Снимката од 13-годишниот Роналдо во хумористична детска емисија стана хит (ВИДЕО)

Пронајдено е вистинско богатство, настапот на тогаш 13-годишниот Кристијано Роналдо во култната португалска детска серија „Лекција на Тонекас“.

Омилената хумористична серија од 90-тите години имала авантури во основно училиште, а главни ликови биле професорот и Тонекас, паметен, но мрзлив ученик, кого наставникот се обидува да го научи нешто.

Ученикот во основно училиште го играл славниот актер Луис Алелуја, тогаш над 35 годишен.

Токму тој бил одговорен за пронаоѓање и објавување на снимката, која веднаш стана вирална. Алелуја на времето препознал анонимно дете, а денес еден од најпознатите луѓе на светот.

Тој видеото го објавил на Инстаграм, а на него го открил и Нелсон Переира, денес тренерски голман на Спортинг Лисабон. Токму овој клуб е одговорен за Роналдо кој глуми на часовите на Тонекас.

Во една епизода од серијата од 1998 година, учениците ги глумат играчите од младинската школа на Спортинг, вклучувајќи го и 13-годишниот Роналдо, кој дошол во Лисабон само една година порано од неговиот роден остров Мадеира.

Снимката има шармантна патина од 90-тите години, како и смешни обиди на младите фудбалери, вклучувајќи го и Роналдо, поради што стана голем хит во Португалија веднаш по објавувањето.

Турчин пред ќерката на улица ја претепува својата поранешна сопруга (ВИДЕО)

Турчинот кој ја претепал својата поранешна сопруга среде улица, како што може да се види на видеото на социјалните мрежи, е приведен, објави денеска државната новинска агенција Анадолу.

Нападот се случил вчера вечерта во северниот град Самсун.

Видеото направено од блиската куќа ја прикажува жената како лежи на земја додека мажот ја удира неколку пати по главата, телото и лицето. Нивната 5-годишна ќерка стои покрај нејзината мајка и плаче.

Жителите повикале брза помош и жената не претрпела повреди опасни по животот. Осомничениот е приведен истата вечер.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Директорот за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Твитер објави дека случајот внимателно ќе се следи, а женските организации бараат строго спроведување на законите што ги штитат жените.

Според тие организации, најмалку 300 жени биле убиени од мажи минатата година во Турција. Во половина од случаите, убиецот бил партнерот.

СДСМ: На Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба

Губитникот Христијан Мицкоски ја предводеше својата ВМРО-ДПМНЕ во шест порази на сите изборни соочувања со граѓаните во последните четири години.

Очигледно после сите порази на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотелја во Белиот дворец.

Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори.

Ова покажува дека Мицкоски се уште функционира по методите на неговиот ментор Груевски, кој 11 години со нарачани анкети манипулираше со јавното мислење.

Од друга страна граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести и работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Скандал во Бундестагот: Пратеник од власта правел профит од заштитни маски

Никола Либел, член на Бундестагот од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска најави оставка и напуштање на политиката.

Либел се повлече откако било откриено дека неговата приватна компанија остварила профит од трговијата со маски на почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Критиките денеска пристигнале од опозициските партии, но и од неговите сопартијци, бидејќи било откриено дека неговата приватна компанија заработила 250.000 евра од трговија со заштитни маски на самиот почеток на пандемијата, објави АП.

притисни ентер