Со Бугати се обидел да влезе во лентата на БМВ и не поминал добро (ВИДЕО) - Канал 5

Со Бугати се обидел да влезе во лентата на БМВ и не поминал добро (ВИДЕО)

Иако станува збор за маневар кој често го гледаме, а во кој учествува и BMW, овој пат видеото не доаѓа од Америка, а не е ни од Источна Европа.

Со Бугати се обидел да влезе во лентата на БМВ и не поминал добро (ВИДЕО)

Напротив, настанот се случил на источниот брег на Кина, во регионот Џиангсу, една од технолошки и финансиски најразвиените области во Кина.

Меѓутоа, кога станува збор за култура во сообраќајот, тоа не значи ништо, освен што возниот парк на улиците низ градовите таму е импресивен. Затоа, не е реткост да се види Bugatti на патот, или затоа е исклучително тешко да се фати во некој невнимателен маневар што резултира со помали несреќи.

Токму ова го снимила надзорната камера од автомобилот. БМВ-то се движело по својата лента, но Бугатито се обидува да влезе во лентата пред него. Обидот со т.н туркање не помина добро бидејќи возачот на Бугати не сметал на природата што ги следи оние што возат БМВ. Шегата на страна, точниот виновник овде се уште не е познат , но е апсолутно сигурно дека поправката ќе биде пеколно скапа.

YouTube video

Тоа е Bugatti Veyron, па сè на него е страшно скапо. Треба да се има предвид дека ова е еден од двата модели произведени во верзијата Grand Sport Vitesse „L'Or Rouge“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“

Марта Кос, европски комесар за проширување, изјави дека Србија нема да може да напредува на европскиот пат доколку не воведе санкции кон Русија.

Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“

Вака Марта Кос одговори на прашањето дали за Србија ќе биде можно да влезе во ЕУ доколку не воведе санкции кон Русија.

„Нема да биде можно да напредува земја која не се усогласува со нас во однос на стратешките интереси – а тоа се, се разбира, надворешната и безбедносната политика, односно заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина. Ќе биде многу, многу тешко“, рече Кос.

Сепак, како што вели таа, ЕУ сè уште нема започнато разговори со новата Влада на Србија.

„Значи, прво тие треба да формираат нова влада, а потоа ќе видиме како и дали ќе можеме да продолжиме во оваа област“, ​​изјави Кос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Се потврдува сè што го говоревме.

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски - Александар Вучиќ.

Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје.

Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад.

Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија?

Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија.

Предупредувавме, еве почнува.

Сè што кажавме се потврдува.

Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија.

Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија.

Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.

Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа.

За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес.

Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија.

Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски.

Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе.

А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш.

Истрага. Одговорност.

Доаѓа време на вистина и правда.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 28.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер