Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
1Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
3Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
ЖивотСнобизам и насилна комуникација меѓу децата Девојче од прво одделение го тераат да покаже дали нејзините „џорданки“ се оригинал, а момче од шесто одделение го нарекуваат „сиромашно“ затоа што не носи брендирана облека!„Тоа не беше така во мое време“ реченица која често ја слушаме, а се однесува најчесто на периодот пред паметните телефони, пред брзиот безжичен интернет, пред Фејсбук, Инстаграм и останатите социјални мрежи. Значи, периодот од пред дваесет години кој денес делува како далечно минато. Кога се во прашање денешните деца, секојдневно сме запрепастени слушајќи работи кои звучат нереално за некогашното поимање на реалноста. На пример, пред некој ден, една другарка се пожали дека нејзиниот внук од брат кој е шесто одделение, децата на училиште го задевале дека е „сиромашен“. Жената беше зачудена, како што вели: „Детето живее нормално, има сè, ништо не му фали, можеби не му купуваат најскапа облека, но дете е, ја одраснува за неколку месеци, што ќе му е скапо и брендирано...“ Не долго после тоа, една друга пријателка ми кажува како нејзината ќерка која е прво одделение во едно основно училиште ја терале да ја подигне патиката за да покаже дали носи се оригинал „џорданки“. Не знам за вас, но јас не се сеќавам дека во прво одделение сум размислувала за патики, а камоли каква марка биле. Не се сеќавам ни дали сум размислувала за тоа во шесто одделение. Она што го знаевме, до осмо одделение, беше дека има „старки“, „скејтерки“ и „ер-макс“ патики, никому не му беше важно колку чинат, дали се оригинал и слично! Ја знаевме поделбата, бидејќи тоа горе-долу укажуваше на тоа кој каква музика слуша, па според тоа ги носи гореспоменатите модели, и тоа е се. Знаевме кои професии се ценети и важни, односно, чија мајка е лекар, или чиј татко е адвокат, стоматолог, професор, но во однос на дружењето, тоа не ни значеше многу. И токму тука се наметнува проблемот на општеството, но и на современото родителство. Што имаме денес? Еден куп новопечени мајки и татковци кои со телефоните во раце се снимаат во нивните дневни соби и заработуваат пари продавајќи магла, шминка и минлива убавина, без да вршат општестено корисна работа. Ги обезвреднуваат сите важни достигнувања и ги уништуваат темелите на здравото општество, ги уништуваат шаблоните кои создаваат работни навики, како станувањето рано наутро, пожртвуваноста, учењето, трпението. Покажуваат дека денес е важно да изгледаш добро, да имаш скап часовник, патики, јакна и дека не е важно дали сте прочитале книга, или сте гледале добар филм, или сте играле во паркот, дали сте возеле ролери или сте научиле некој нов збор на странски јазик. Затоа што во денешниот свет, ако имате камера, шминка и ги користите вистинските „филтри“ за обработка на фотографијата, ќе имате публика и ќе бидете сè. Поради тоа што вистинската професија нема вредност и што квази-професиите се ставени на пиедестал, децата ги напаѓаат наставниците, не ги почитуваат постарите лица, пцујат, навредуваат без размислување, малтретираат пријатели и не знаат за основна култура. Нивниот сон е да станат блогери, јутјубери, инфлуенсери... Сепак, се разбира дека во морето на сè и сешто има и квалитетни луѓе, но како што се случува во морето, на површината и во близина на брегот секогаш прво испливуваат највалканите и најлигавите слоеви, и ретко кој има волја, желба и сила да заплива малку подлабоко и подалеку. А, ако на детето не му се покажете дека покрај сета таа нечистотија постои и нешто чисто, тоа нема да ја знае разликата. Како може да знае дека, ако некој не носи брендирана облека, оти тоа не значи дека е сиромашен, или уште полошо, дека ако некој е сиромашен, е безвреден и дека треба да се избегнува и омаловажува. Ако децата се огледало на родителите, можеме да видиме какви луѓе станале денешните родители, што ги научиле и што ги учат своите деца, колку време одвојуваат за нив... За жал, најчесто сме сведоци на зафатени родители кои почесто се со своите телефони, отколку со своите деца, кои им купуваат безвредни скапи нешта како израз на нивната љубов кон нив, наместо да ги научат на основна култура и морални вредностиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМинистерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаиДвете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки. Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи. Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банкаНаместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка.Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката. „Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ. Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред. “Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци. „Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски. „Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБоб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфераПапата Лав го прими американскиот кантаутор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, во Апостолската палата во Ватикан.Папата Лав го прими американскиот кантаавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан – чии стихови претходно ги цитираше говорејќи за опасностите од нуклеарното оружје – во Апостолската палата во Ватикан. Според „Ватикан њуз“ (Vatican News), средбата била кратка и се одвивала во опуштена атмосфера. По поздравите и разговорот, Папата му подари бројаница на Дилан, додека американскиот музичар возврати со примерок од својата автобиографија, „Хроники: Том први“ (Chronicles: Volume One). Дилан пристигна во Ватикан облечен во црн дуксер со капуљача. Дилан моментално се наоѓа во Рим, каде што утре ќе одржи концерт во „Палацо дело Спорт“ (Palazzo dello Sport), како дел од есенскиот дел на неговата турнеја „Rough and Rowdy Ways“. Предвидени се настапи и во Милано и Болоња, при што на присутните строго им е забрането да снимаат со мобилни телефони. Во јули, папата Франциск цитираше стихови од Дилан во предговорот на книгата „Разоружани и разоружувачки: Мирот е дар“ (Disarmed and Disarming: Peace Is a Gift). Изданието е објавено од Издавачката куќа на Ватикан (LEV), а уредник е новинарот Алесандро Банфи. Во предговорот, Папата издвои стихови од песната на Дилан „Go Away You Bomb“ („Оди си, бомбо“), во која бомбата е опишана како производ на човечки раце. Тој ги искористи овие стихови за да предупреди на глобалната трка во вооружување и заканата што ја претставуваат нуклеарното оружје. Дилан ја напишал песната во 1963 година, во период на големи тензии за време на Студената војна. Таа никогаш не била официјално снимена или објавена на некој албум, а оригиналниот ракопис стана познат за јавноста дури во 2013 година. Ова не е прва средба на познатиот музичар со поглаварот на Католичката црква. Во 1997 година, Дилан настапи на 23-тиот Национален евхаристиски конгрес во Болоња, пред папата Јован Павле II и околу 300.000 млади луѓе.Тагови: папата Лав Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00