Снопче: Резерви за веродостојноста на пописот, ги анализираме резултатите

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите.

Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации.

Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција.

Не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност. Не веродостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е светската банка и еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30% од граѓаните на Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении.

Плус уште една работа што сакаме да ја изнесеме при овој случај е дека постои една контрадикција меѓу изјавите на претседателот на заводот за статистика, г. Симовски после завршувањето на пописот со соопштените резултати. Имено веднаш после завршувањето на пописот тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 Септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеке што се запишани после крајниот рок кој што беше 30-ти Септември.

Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците

Осигурителна компанија треба да плати милионска сума по уривањето на мостот во Балтимор

Осигурителната компанија Chubb се подготвува да ѝ плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор во март, објави денеска Wall Street Journal (WSJ).

Весникот наведува дека исплатата на компензацијата се очекува да биде одобрена за неколку недели, пренесе Ројтерс.

Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте за уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурениците 4 милијарди долари, што е рекордна исплата за транспорт.

При уривањето на мостот во Балтимор шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот долг 2,4 километри, поради што се урнала целата структура.

Осигурителната компанија Чаб, заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите во несреќата, најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува WSJ.

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме

Навистина е големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија.

Честитки за градоначалникот навистина импресивно во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот.

По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.

Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.

Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред.

Сето ова ќе го испитаме по парламентарните избори и по формирањето на влада на ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, а мислејќи дека и имајќи во предвид дека Артан Груби не сака да одговори на јавноста ќе треба да одговара пред соодветните органи во Република Македонија.


За Велигден претежно сончево и потопло време

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи.

Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.

притисни ентер