Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожари
1Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожари
3Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
Други спортовиСо 17 каратисти Македонија ќе учествува на 48 Европски шампионат во БудимпештаКарате репрезентацијата на Македонија отпатува за Будимпешта, каде што ќе настапи на 48. Европско првенство за сениори.Годинава ова е најзначајното натпреварување во светското карате , на кое Македонија ќе ја претставуваат 17 -мина натпреварувачи, од кои 14 се во борби, а 3 во кати. Поединечно се очекува да настапат : -60 кг Емил Павлов -67 кг Тодор Ристески -75 кг Мартин Петрески -84 кг Берат Јакупи, +84 кг Мартин Несторовски. -50 кг Сара Радичевска -55 кг Теодора Бошкоска -61 кг Наташа Стефановска -68 кг Моника Стефановска +68 кг Драгана Тодорова. Покрај поединечните настапи, во екипна конкуренција во борби треба да настапат уште и Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Сашко Патраклиев и Симон Антиќ. Во дисциплината кати Македонија ќе ја претставува : Пуликсенија Јованоска -поединечно, а во екипно заедно со неа се уште и Марија Матракоска и Зорица Спиркоска. Каратистите ќе ги водат -Петар Белистојаноски, тренер на државната репрезентација во борби, Златко Димоски, тренер во кати, како и помошник тренерот во борби Арлинд Хусеини. На Европското првенство во Будимпешта се очекува да настапат најдобрите каратисти од над 45 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожариДенеска (07.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Одделението за превенција при СВР Скопје во Велес и Скопје реализираа превентивни активности на тема „Заштита од џебни кражби и измами“. На граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Исто така, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во Велес беа реализирани превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“, при што граѓаните беа информирани за постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Превентивна активност за заштита од измами денеска беше реализирана и на подрачје на Неготино. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес и ПС БПС Кочани, Штип и Пробиштип во Велес, Кочани, Штип и Пробиштип, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потенцирајќи им го на возачите ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, додека полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Валандово на подрачјата на Кавадарци и Валандово реализираа превентивни активности насочени кон мотоциклистите за важноста од носење заштитен шлем и потребата од безбедно учество во сообраќајот. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, СВР Велес, ПО Чашка и ОВР Берово во Скопје, Берово, како и во селата Иванковци, Мамутчево и Караслари, велешко и општина Чашка, денеска реализираа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои на граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема внимателност, поради опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период, особено кога извршуваат земјоделски работи. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНовата кинеска лимузина го собори рекордот: речиси 65.000 нарачки пристигнаа за само 30 часаНовата кинеска лимузина го собори рекордот, за само 30 часа пристигнати скоро 65.000 нарачки. Оваа импресивна бројка вклучува 40.000 „слепи“ резервации направени од купувачите од 12 јуни. Кинескиот автомобилски гигант BYD повторно го раздвижи пазарот, овојпат со лансирањето на својот нов водечки седан – моделот Seal 08. Претставен на 2 јули 2026 година, овој автомобил долг 5,15 метри не само што ги редефинира очекувањата во премиум-сегментот, туку тоа го прави и со почетна цена од само 196.900 јуани, односно околу 27.000 евра. Реакцијата на пазарот беше моментална и изненадувачка. Само триесет часа по официјалниот почеток на продажбата, компанијата прими околу 65.000 потврдени нарачки, што укажуваше на појава на нов пазарен феномен. Оваа импресивна бројка вклучува 40.000 „слепи“ резервации направени од купувачите уште од 12 јуни – без притоа да ја знаат конечната цена – како и дополнителни 25.000 нарачки пристигнати веднаш по објавувањето. Аналитичарите истакнуваат дека овие бројки имаат можна маргина на грешка од десет до петнаесет проценти, но и покрај тоа, обемот на интерес е неспорен. Се чини дека BYD пронашол формула што ги спојува врвната технологија, перформансите и материјалите со цена која до неодамна беше резервирана за автомобили со многу поскромна опременост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на средба со постојаната координаторка на ОН Рита КолумбијаЗаедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство. Во фокусот на разговорите беше потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за превенција, заштита на жртвите и ефикасно институционално постапување во случаите на родово базирано насилство. Претставниците на Обединетите нации ја поздравија посветеноста на Министерството за внатрешни работи и активностите што се преземаат во насока на зајакнување на системот за превенција и заштита на жртвите, како и напорите за поефикасно справување со овој сериозен општествен предизвик. На средбата беа разгледани и можностите за понатамошна поддршка од агенциите на Обединетите нации, преку развој на заеднички програми, реализација на обуки и дополнително јакнење на професионалните капацитети на полициските службеници. Посебен акцент беше ставен на значењето на едукацијата и подготовката на идните полициски службеници уште во рамките на Средното полициско училиште, со цел тие да стекнат современи знаења и практични вештини за препознавање, превенција и професионално постапување во случаи на родово базирано насилство. Министерството за внатрешни работи и Обединетите нации ја потврдија заедничката определба за продолжување и продлабочување на соработката, со цел изградба на поефикасен систем за заштита на жртвите и создавање побезбедно општество за сите граѓани.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook