Снимката на Даниел кого полицијата го фрла на земја го обиколи светот, сега почина (ВИДЕО) - Канал 5

Снимката на Даниел кого полицијата го фрла на земја го обиколи светот, сега почина (ВИДЕО)

Еден маж почина откако бил фрлен на земја од полицаец за време на карантинот поради коронавирус во Мелбурн, Австралија.

Снимката на Даниел кого полицијата го фрла на земја го обиколи светот, сега почина (ВИДЕО)

Апсењето на Даниел Питерсон Инглиш стана светска вест откако видеото стана вирално на кое се гледа како полицаецот Бо Барет го зграпчува и брутално го фрла на земја во септември 2021 година, објави Дејли Меил.

Видеото, кое во тоа време стана вирално на социјалните мрежи низ целиот свет, го прикажува Барет како му се приближува на Даниел одзади пред да го фрли на земја.

Наредникот Барет е обвинет за небрежно повредување и напад поради инцидентот, што се случи истиот ден кога се одржа протест против карантинот во централниот деловен округ на градот. Сепак, случајот подоцна беше отфрлен.

Три и пол години по овој инцидент со полицијата, мајката на Даниел, Маргарет, објави дека нејзиниот син починал. Причината за смртта не е откриена.

Таа рече дека нејзиниот син Даниел, 32, починал на 15 март.

Маргарет го опиша својот син како „кревок млад човек кој бил целосно злоупотребен од државата“.

Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ на фестивалот „Скопско лето“

 Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер ќе настапи ансамблот за нова музика „Алтус НЗ“ со концерт  во Салонот 19’19. 

Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ на фестивалот „Скопско лето“

Како што информира ансамблот, нивниот концерт е дел од мала турнеја на која се претставиле со дела од композиторите Дарија Андовска, Михајло Трандафиловски, Панде Шахов, Томислав Зографски, Филип Иванов, како и со светската премиера на делото „Свадбениот танц на Влаина планина” од Ангел Спироски и со изведбата на „Dérive 1“ од композиторот Пјер Булез во чест на 100-годишнината од неговото раѓање.

Во ансамблот „Алтус НЗ“ членуваат музичари кои претходно биле дел од ансамблите „Алеа“ и „КонТемпора“: Паскал Галоа - уметнички раководител и диригент; Гонца Богоромова Краповски - сопран; Елена Стојческа - флејта; Игор Иванов - кларинет; Ромен Петио - гитара; Мартин Димитров - виолина; Александар Лаовски - виола; Паскал Краповски - виолончело и Маријана Николовска - пијано.

Како што велат, нивна цел е афирмација на современата музика на домашната и на меѓународната сцена.

-Тоа резултираше со оформување на ансамблот „Алтус НЗ“ како актуелен наследник на работата на претходните ансамбли. Со своето основање во 2021 година, ансамблот постави платформа за меѓународна соработка помеѓу исклучителни уметници - љубители на современата музика, меѓу кои и Французи, а сето тоа со едноставна премиса: да се понуди висок изведувачки квалитет, мобилност и флексибилност на концертниот подиум, како и вмрежување на изведувачи, композитори, универзитети и институции за култура и образование, охрабрувајќи ги да преземат создавање на нов, предизвикувачки репертоар, наведува „Алтус НЗ“.

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед.

-Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува Сојузот на средношколци.

Има двајца кандидати за претседателската функција: Виктор Јакимов - ученик од средното приватно училиште „НОВА“ во Скопје, кој оваа година завршил втора година средно, и Иво Маркиќ – ученик од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ - Скопје, кој во јуни завршил прва година средно образование.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

 Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на неутрален терен во унгарскиот град Сомбатели во својот прв натпревар на европската сцена по пауза од седум години.

По седумгодишна пауза во европските купови се враќа и најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ла Фиорита од Сан Марино.

Реванш натпреварите се закажани за идниот четврток.

Македонскиот првак Шкендија во вторникот одигра без голови против велшки ТНС на гостински терен во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони, пред реваншот идниот вторник на Aрената во Скопје.

притисни ентер