Снимката со ова братче и сестриче е нешто најубаво што ќе видите денеска (видео) - Канал 5

Снимката со ова братче и сестриче е нешто најубаво што ќе видите денеска (видео)

Видеото што стана вирално на Инстаграм и им се допадна на 367.000 корисници е она на кое се прикажани две малечки дечиња и нивната неизмерна љубов што ги поврзува.

Снимката со ова братче и сестриче е нешто најубаво што ќе видите денеска (видео)

Момчето е на возраст од околу 4-5 години, додека девојчето има само неколку месеци. Двете дечиња носат жолти пижами, бебето е будно, додека братчето сè уште цврсто спие.

Бебето спокојно со рачињата го допира братчето по грбот, тоа се буди, истиот момент се врти кон сестричката и ја прегрнува. Девојчето е сосема смирено во прегратката на постарото братче.

- Добро утро брат, може ли да те гушнам - пишува во описот на видеото.

- Љубовта помеѓу братот и сестрата е нешто што не се опишува со зборови –

-Најголемата заштита и љубов што ова мало девојче би можело да ги добие во животот -

- Никогаш нема да ја остави или повреди -

- Тукушто сфатив дека на моите момчиња им треба сестра -

- Еве зошто сакав да имам уште едно дете -

– Најубавото нешто што сум го видел на Инстаграм – се само дел од коментарите на социјалните мрежи под објавеното видео.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). 

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран со масовен воен одговор доколку, како што изјави, иранските власти се обидат да му извршат атентат.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

„Илјада ракети се натоварени и се насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш доколку иранската влада ја исполни својата закана да го убие или да се обиде да го убие сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, мене“, наведе Трамп во објава на мрежата „Truth Social“.

Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена „тотално да ги десеткува и уништи сите области на Иран“.

Трамп вчера изјави дека оставил упатства за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што го нарече планови за негово елиминирање и рече дека во тој случај, Техеран ќе биде пречекан со одговор „каков што никогаш порано не видел“.

Во интервју за Њујорк пост, Трамп рече дека наводно е цел на Иран долго време.

Трамп вчера, исто така, изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што тој го нарече планови за негово елиминирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

Фејсбук објава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

„Почитувани земјоделци,

Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.

Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот.

Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството.

Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство.“- стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер