Со арбитражата, Казандол ја изгуби и концесијата, рудникот нема да се отвори, вели Мицкоски - Канал 5

Со арбитражата, Казандол ја изгуби и концесијата, рудникот нема да се отвори, вели Мицкоски

Крајот на арбитражата не значи старт за рудникот „Казандол“, кажа Премиерот Христијан Мицкоски кој беше во увид на работите на новиот погон во кочански „Анфенол“. 

Со арбитражата, Казандол ја изгуби и концесијата, рудникот нема да се отвори, вели Мицкоски

Според Мицкоски, симтоматично е зошто арбитражните постапки во минатото како што кажа, се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет, а сега се добиваат.

-Не е точно дека после арбитражната постапка повторно ќе се отвори рудникот Казандол. Причина за да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на владата за формирање на рудникот Казандол. Сопствениците на инвестицијата почувствувале дека имаат изгубен профит, имаат штета и покренале арбитража против државата во вредност од 115 милиони евра, односно имале оштетно побарување од 115 милиони евра. И го изгубија. И тоа значи дека тие веќе немаат концесија. Така што не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот. Тоа е повторно конструкција и обид за манипулација од одредени кругови кои не и мислат добро на Македонија и граѓаните, изјави Мицкоски.

Ставот на опозициската СДСМ пак е дека тоа што државата е победник во арбитражниот спор со дел од инвеститорите е нивна заслуга. Оттаму сметаат дека незадоволството на граѓаните започнало пред 10 години, кога власта на ВМРО-ДПМНЕ првично ја дала концесијата за рудникот.

-ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници во 2017 година ги блокираа референдумите и се спротивставија на волјата на народот. Иницијативата да распише локален референдум во Валандово не беше поставена на дневен ред токму поради противење на тогашниот градоначалник Николче Чурлиновски и ВМРО-ДПМНЕ. По масовните протести во Валандово, Богданци и Дојран и јасно изразената волја на граѓаните преку локални референдуми, владата на СДСМ го раскина договорот за рудникот „Казандол“ во март 2018 година. Тогаш започна постапката со арбитража. Целиот процес е завршен од Владата на СДСМ само одлуката стигнува сега. Тоа е вистината. - СДСМ.

Покрај случајот „Казандол“, од Владата соопшија дека државата добила уште две арбитражи за „Саса“ и за „ГАМА“. Оттаму велат дека за 14 месеци се затворени три арбитражни предмети во корист на државата, кои заштедуваат потенцијални отштети од 565 милиони евра. Во моментов нема отворени нови меѓународни арбитражи, но постојат најави и опомени за уште најмалку четири потенцијални постапки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Пјонгјанг Ким Џонг Ун домаќин на кинескиот претседател Си Џинпинг

Кина и Северна Кореја го зајакнуваат својот сојуз.

Во Пјонгјанг Ким Џонг Ун домаќин на кинескиот претседател Си Џинпинг

Кинескиот претседател Си Џинпинг денес отпатува во Пјонгјанг во прва посета на Северна Кореја од 2019 година, објавија кинеските државни медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му приреди церемонијален пречек на кинескиот претседател на аеродромот во Пјонгјанг со воени почести и транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Да живее нераскинливото пријателство меѓу Северна Кореја и Кина“, јавува новинската агенција Синхуа.

Кинескиот лидер рече дека односите меѓу Кина и Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) се на нова историска почетна точка и се соочуваат со нови можности и предизвици за развој.

Истакнувајќи дека одржувањето, консолидирањето и развојот на односите меѓу Кина и Северна Кореја отсекогаш била непоколеблива политика на КПК и кинеската влада, Си рече дека Кина е подготвена да соработува со Северна Кореја за водење на билатералните односи и за одржување на односите меѓу Кина и Северна Кореја во чекор со предизвиците на времето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Битола: Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани

Општина Битола објавува јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.

О. Битола: Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани

Предмет на овој јавен повик е прибирање понуди од здруженија на граѓани (ЗГ) за обезбедување на следните услуги: логопедски услуги, психо-социјална поддршка, рехабилитациони услуги, едукативни семинари за родителство и грижа и обуки за правата на децата и лицата со попреченост.

Активностите се насочени кон подобрување на квалитетот на животот и социјалната вклученост на лицата со попреченост и нивните семејства.

Подобрување на општата социјална состојба на лицата со попреченост преку услуги обезбедени од здруженија на граѓани, во партнерство со Општина Битола.

Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 година согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година.

Документацијата се доставува во архива или по пошта во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србин убиен во Барселона- Напаѓачот му се приближил одзади и испукал неколку куршуми

Во пукотницата што се случи во Барселона, убиен е маж, за кого шпанските медиуми велат дека е од српска националност.

Србин убиен во Барселона- Напаѓачот му се приближил одзади и испукал неколку куршуми

Според порталот ElCaso.cat, пукотницата се случила во недела околу 21 часот во внатрешниот двор на зграда во населбата Зона Франко, кога маж облечен во црно испукал неколку куршуми во грбот на човекот.

И покрај напорите на соседите, медицинските работници и агентите на Мосос, кои брзо излегле на терен, човекот починал. Некое време, целата населба била блокирана, но напаѓачот не бил пронајден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер