дебреше како во 18ти век, повеќе деценискиот проблем со недостатокот на на вода достигна критична точка.

Жителите на Дебреше како во средниот век- се снаоѓаат за вода за основните потреби

Дебреше како во 18ти век, повеќе деценискиот проблем со недостатокот на на вода достигна критична точка - се жалат жителите на гостиварското село кои вчера револтот го искажаа и на протест пред општината во Гостивар, каде симболично оставија празни кофи со вода.

Во еден момент состојбата ескалираше, кога присутните на протестот се обидоа да влезат во општинската зграда, а во турканицата со полицијата и тропањето на вратата беа искршени и стакла.

Изминативе три месеци водата е реткост, обично доаѓа неколку часа по полноќ, а сувите чешми се секојдневие, вели жител на Дебреше за Канал 5 - па ниту можат да се разладат на горештините, ниту соодветно да одржуваат хигиена, да се исперат или да измијат садови. Револтот велат расте и под итно бараат решение кое ќе ги врати во 21 век.

„Огромни проблеми, околу три месеци вода нема, ќе дојде навечер касно, во два наутро, час – два ќе има, потоа повторно нема. Последните три дена воопшто не е дојдена. Чекаме навечер, не спиеме, чекаме да дојде, а воопшто не иде, чекај, не спиеш, топли вода како пред 50 години да се избањаш, да се измиеш, седиме на горештините, не можеме да пуштиме вода да се изладиме, катастрофа сме, нема друг збор. Водата што е потребна за најосновното, не го можеме да го имаме тоа, немаме такви услови. И реков на директорката од ЈП Водовод - 21 век луѓе на Марс се качуваат, ние 21 век вода да немаме, срамота е.“

Во првите две недели од јули, проблемот ќе биде трајно решен – уверува градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Тој за Канал 5 вели дека проектот е веќе изготвен и дека им е презентиран на граѓаните

„Проектот е веќе направен за една нова водоводна линија за целиот град, затоа што не е само Дебреше, бидејќи има и градски насебли, повисоки, каде што има недостаток на вода, со која водоводна линија ќе се реши проблемот и на Дебреше, но и на сите овие други делови каде што има недостаток на вода, особено во летниот период. Вчера се случи што се случи, демократско право е, јас верувам дека некаде околу втора недела од јули, не само Дебреше, туку и другите делови кои имаат проблем во тек на летниот период, нема да го имаат.“

Новата линија за водоснабдување ќе доаѓа директно од С. Вруток, а очекувањата на општината се дека ќе ја подобри моменталната состојба за 50 проценти. Лимани воедно апелира на рационално користење на водата, особено во овој период кога градот традиционално се полни со иселениците кои доаѓаат во посети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер