Со денешното полагање заклетва, Петер Маѓар и официјално ја презема власта во Унгарија - Канал 5

Со денешното полагање заклетва, Петер Маѓар и официјално ја презема власта во Унгарија

Проевропскиот конзервативец Петер Маѓар положи заклетва како премиер пред унгарскиот Парламент, нешто помалку од еден месец по неговата убедлива победа на парламентарните избори против националистот Виктор Орбан.

Со денешното полагање заклетва, Петер Маѓар и официјално ја презема власта во Унгарија

По еуфоријата од победата, во која Унгарците танцуваа и пееја по улиците на Будимпешта, очекувањата се големи за човекот кој вети „промена на режимот“ за да се стави крај на корупцијата и нападите врз слободите што го обележаа 16-годишното владеење на Орбан.

Унгарија се соочува и со голем број економски предизвици, почнувајќи од стагнација на економијата и влошување на јавните услуги. Досега, Унгарците покажаа „големо трпение и добра волја кон новата влада“, изјави Андреа Вираг, директорка за стратегија во либералниот тинк-тенк „Република“. „Но, очекувањата се огромни и мора да се исполнат на краток рок“, изјави таа за АФП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болница

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори.

ВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болница

Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа установа.

Процесот ќе продолжи и во наредните месеци. Во септември се очекуваат уште 22 специјализанти, а потоа ќе продолжат постапките за 12 помошни медицински сестри и 25 административни работници, односно вкупно уште 59 нови вработувања.

Покрај зајакнувањето на кадарот, Одделот за урологија е реновиран и опремен со нова медицинска опрема, додека Кардиологијата е преместена во посоодветни простории, со што се подобруваат условите за пациентите и персоналот.

Клиничката болница во Тетово им служи на повеќе од 250 илјади жители на Полошкиот регион. За ВЛЕН, зајакнувањето на човечките капацитети, подобрувањето на условите и обезбедувањето поквалитетни здравствени услуги се дел од заложбите за пофункционален здравствен систем, поблизок до граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната

Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната

Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево.

Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче.

Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем.

Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа.

Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ прави акробации на море, се спореди со „Аквамен“ (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ сподели видео од морски акробации во кои изведува акробации на флајборд, уред кој користи моќни водни млазови за да „лета“ над површината на морето.

Ибрахимовиќ прави акробации на море, се спореди со „Аквамен“ (ВИДЕО)

Видеото го прикажува 44-годишниот Ибрахимовиќ како „лебди“ неколку метри над водата додека е држен во воздух од моќни млазови. Контролирањето на таков уред бара добра рамнотежа и контрола на телото, а поранешниот фудбалер покажа дека е сè уште во одлична физичка форма.

Во еден момент, тој нурна со главата напред во водата од флајбордот и накратко исчезна под површината. Не долго потоа, повторно се искачи во воздух, ги рашири рацете и позираше пред камерата.

Се спореди со Аквамен

Не му требаа многу зборови за да го опише снимката. Ибрахимовиќ накратко го напиша „Аквамен“ и на тој начин се спореди со познатиот суперхерој од светот на DC Comics кој е поврзан со океаните. Неговата објава брзо го привлече вниманието на следбениците, а многумина се потсмеваа на неговата позната самодоверба.

„Аквамен ги добил своите моќи од Златан“, „Златан не се плаши од океанот, океанот се плаши од него“, „Злаквамен“ и „Само Златан може да го направи ова“ се некои од пораките што ги оставиле неговите следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер