Со 1,8 милиони денари Министерството за култура ќе го поддржи Вевчанскиот карневал - Канал 5

Со 1,8 милиони денари Министерството за култура ќе го поддржи Вевчанскиот карневал

Министерството за култура издвои 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал. 

Со 1,8 милиони денари Министерството за култура ќе го поддржи Вевчанскиот карневал

Договорот за финансирање на еден од најстарите европски и први карневали во државата денеска во Вевчани го потпишаа ресорната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоачалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски.

Изминатите две години Министерството за култура не додели финансиски средства за Вевчанскиот карневал, поради, како што појасни министерката, административни пречки.

- Кога се објавуваат резултатите од годишниот конкурс манифестацијата е веќе завршена и комисиите неможат да доделат финансиска помош за завршен проект. Токму затоа после таа случка разговаравме со градоначалникот дека ќе направиме посебен договор каде од една од ставките на Министерството за култура ќе се финансира сумата што и е потребна на Општината да го организира карневалот. По завршувањето на годинашниот карневал сметам дека треба да најдеме механизам за ова прашање да стане пракса и да нема прекин во финансирањето на Вевчанскиот карневал и поддршката од државата нема да изостанува, рече Костадиновска Стојчевска.

Министерството за култура, како што истакна министерката, ги препознава придобивките и останува доследен партнер на манифестацијата, но и на останати содржини кои го афирмираат Вевчани.

- Карневали има речиси во сите европски земји, но интересот за Вевчанскиот како облежје на овдешната култура и како туристичка атркација не стивнува. Вевчанци имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност, духовит и критичен однос кон општетсвените случувања, што од година в година се попривлечни и атрактивни за светските медиуми и гостите од регионот и од Европа, истакна Костадиновска Стојчевска.

Потсети дека вложуваат во едукацијата на младите за продолжување на традиција на фолкорната уметност на следните генерации, а го спомена и проектот „Василичарска епопеја“, првиот мурал кој го овековечи наследството на Вевчанскиот карневал.

- И оваа година ќе продолжиме да вложуваме во културата во Вевчани, како општина која е важен сегмент за нашата богата македонска изворна традиција и која се пренесува на новите генерации, подвлече ресорната министерка.

Градоначалникот Кочовски изрази благодарност за поддршката од Министерството нагласувајќи дека потребна е континуирана поддршка за една од најстарите карневалски манифестации.

- Општина Вевчани е најмалата Општина во државата, а можеби и во Европа. Едно населено место со 2.500 жители. Буџетот е ограничен, и секоја поддршка е добредојдена, се надевам ќе ги има во континитет. Вевчанскиот карневал вреди да биде поддржан и не само од Министерството за култура, очекуваме и многу спонзори, кои ќе го поддржат настанот, рече Кочовски.

Тој уште уште еднаш потсети дека карневалот, стар 14 века, е полн со хумор и сатира и оти не сакаат да навредат и повредат никој со содржините и маските, туку само ја отсликуваат состојбата во земјава и светот изминатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно на нишан?

Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Трамп повторно на нишан?

Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз.

Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите.

Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом.

Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп.

Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица.

Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала.

Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви.

Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормнто богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот.

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија.

Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор.

Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети.

Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград.

И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија.

Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони.

Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани?

Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар?

Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот?

Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети?

Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи?

Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка?

Нема недопирливи! Секој сомнеж мора да биде проверен, а секоја утврдена незаконитост да биде санкционирана.

ВМРО-ДПМНЕ бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер